Што според вас е статусен симбол и/или класа, а што комплекси и/или кич?

Член од
16 јули 2021
Мислења
2.082
Поени од реакции
3.784
Во денешно време каде што има судир на култури, вредности (биле тоа индивидуални и/или колективни) и со многу тролови и енергетски вампири на интернет, веќе е тешко да се различи каква облека, предмети и однесување зрачат класа и статусен симбол, а какви зрачат комплекси и кич?
Мислењето ќе си го кажам подоцна, сега овој пост е само интро на темата.
Како викаат, ако во една соба има 10 луѓе во костум и еден во маичка, тој во маичката е главниот, а ако има 10 во маичка и 1 во костум, тој во костумот е главниот.
1790076435527.png1790076461694.png1790076691739.png

П.С. Земени се сликите за пример, да не ја разводнуваме темата со теории на заговор и масони поради Зукерберг.
 
За мене, статусен симбол е почитта стекната од тоа каков човек сум. Не сакам да се плашат од мене, ниту да сонуваат да станат како мене или да паѓаат во несвест подари мојата надворешност. Статусен симбол е да можеш да си дозволиш приватност, простор и слобода, право да кажеш „Не“, право на свој став, право да бидеш каде и со кого сакаш без чувство на вина или страв од последици. Линијата до каде смеат да ми газат е мојот статусен симбол.
 
Ова е одлично, но можеби ова би го нарекол добро поставени граници. Се од ова секој од нас може да си го дозволи, повеќето луѓе ги спречува мозокот да не го направат, но не би рекол е поврзано со класа или со кичерајство и комплексарство.
 
Едноставно е, тој што има и држи некаков статус, воопшто не бара одобрување од другите за тоа што го прави, како се однесува или како е облечен. Нему не му треба потврда од другите за да знае колку вреди.

Најсељачки и тотален кич ми е кога главната цел на некој му е да носи чанти, маички и парчиња со огромни логоа, само за да нацрта на себе дека носи некако бренд. Уште потрагикомично е кога се оди до таа крајност да се носат фејк работи и копии, само за да се одржи некоја лажна слика во јавноста. Тоа не е статус, тоа е чист комплекс и потреба да го импресионираш комшилукот или социјалните мрежи.

Класата и елеганцијата се познаваат по човекот, по неговиот став, култура и карактер, а не по тоа кој бренд му пишува на етикетата. Облеката треба да го истакне човекот, а не брендот да му биде замена за карактер.

Значи страшно ме нервира кога луѓето сами се фалат и се креваат во облаци. Не треба ти сам да си делиш комплименти и да се фалиш, треба твоите дела и однесување да бидат такви што другите самите ќе те пофалат. Се друго е само празно дување и евтин перформанс. Театар.
 
Облеката треба да го истакне човекот, а не брендот да му биде замена за карактер.
Точно ова и ми е целта, облеката и аксесоарите го истакнуваат карактерот, но еднаш во насока, си имаш класа и знаеш како треба, друг пат во насока, чадат комплексите од тебе. Одлично кажано, додавам само дека тоа работи во двете насоки.
На пример, без да навредам некој, но се вртеше тој муабет тука, не може да имаш златен заб и/или големо нокте на малиот прст и да имаш класа, у најмала рака кичот е твојата игра :D Додај и некоја дреч маица или маица со лого келвин клајн или хуго бос ко билборд на цела маица, и сликата веќе сама се слика. За мене исто многу има врска дали човекот има соодветни обувки на облеката, особено ако облеката е отмена или е бизнис/бизнис кежуал. Еве на пример, однапред предвидување, новиот ајфон на преклоп ќе утепа со продажба во МК, зашто? Затоа што тој ќе се разпознава, додека другите ајфони не се разпознаваат од обичните смартфони. Многу комплекс ќе се покаже преку тој телефон, се разбира у комбо со други фактори, не самиот телефон.
 
Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама ова што го опиша се баш комплекси.

Ајфон е еден од најлошите мобилни телефони на планетава Земја, ама луѓе што патат од комплекси го купуваат БРЕНДОТ, а телефонот по функционалност е многу слаб у споредба со Самсунг, на пример. Нешто као: Мора да имам Ајфон, сите имаат.

Дали зборуваме за стил на облекување и она што би рекле имаш вкус. Оти има многу богаташи на Земјава што имаат статус богаташ, ама немаат некој стил на облекување, па и однесување. Додека од друга страна имаш снобови што носат само брендови и се со дигнат нос до небо, ама сепак не се богаташи они, туку нивните родители.

Еве на пример, пред некое време Најк (Nike) им падна вредност на акциите за 80% и веќе не се мегу 100 највредни компании у светот.

А сите фураа Најк едно време, познатите AirMax и Џорданки. Ја како Европеец поише поштујем Адидас.
 
Што да те сфатам погрешно, повеќето работи што ги опишав се за комплекси лечење.
 
Класата и кичот се две различни страни на иста паричка, у основа се прикрива неавтентичност. Од друга страна, иако @YoucancallmeV се огради од теории на заговор уште одма, целиот свет со модата е до гуша у тоа. Појди од тоа кој е Лесли Векснер на пример.
 
Има многу народни изреки за ова, нели.
Не го суди човекот според облеката.
Или, не е важно што има на глава туку у глава.
Почитување добиваат тие што бараат, а не тие што заслужуваат. Итн...
 
Да, така е, кичот и класата се, на пример во мои очи, брендирана маичка со мало лого, без бои да припадне епилептичар, со некој ненападен но добар саат се класа за мене, додај тука некој голем прстен, ланец изваден и смени ја маичката со маичка од истата фирма ама со билборд лого на неа, и веќе кичот проработел. Пак, во мои очи. Некогаш less is more. И да, без овој оној пере мозок, кажете си според вас, не сакам и оваа тема да иде у таа насока ко повеќето. Знаеме дека модата е сепак тренд и следење на некој, но сакам интерпретација на луѓето тука, не оној масон носи џорданки пример па сите носат.
Автоматски споено мислење:

Има многу народни изреки за ова, нели.
Не го суди човекот според облеката.
Или, не е важно што има на глава туку у глава.
Почитување добиваат тие што бараат, а не тие што заслужуваат. Итн...
Има, ама има и изреки у стил наведната глава сабја не ја сече, нешто на кое што сум алергичен. Плус и тие се застарени, друго било облека тогаш друго сега. Иначе да, пробувам да се тренирам, ако треба да запознаам некого, да не дозволам првичното мислење да ми го дефинира човекот, да останам со отворен ум, но тоа е друга тема веќе.
 
Јас би рекол дека не е толку до брендот колку до пригодата. Така да не ваља се ова што опиша ти, ланци и тракатанци и џорданки итн...

Џорданки се спортски патики и освен за спортување се носат и за кежуал секојдневие, ама не ваља да идеш у диско, кафич или слично у нив.

Брендираната облека, апарати и слично е преценета работа. Треба да си будала или да трошиш туѓи пари па да не ти е гајле што коштаат толку многу, а сепак се само преценети.

Едно време актуелни ми беа скејтерски патики и скејтерски брендови за облека, за коишто мора да кажам дека не вредат толку за парите имајќи предвид дека ако возиш скејт ке ги искинеш, т.е. излижеш од шмирглата на скејтот многу бргу.
Ама сепак ги рекламираат светски скејтери, коишто се СПОНЗОРИРАНИ и кршат глава и нозе за да фатат спонзор, а ним тие патики им се за едно облакање.

Човек сепак треба да има малку поприземјен став во врска со сето ова што го гледаме на ТВ и НЕТ како "Статусен симбол","Кул", "класа" и други синоними.
 
Дадениот збор да се почитува, тоа ми е статусен симбол.
И човек да е уважуван од околината а притоа да не е тоа уважување последица на која функција или работна позиција има и колку е финансиски тежок.

Ама знам за некои кои се почитувани само поради статусот во општеството или поради работната позиција на работа. Е таквите ми се одбивни, ама тие и не се толку виновни повеќе за мене се виновни оние ,, лигушите " од поданици кои им се наведнуваат на моќниците.
А сето тоа ми изгледа очајно и јадно.
Што би кажал Матија Губец од ,, Сељачка буна" - Хрватскиот роман: ,, Господата благородници ви изгледаат високи и недопирливи затоа што им клечите, станете и исправете се и тогаш господата благодарници нема да ви изгледаат високи и недопирливи".
 
Јас би рекол дека не е толку до брендот колку до пригодата. Така да не ваља се ова што опиша ти, ланци и тракатанци и џорданки итн...

Џорданки се спортски патики и освен за спортување се носат и за кежуал секојдневие, ама не ваља да идеш у диско, кафич или слично у нив.

Брендираната облека, апарати и слично е преценета работа. Треба да си будала или да трошиш туѓи пари па да не ти е гајле што коштаат толку многу, а сепак се само преценети.

Едно време актуелни ми беа скејтерски патики и скејтерски брендови за облека, за коишто мора да кажам дека не вредат толку за парите имајќи предвид дека ако возиш скејт ке ги искинеш, т.е. излижеш од шмирглата на скејтот многу бргу.
Ама сепак ги рекламираат светски скејтери, коишто се СПОНЗОРИРАНИ и кршат глава и нозе за да фатат спонзор, а ним тие патики им се за едно облакање.

Човек сепак треба да има малку поприземјен став во врска со сето ова што го гледаме на ТВ и НЕТ како "Статусен симбол","Кул", "класа" и други синоними.
Ама пак, не се разбираме, или не се изразувам добро. Прво, се апстрахирам од идоли и компании и реклами, сакам човечка секојдневна интерпретација.
Второ, јас не плукам бренд, ете ти директен пример. Поло маичка, бренд, со ненападлив ама добар часовник, стил. Истата маичка, часовник кромид, по можност на него да пишува Roleks (п.с. за буквалисти, намерно е пишано така, за да се знае дека е чкарт ролексот), изваден ланец или откопчано копче да се гледа ланецот, кич. Обична маица келвин клаин, со ненападно лого, најмала рака неутрално, ако на човекот му иде на целиот аутфит, стил. Исто маица келвин клајн, три дреч бои на неа, лого низ цела маица, кич.
 
Можеби не се разбираме оти упорно набројуваме брендови. И оригиналните келвин клајн и поло ги прават у Кина и ги купуваат овде на кило, па некој плаќа 6 пути повеќе за да ги купи како бренд. Има луѓе без никакви логоа и слични глупости, од типот, абе брат кошулава е поскапа од колата твоја или слични уфурани коментари, а се почитувани и цените како човек.

Почитувањето кон некого не е поради облеката, туку поради неговото однесување.
 
Статусни симболи за мене накратко. Да се будиш кога сакаш без аларм, да си го пиеш на раат кафето сабајле без брзање, да работиш сам за себе да немаш шефови директори итн, да живееш во куќа и населба со океј комшии без урлање галама, да имаш фит тело и да се храниш здраво, да имаш големо семејство со повеќе деца, да имаш своја бавча каде што си произведуваш своја органска храна, да не гледаш цени при пазарење на она што те бендисува да не ти прави разлика, да патуваш кога и каде сакаш а не да чекаш 10-15 годишен одмор
 
Back
На врв Bottom