Да споделам искуство, на некој може ќе му се најде.
Во петокот се оперирав, тонзилектомија, во 8 Септември. Ласерски, со целосна анестезија. Операцијата помина во најдобар ред, се било супер во сала (јас не се сеќавам, нормално). Кога ме разбудија од анестезијата имав огромна болка во грлото, но од анестезијата повторно заспав и кога се разбудив, вечерта, веќе не чувствував никаква болка. Еве и денес, трет ден по операција, болка немам (освен кога голтам, што е нормално). Уште сум во болница, мислам дека најрано што би можеле да ме пуштат е вторник, ама ќе видиме. Грлото е целото бело, мене ми изгледа ужасно, тие сите викаат дека е супер. После операција само течности - јас пијам само ладен чај, ладна вода, сок од јаболко и млеко ладно. Пробав и процедена супа, ама ме тера на кашлање, така што, од супата толку. Од денес смеам и кашеста храна: пудинг од ванила, павлака, сладолед... Ќе видиме подоцна како ќе го поднесам тоа. Не можам да голтам, што е сосем нормално (плус мене ми е исечена и увулата половина, зашто имав папилома на неа, што уште повеќе ми го отежнува голтањето). Гласот ми е многу изменет и говорот е отежнат, јазикот ми беше отечен, ама сега е ОК. Ама се е ова подносливо. Најнеподнослива е досадата. Едвај чекам да ме пуштат. Викендов на цело одделение сме само 4 пациенти. Повеќе сестри и доктори од пациенти има.
Инаку, морам да ја пофалам и докторката, Васе Стојческа, која ме оперираше - таква посветеност, таква грижа за пациентите, трпеливост и мирна рака, ретко се наоѓа кај нас. А и цел колектив - и доктори и сестри на ОРЛ во 8 Септември - буквално немам ни една единствена замерка. Уствари имам, една - чистотата на одделението, ама сепак тоа е до техничкиот персонал, не до докторите и сестрите. Искрено - многу позитивно изненаден од грижата за пациентите тука. Алал нека им е, на сите!
Е сега, чекаме отпусно писмо. Се надевам дека ќе биде вторник, па ќе видиме.