... Европското првенство во одбојка 2026 година, репрезентациите на Србија и Естонија моментално играат во „Нокиа Арена“ во Тампере, Финска, 2:1 и третиот сет наизменично поени, де едните де другите, 12:10,
...ќе искоментирам, дека каде каде женската одбојка покажа поголем квалитет, без промашување на сервис, борбеност на терен, добар прием, сериозна одбрана со двојни троен блок, како и силни смечеви и од втора линија, овие маживе, кобајаги посилен пол, многу килави се покажаа, секоја втора серва или во мрежа или аут, недозволиво цело магаре од два метри играч на крај на сетот кога треба да се освои од сервис, ќе ја дупнат мрежата сервирајќи , скоро секоја топка на прием им е носена, блокот не е добар споен и често блокот ја фаќаат накриво топката во паѓање поради предвремен отскок на мрежа, буквално многу лигаво играње како за машка одбојка каде треба да се види сила, силен смеч и сервис.
...одвај победи Србија со 3:1, следно ќе играат со Финска!
Можеби, како гледачи и љубители на одбојка, ќе ви биде интересна оваа вест. На трибините на натпреварите на Бугарија во Софија за време на Европското првенство за маже, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Бугарија и Северна Македонија, беше забележана српската одбојкарка Александра Узелац (веројатно една од најдобрите одбојкарки во Европа во моментов) како официјален гостин, како и Дерја Чебеџиоглу, одбојкарка од Турција. Таа е една од најдобрите играчки во моментов. Двете одбојкарки се во Софија за да ги поддржат своите дечки – бугарските одбојкари Симеон Николов и Денислав Бардаров (исто така меѓу најдобрите и најперспективните одбојкари во Европа во моментов). На фотографиите, Александра Узелац носи маичка на репрезентацијата на Бугарија. Ова се случи набргу откако се дозна дека уште една многу силна играчка на српската репрезентација – Хена Куртагиќ – е во врска со поголемиот брат на Симеон Николов, Александар Николов – можеби еден од најсилните одбојкари во светот во моментов. Ова е прекрасна вест за иднината на европската одбојка и за добрите односи на Балканот. За забава, ако сите овие извонредни одбојкари добијат деца, нема шанси генот за одбојка да не им се пренесе и ним.
Зошто оваа порака е тука? Каква разлика прави тоа каков сум јас?Дали некого навредив со мојот коментар? Мислев дека оваа тема е за дискусија за најинтересните случувања во светот на одбојката, а во моментов сите вести се за Европското првенство во одбојка за маже. Забележав дека погоре во темава имаше доста информации за женската репрезентација на Србија. Имаше и информации за Хена Куртагиќ и Александра Узелац, како и за Дериjа па решив да ги споделам најсочните вести за нив. Го видов емотиконот со намрштено лице и сакав да знам дали сум некого навредил со таа информација.
Можеби, како гледачи и љубители на одбојка, ќе ви биде интересна оваа вест. На трибините на натпреварите на Бугарија во Софија за време на Европското првенство за маже, вклучувајќи го и натпреварот меѓу Бугарија и Северна Македонија, беше забележана српската одбојкарка Александра Узелац (веројатно една од најдобрите одбојкарки во Европа во моментов) како официјален гостин, како и Дерја Чебеџиоглу, одбојкарка од Турција. Таа е една од најдобрите играчки во моментов. Двете одбојкарки се во Софија за да ги поддржат своите дечки – бугарските одбојкари Симеон Николов и Денислав Бардаров (исто така меѓу најдобрите и најперспективните одбојкари во Европа во моментов). На фотографиите, Александра Узелац носи маичка на репрезентацијата на Бугарија. Ова се случи набргу откако се дозна дека уште една многу силна играчка на српската репрезентација – Хена Куртагиќ – е во врска со поголемиот брат на Симеон Николов, Александар Николов – можеби еден од најсилните одбојкари во светот во моментов. Ова е прекрасна вест за иднината на европската одбојка и за добрите односи на Балканот. За забава, ако сите овие извонредни одбојкари добијат деца, нема шанси генот за одбојка да не им се пренесе и ним. Прегледај го приврзокот 487026
Далеку е сонцето, ова се моментално во врска, а дури да стигнат до бракови и деца имаат уште долги години.
Не се ниту први а ниту последни парови од светот на одбојката да се во врска а да се распаднат врските.
Нека им е со среќа и се најубаво, ама јас сум реален.
Не сите спортисти / спортистки сакаат деца во рана фаза од кариера од најплодните и најуспешните години од кариерата, споменатите 3 одбојкарки се во најдобрите години за одбојката и прашање е дали ќе планираат деца во таа фаза од кариерата.
Милена Рашиќ во 2021 година се прости од репрезентација на Србија за да има семејство и да роди дете, ама таа беше тогаш на 31/32 години, а можеше уште да пружи за Србија, овој губиток уште е ненадоместлив за репрезентацијата на Србија.
А трите одбојкарки се на возраст од 22 до 24 години.
А до подоцнежната фаза од кариерата дамите одбојкарки можат да имаат и други партнери за брак.
Ова им се само играчки.

Дури и сите да се венчаат и имаат деца, во што е големата работа што чувствуваш потреба да ги пишуваш овие негирања? Убави и популарни млади луѓе – сите тие се иднината на европската одбојка. Постојат многу семејства составени помегу Бугари, Срби и Турци, и тоа се многу народи кои меѓусебно се почитуваат. Знам доста убави српски жени омажени за Бугари, и обратно – бугарски жени омажени за Срби. Исто така и со турци. Слични сме по менталитет, култура и јазик.

Реалност напишав а не буквално негирање.
Напишав нека им е со среќа ама нема кој да прочита.
Има многу врски во различни спортови помеѓу спортистите ама не секоја врска оди до успешен крај т.е до брак.
Јаник Синер ја замени Ана Калинскаја во светот на тенисот, не успеа врската помеѓу Станислав Вавринка и Дона Векиќ, пропадна бракот помеѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер.
Има и уште многу други примери од светот на спортот за пропаднати врски или бракови.
А за сличноста во менталитет, култура и јазик, тоа е индивидуално размислување и доживување на тие работи.
Не мислат сите дека е така за тоа околу сличностите.
... Европското првенство во одбојка 2026 година, репрезентациите на Србија и Естонија моментално играат во „Нокиа Арена“ во Тампере, Финска, 2:1 и третиот сет наизменично поени, де едните де другите, 12:10,
...ќе искоментирам, дека каде каде женската одбојка покажа поголем квалитет, без промашување на сервис, борбеност на терен, добар прием, сериозна одбрана со двојни троен блок, како и силни смечеви и од втора линија, овие маживе, кобајаги посилен пол, многу килави се покажаа, секоја втора серва или во мрежа или аут, недозволиво цело магаре од два метри играч на крај на сетот кога треба да се освои од сервис, ќе ја дупнат мрежата сервирајќи , скоро секоја топка на прием им е носена, блокот не е добар споен и често блокот ја фаќаат накриво топката во паѓање поради предвремен отскок на мрежа, буквално многу лигаво играње како за машка одбојка каде треба да се види сила, силен смеч и сервис.
...одвај победи Србија со 3:1, следно ќе играат со Финска!
Тереза Мелиса Варгас а и онаа Каракурт ( не играше на ова ЕП) овие двете се како мажи и на изглед а и по физикалиите на телото.
Така да, покрај нив двете имаш превисоки очекувања од машките одбојкари.
Ова со ,, килави мажи'' кое го имаш напишано ме потсети на еден мој пријател, човекот оперирал кила во болница и едната од медицинските сестри на шега и кажала на една од чистачките/ болничарки ,, абе кај го најде овој килав никаков да одиш со него'' - дека во тоа време пред операцијата пријателот одел во врска со таа болничарката, не се веќе во врска, човекот видел дека таа болничарка ептен промискуитетна и одела во исто време со повеќе мажи, од екипата е која се пердаши со рамковните сограѓани за пари.
Баш ме насмеа со ова за килавите мажи.
Рано е, има 4 репрезентации кои отскокнуваат со квалитетот во однос на останатите 20 репрезентации а тие 4 репрезентации главни кандидати за титулата и за трите медали се: Полска, Италија, Словенија и Франција.
Кога ќе дојде да играат тие меѓусебно е тогаш ќе дојде до израз врвната одбојка која ја очекуваш.
Италија и Словенија се во иста група и ете од групната фаза тоа ќе биде најквалитетниот натпревар.
Дерби натпревар помеѓу двете соседни држави.
Денес очекувам Словенија полесно да помине против Шведска, синоќа се намачија со Словачка во првиот сет.
@Kambek @bijons @dido1302
И останатите членови од форумот ако имате линкови за преноси од одбојка молам пуштете линкови или овде или во приватна порака на мене.
Арена Српските канали денес само ќе пренесуваат само 1 натпревар Србија : Холандија од 16: 00 а веројатно и Македонските премиум канали тој натпревар ќе го пренесуваат.
Денес ќе биде супер ден со преноси од одбојката и ќе има добри и резултатски натпревари.
Еве распоред на преноси, и моја прогноза за победниците болдирани и резултатот во сетови - во заграда.
15:00 Арена М 1 премиум : Македонија : Португалија ( 1 : 3)
16: 00 Арена М2 премиум: Грција: Шведска ( 3 : 1)
18: 00 Арена М2 премиум : Полска : Бугарија ( 3 : 0 )
19: 00 Арена Спорт 1 : Франција : Германија ( 3 : 2)
21: 00 Арена Спорт 1 : Чешка : Италија ( 0 : 3)

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.