Нема промена на генерација во Франција?
Не ги рачунам толку сериозно нив ко порано.
Нашиве нека ја победат Португалија и да ги избегнат последните или последното место. Тоа што ЕП се прошири на 24 репрезентации отвори место редовни да бидеме на собиров. Како и во фудбалот , така и за ова првенство Грузија ја тепавме
Полската одбојкарска репрезентација со две убедливи победи го започна Европското првенство, очекувајќи го денешниот трет натпревар и тоа против Македонија. Интересно, во таборот на бранителот на титулата веќе посакуваат посериозен отпор од противниците, особено по триумфот над Израел со 3:0, и...
sportsport.mk
На Полска им е здодевно со слаби репрезентации да играат.
Има промена на генерација во Франција, ама пак ги ставам по квалитет пред Бугарија.
Впрочем вчера Бугарија изгуби 3-2 од Украина, ете ги колку им е дометот и можностите на Бугарија со репрезентација од среден ранг како Украина.
Имаа поволен ждреб и сплет на околности на последното СП и затоа стигнаа до финалето.
Имаа тие пред 20 години добри играчи и резултати во одбојката, се обидуваат ама има поквалитетни репрезентации од Бугарија.
Но сега се по квалитет зад 4 репрезентации кои ги спомнав а тоа се : Полска, Италија, Словенија и Франција.
Ќе биде чудо и сензација ако ниту една од овие 4 репрезентации не освои титулата на ова првенство, за мене дури ќе биде и изненадување ако и трите освојувачи на медалите не бидат од овие 4 репрезентации.
Погодив за женското ЕП дека Турција и Италија се далеку по квалитет од останатите репрезентации и пишав 51-49 предност за Турција во евентуално финале и така и испадна, Турција освои.
Голема е разликата во квалитетот на овие 4 машки репрезентации со останатите 20 на турнирот.
Србија и Белгија се за нијанса подобри од Бугарија и Украина, повремено се солидни Германија, Чешка и Турција. Финска поради домаќинството а и солидните игри во Европската лига се фаворизира од медиумите.
Останатите се да пополнат број на репрезентации.
Македонија во 4 коло игра со Португалија и во 5 коло со Израел и потребни се 2 победи за 4 место и пласман во елиминациона рунда, ама Португалија воопшто не е лесен противник за Македонија.
На Македонија и треба ремонт и смена на одредени играчи поради годините а и слабо се трудат на теренот ( може и толку им е квалитетот и можностите).
Ама немаме база за правење квалитетни играчи, немаме таленти, нема интерес да се тренира одбојката а и во многу градови нема каде да се игра и тренира овој спорт.
И малку сме како население и мал е за црпење потенцијалниот ,, базен '' на млади и квалитетни играчи.
Не сум сигурен дека баш секое ЕП ќе се пласираме, немаме многу млади играчи а старите играчи ќе се повлечат еден ден.