Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Што е тоа тунитис ?
Ја по цели денови слушам музика и тоа гласна.
На раб и дома со звучници ама у меѓувреме цело време имам слушалки.
 
Правев крвна слика денеска и железото ми е 3ка и прв пат во живот ми е толку ниско. Е сега јас имам хроничен гастритис и си направив филм дека можеби имам внатрешно крварење некое или некој чир.. и многу сум исплашена. Во вторник закажав во Гастротоп преглед
Хемоглобинот колку е?
 
Не е тачно, можеби обилна менструација
 
Што е тоа тунитис ?
Ја по цели денови слушам музика и тоа гласна.
На раб и дома со звучници ама у меѓувреме цело време имам слушалки.

Тинитус е,не е тунитис :lolzz:
Инаку тоа е стално зуење во ушите
Обично кога е мн мирно,или кога ќе легнеш да спиеш се осеќа ко притисок во глава и уши..т.е настанува зуење
 
Веќе некој период имам проблем со десното уво, ме заболува на моменти, зуеење. Деновиве почна и грло да ме гребе, бев кај матичниот ми рече дека не ми е црвено грлото, закажав на ОРЛ ама дури на 22ри сум. Дури имам и главоболка од десната страна позади кај тилот, и со вратот имам проблем, а ми е никната и 8цата и таму ме заболува непцето. Можно ли е да е од забот?
... мое мислење, според тоа што си напишала, дека треба да направиш панорамска снимка (ортопантомограм), со оглед на тоа што имаш болки во непцето, увото, главата и вратот и екстремно ниското железо (кое може да биде уште повеќе намалено поради воспалителен процес), со панорамската снимка за да се види што точно се случува под непцето со твојот 8-ца заб, често умниците немаат доволно простор за да излезат нормално, па растат „накриво“ и удираат директно во коренот на соседниот заб (7-ката), ова прави огромен притисок врз нервите кои водат до увото и главата. ( го нема одамна @GavolRulz да даде стручно мислење).

... Панорамската снимка на забите, ќе покаже дали околу забот кој никнува се развила инфекција или воспаление во коската токму таквото долготрајно и скриено воспаление може да биде причината за падот на железо, ако забот е во ред, тогаш со сигурно прегледот на ОРЛ е следно, со тоа што го држиме за збор матичниот што кажал дека грлото не било црвено!

... чудно што не спомнуваш никаков оток!
 
Хемоглобинот колку е?
118 а опсег е од 112-173
Автоматски споено мислење:

Направив снимка и бев денеска на забар и ќе треба да се вади затоа што е расипан и живецот е уствари воспален затоа и болки имам…
Зар железото има врска со воспалителен процес?! Исто и седиментацијата ми е покачено 20ка другото е океј од крвната слика
 
Attachments

  • IMG_7998.jpeg
    IMG_7998.jpeg
    174,3 KB · Прегледи: 9
Правев крвна слика денеска и железото ми е 3ка и прв пат во живот ми е толку ниско. Е сега јас имам хроничен гастритис и си направив филм дека можеби имам внатрешно крварење некое или некој чир.. и многу сум исплашена. Во вторник закажав во Гастротоп преглед

Хелирано железо, (bisglycinate) заедно со витамин ц (натриум аскорбат) и метилкобаламин на почетокот на оброци би требало да ти го реши проблемот.
 
... според рендген снимкава коренска структура изгледа целосна кај 8 ката со стабилна густина не ќе да е тоа проблемот, оти нема изразени големи темни кругови кои би укажувале на хроничен апсцес или длабока коскена инфекција, круната на умникот 8 ка крајно лев заб на снимката е навалена накај 7 ката и го притиска самиот заб со корен, се забележува спојување на сенките што може да е кариес или ресорпција (топење) на коренот на седмицата.

... иако коренот на самиот умник највероватно не е расипан, забот сепак е во патолошка (неправилна) позиција, доколку овој притисок продолжи, постои голем ризик да се оштети и неповратно да се расипе коренот на здравиот седми заб, кој е многу поважен за џвакањето отколку 8 ката и затоа највероватно оралниот хирург решил да ти го извади.
...при воспаление се зголемува вредноста на седиментацијата, а и серумското железо паѓа.
 
118 а опсег е од 112-173
Автоматски споено мислење:

Направив снимка и бев денеска на забар и ќе треба да се вади затоа што е расипан и живецот е уствари воспален затоа и болки имам…
Зар железото има врска со воспалителен процес?! Исто и седиментацијата ми е покачено 20ка другото е океј од крвната слика
Ок е хгб за жена, граничен.

Како што кажа и Бијонс, многу веријатно сего ова да е поврзано со забот. Среди го забот, па после можеш да испиташ и феритин, па тек дури тогаш да се види дали има потреба од терапија со железо.
 
Феритинот ми е 13 а од 10-120 е. Фала ви дечки, во понеделник матичниот ми рече да одам да ми напишем спец преглед и тоа ме исплаши уште толку..
 
Тоа е на долна граница и покажува испразнети резерви. Така што види и со гинеколог консултација, ако евентуално имаш обилни менструални циклуси. Веројатно ќе треба некаква суплементавија со железен препарат, тоа ќе видиш со матичниот лекар. И појачај преку исхрана. Повеќе месо, спанаќ, леќа, грав, зелен зеленчук итн.
 
Тинитус е,не е тунитис :lolzz:
Инаку тоа е стално зуење во ушите
Обично кога е мн мирно,или кога ќе легнеш да спиеш се осеќа ко притисок во глава и уши..т.е настанува зуење
Вчера кога испив пола гајба пиво не уши што ми зуеа, мислев дека авиони ми слетуваат до перница.
Денес еве бутур не ми е .
Мислев од претерано слушање гласна музика особено на слушалки да не настанува ова.
 
Треба цела гајба и тоа ќе се откаже после само од себе.
 
Вчера кога испив пола гајба пиво не уши што ми зуеа, мислев дека авиони ми слетуваат до перница.
Денес еве бутур не ми е .
Мислев од претерано слушање гласна музика особено на слушалки да не настанува ова.

Па да може од слушалки
Може од висок притисок или варирање на притисокот,или наследно.
 
Back
На врв Bottom