Part 1:
Ретко кој го кажува ова, бидејќи сите YouTube видеа се за американци. Vanguard има фондови во Европа (исто за SP500) и плаќате 15% на дивиденда наместо 30%.
Исто ако случајно имате над 60000 долари во Амерички акции, ако недај Боже нешто ви се случи, Америчката влада ви зема 40% (Estate tax).
Под амерички акции се мисли на акции кои се тргуваат на Nasdaq и слично.
Ако купите ETF како VWCE (EUR), VWRA, VALL тие се во Европа и немате никаков проблем со Estate tax и плаќате помал данок доколку има дивиденда.
Доста од овие ETF се акумулирачки (т.е не гледате вие директно дивиденда).
Part 2:
Да знаете:
Trading 212 работи како посредник кој ја изнајмува технологијата и кастоди услугите на IBKR.
Доколку имате поголема сума IBKR е најдобар и најсигурен избор кога се инвестираат поголеми суми.
Ако имате некоја помала сума, до кај 1000-2000 евра Trading212 е добар избор, па да правите купи-продај.