Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ми излезе оглас 250 000 евра за 54м2 во Гранд Ривер. Тоа му доаѓа 4 630 евра м2. Со оглед на тоа што мој другар купи ѕаму за 2 100 евра овие сакаат фин ќар да направат. Скроз забегаа.
 
Ми излезе оглас 250 000 евра за 54м2 во Гранд Ривер. Тоа му доаѓа 4 630 евра м2. Со оглед на тоа што мој другар купи ѕаму за 2 100 евра овие сакаат фин ќар да направат. Скроз забегаа.

се прашувам луѓево ги разбираат ли париве или се водат по девизата пиши таму па ако пројде пројде ако не ќе одиме надоле
 
се прашувам луѓево ги разбираат ли париве или се водат по девизата пиши таму па ако пројде пројде ако не ќе одиме надоле
и не само парите туку и локациите.

Со пола миљон евра каква куќа може да си направиш на водно.
 
Гранд Ривер? Треска, Лепенец, Вардар?
Серава?
 
Последно уредено:
се прашувам луѓево ги разбираат ли париве или се водат по девизата пиши таму па ако пројде пројде ако не ќе одиме надоле
Според мене, ако не брзаат, си ја пробуваат среќата, баш ако пројде пројде.
 
Гранд Ривер? Треска, Лепенец, Вардар?
Серава?
Едно што смрди од Вардар на гована, а друго оџата од Чаир секое божјо утро ќе го слушаат. Ма таа зграда за странци е направена да парира на Холидеј Инн.
 
Da spodeli nekoj iskustvo ako ima so kompleksot treska? dali e kvalitetna gradba i dali vredi 2600 evra kvadrat, ako ima nekoj kupeno neka mi pisi privatna poraka imam prasanje vo vrska so rokovi i vseluvanje vo gradba koga se kupuva.
 

Attachments

  • treska.jpg
    treska.jpg
    174,2 KB · Прегледи: 29
и не само парите туку и локациите.

Со пола миљон евра каква куќа може да си направиш на водно.
Со пола милион на Водно не можеш третина од плацот за куќа да го купиш.
 
што ќе идеш на водно, планина. Ќе те болат нозете до дома да стигнеш. Се сеќавам еднаш идев у тоа Жданец, лудило ќе те фати додека се искачиш.
 
Купи/напрај си куќа и пројди го рестото живот во санирање/средување.
 
Screenshot_20260916_163421_Facebook.jpg

2400 евра квадрат продаваат стан граден во времето на Дедо Ние. Лично Тито ги местел бравите на станот и паркетот
Знам дека нема да се продаде по оваа цена, ама сепак...
 
Ваков тип станови, градени од префабрикувани бетонски елементи „од пред нашата ера„, не треба да се подаруваат а не продаваат за тешки пари...

Натпросто, треба да бидат срушени: студени се, тесни се, непрактични се, мрачни се, немаат ливт...
 
Најголем проблем тука се бесплатните реклами. Секој може да направи 2-3 слики и да ги бапне во таа групата на фејсбук и оп, имаш оглас. Да се плаќаше некоја симболична сума за овие огласи на кои никој нема да се јави, пример 100 денари, немаше толку да се глупираат луѓето.
Тоа што во моментов е најдобро е да се игнорираат овие нелогичните огласи, а агенциите што ги "продаваат" да одат на црна листа.
 
Не ги оправдувам којзнае колку цените на становите, доста се високи, сѐ над 1500 евра не вреди за ваква дупка како Скопје, но тоа е друг муабет, секој си има право својот стан колку сака да го огласи.

Еве вие што се буните за цените, за колку би го продале вашиот стан, да ви кажат утре да се иселите? Ќе барате ли 1600/1700 евра квадрат или повеќе?
 
Стварно не можам да ги разберам овие што се бунат за ценовите на становите во коментари на фејсбук. Буквално никој ви нема ставено пиштол на чело, и да ве присилува да купите некој стан за одредена сума на пари. И ја сакам 991 Turbo S за онолку колку мене ми одговара, ама малку утре.

На огласи има повеќе од 1000 стана во Скопје, огромна понуда. Овие ваквите кај што цената е висока, а тоа што го добиваш е малку, едноставно игнор. Ке си го продава долго време, и тоа е тоа.

Имам 2-ца пријатели од Куманово, продаваат коли веќе година дена. Едниот почна од 52000е, сега е на 43, другиот од 32, сега е на 26. Пазарот ке се го каже своето.
 
Back
На врв Bottom