Реков еднаш, неќам да потценувам ничија работа, само ме иритира што дечки кои почнале да работат кодирање, се понашаат ко да го фатиле Господ за муда. И дека е тоа некоја вештина која никој друг не може да ја совлада. Не имплицирам дека си тоа ти, а и јас бев таков пред повеќе од деценија, ама можеби и со право пошто бев еден од ретките кој од друга струка, тотално неповрзана со технологија, се прешалта во ИТ и развој.
Таа апликација што ти ја спомнав вклучува и воспоставување на сокет конекција помеѓу фронт-енд и бек-енд, и постои можност за потенцијално настанување на конфликти во база пошто се е асинхроно и во real time (race conditions). Ама да, проста апликација е која се прави за еден ден, со АИ не треба ниту да мислиш.
Не знам ти што конкретно работиш и во кој дел си од ит секторот. Ама еве да речеме за бек-енд делот на некоја апликација/платформа, ако тргнеме креирање на архитектура, на што се сведува работата денес? Креирање на рест АПИ ендпоинти, конзумирање на рест АПИ ендпоинти/праќање на реквести, комуницирање со база/кеш, парсање на респонси. Реално тоа е кодерскиот дел од работата. Така е или не е така?
Ако мислиш дека целта ми е само да станам столар и дека АИ нема да ме замени, не мислам дека тоа ќе се случи. Значи мое лично предвидување е дека ќе имаме еден од два можни исходи. Или ќе се оди all in со АИ и евентуално тоа ќе има огромни последици по светските економии и пазарот на труд. Прашањето не е дали, туку кога. Или ќе дојде некој на кој ќе му дојде преку кур од tech милијардерите и ќе го "исклучи АИ то од утичница", фигуративно кажано. Тоа што јас правам во моментов е - учам вештини за да можам да бидам под еден самоодржлив и под два да стекнам специфично доменско знаење: столарија, електрика, електроника, роботика, земјоделие, водовод итн итн како во иднина лесно би споил код, АИ и доменско знаење.