Ок, ама нема ништо лошо во тоа ако татко ти е Србин, а мајка ти Македонка, да си бидеш Србин по татко ти, и Македонец по мајка ти и да си ја сакаш земјата највеќе на цел свет. Тоа се твоите корени, твоето семејство. Природно ти иде така.
Ти растиш во Македонија. Тука ги имаш спомените, пријателите, јазикот, културата. Тоа те врзува за земјата.
Секој човек е тоа што се чувствува дека е. Татко ми не е Србин, Македонец е. Ни он нема српско државјанство, никогаш и го немал. Роден е таму, во поранешна Југославија, живеел некаде до 2 или 3 одделение по што се доселиле тука. Ни баба ми и дедо ми, колку што се сеќавам, не се декларираа Срби. Не ни имаме српско презиме. 2 од трите сестри на татко ми останале да живеат во Србија, така пола од фамилијата ми е таму. Тие си се изјаснуваат како Срби, што е сосем нормално. Но ние не.

Интересна е приказната за јазикот и татко ми. Го почнал училиштето во Србија, сега не знам точно, ама реков, некаде до 2-3 одделение учел таму. Одличен ученик со сите петки (подоцна кај нас запишува и Економски факултет, навистина му одело учењето, особено математиката). Ама, кога се доселиле тука, реков, ако не сум грешка, четвртото одделение го повторувал. Причина: јазикот. Ништо не разбирал на македонски. Само српско-хрватски имал петка, другите сите единици. Не знам како се консолидирал потоа, ама и ден денес знае да опали некој српски збор изваден од нафталин. Еве прв пример што ми текнува, не вика „четири“ туку „четри“ или „четристо“.
Ок, ама нема ништо лошо во тоа ако татко ти е Србин, а мајка ти Македонка, да си бидеш Србин по татко ти, и Македонец по мајка ти и да си ја сакаш земјата највеќе на цел свет. Тоа се твоите корени, твоето семејство. Природно ти иде така.
Ти растиш во Македонија. Тука ги имаш спомените, пријателите, јазикот, културата. Тоа те врзува за земјата.
Голема улога има болдираното, имав прилика да запознам дечко србин од Скопје кој веќе подолг период живее во Сиднеј, по потекло на фамилија од Косово, не знам кога точно се преселиле, ама тој роден и израснат во МКД. Човеков си кажвеше дека е србин по потекло, али во него можеше да видиш Македонец, како зборвит, однесување и се останато што му дава карактеристика на Македонец кој поминал голем дел животот во МКД, најблискоит круг на луѓе му со Македонци, со срби нема никаков контакт, не знам ни дали го знае јазикот, никогаш не го слушнав како зборвит српски.
Има исклучоци али тоа се луѓе кој имале или имаат поголем контакт со Македонци.
Имам пријател србин, постара генерација, на времето во бивша Ју играше фудбал 3-4 сезони во Пелистер, постарите битолчани треба да го знаат, Зоран Блажич, човеков толку го има научено јазиков што верувајте подобро зборува Македонски од голем процент на Македонци, јас кога го среќавам најнормално му се обраќам на Македонски како на Македонец и не го осеќам како србин, и цел муабет го тераме на наши.
А има и трагични, да не речам смешни ситуации, имав прилика да запознам една стара фамилија која живее во АУС околку 50+години. Дедово по потекло од Косово, живеел во МКД 10тина години, и така женат за Македонка. Македонскиов јазаик го знае солидно, кога ќе го сретнам зборува измешано Македонско - српски, бабава Македонка, нон стоп ми зборвит српски, а јас и се обраќам на Македонски, и оваа отпосле ќе се сети и ќе сврти реченица две на Македонски и пак после продолжува српски.
Кратко и едноставно: Затоа што Србите беа зафатени со Хрватска и Босна. Во Македонија, Србија немаше доволен повод за војна, затоа што во Македонија имаше многу малку Срби. Да имавме барем 6-7% Срби и кај нас ќе имаше војна и тука ќе правеа некоја српска крајина, српска република. Србите во Македонија, заедно со Албанците го бојкотираа референдумот за независност.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.