Услови за здобивање право на глас

  • Креатор на темата Креатор на темата YoucancallmeV
  • Време на започнување Време на започнување

Какво треба да биде правото на глас?

  • Вкупно гласачи
    21
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.653
Поени од реакции
3.115
Темава ја отварам во овде затоа што си е еден вид политичка филозофија и произлезе од дискусија со @Goyathlayyy . Секој човек добива право на глас со тоа што е граѓанин на една држава, но дали мислите дека треба да има степенување на правото на глас, на пример да се прави IQ, тест за писменост и тест за општо знаење и морални вредности и да се дава фракција од глас на луѓето. На пример да имаш 1 цел глас треба да имаш мин IQ oд 100, да си писмен, да имаш релативно ок општо знаење, да си особа што нема црево за рбетен столб според тестот на морални вредности. Немаш ли ова, добиваш 1/10тина, 1/20тина, 1/30тина итн од 1 цел глас.
Јас лично сметам дека треба, затоа што не може да е нормално и неписмен подмитлив човек и човек со морал и високо ниво на образование и свест (како проклет минимум критериуми) да имаат еднакво право на глас и одлучување.
 
Само глупи луѓе мислат дека нивниот глас нешто одлучува во игра замислена ко трло со овци оградено од сите страни и можеш да делуваш во ограничен простор..Ај кју тестот е гол кур и не е мерка за ништо..Сум гледал академици глупи и ограничени типови и врска немаат со времето и реалноста во која живееме..Погубени до коска само баратаат со добар речник и тоа ги "вади" уште да орбитираат во медиумскиот простор..А за овие аналитичари кои се појавуваат по вести не сакам да трошам зборови смејурија невидена..
 
Ја реши темата и упуца право у центар. Браво (y)
 
Темава ја отварам во овде затоа што си е еден вид политичка филозофија и произлезе од дискусија со @Goyathlayyy . Секој човек добива право на глас со тоа што е граѓанин на една држава, но дали мислите дека треба да има степенување на правото на глас, на пример да се прави IQ, тест за писменост и тест за општо знаење и морални вредности и да се дава фракција од глас на луѓето. На пример да имаш 1 цел глас треба да имаш мин IQ oд 100, да си писмен, да имаш релативно ок општо знаење, да си особа што нема црево за рбетен столб според тестот на морални вредности. Немаш ли ова, добиваш 1/10тина, 1/20тина, 1/30тина итн од 1 цел глас.
Јас лично сметам дека треба, затоа што не може да е нормално и неписмен подмитлив човек и човек со морал и високо ниво на образование и свест (како проклет минимум критериуми) да имаат еднакво право на глас и одлучување.
Ама кај нас неписмените се елита човече. Одамна дипломите и магистратурите се обесценети и се купуваат како леб. Системот е целосно радпаднат за да навиваме такво нешто да биде успешно.
Без функционални институции и правосудство, секој обид за градација на правото на глас нема да не донесе до владеење на умните, туку до уште подлабока партиска олигархија.
 
Секое семејство треба да има минумум 3 деца. Ако едно од нив испадне интелектуалец, другите две да можат да го издржуваат.
 
Темава ја отварам во овде затоа што си е еден вид политичка филозофија и произлезе од дискусија со @Goyathlayyy . Секој човек добива право на глас со тоа што е граѓанин на една држава, но дали мислите дека треба да има степенување на правото на глас, на пример да се прави IQ, тест за писменост и тест за општо знаење и морални вредности и да се дава фракција од глас на луѓето. На пример да имаш 1 цел глас треба да имаш мин IQ oд 100, да си писмен, да имаш релативно ок општо знаење, да си особа што нема црево за рбетен столб според тестот на морални вредности. Немаш ли ова, добиваш 1/10тина, 1/20тина, 1/30тина итн од 1 цел глас.
Јас лично сметам дека треба, затоа што не може да е нормално и неписмен подмитлив човек и човек со морал и високо ниво на образование и свест (како проклет минимум критериуми) да имаат еднакво право на глас и одлучување.
IQ нема врска со разумно поведение и расудување.
Иако е логички тест, што повисоко IQ тоа поголеми шансите да е застранет во една насока.
 
Најдобро е да имаме 3/5 од глас. Ко црнците на времето. А пошто не сме баш црни, другите 2 од 5 ти стојат на страна и ги рачунаш ко "два од карти", коа ќе ти притребаат ги имаш. Изборот секогаш ти е Мурто или Курото, така да мање битно.
 
Ако одиме со IQ како праг или минимален стандард, партијата која е на власт ќе добие околу 10 гласови.

И сега има услови, државјанство, полнолетност, општа деловна способност... Лично сметам дека општествените престапници, осудени со правосилни затворски казни, дури и некогаш, за специфични кривични дела, како на пример убиство, не треба да имаат право на глас. Од една страна некого си лишил од живот, од универзалното право кое ги влече останатите права. Си направил престап, немаш перцепција за нормално расудување, не гледам аргумент зошто овие лица би биле двигатели на политичкиот курс. Форма на општествена казна, на плаќање на општествениот долг.

Правото на глас треба да е општествена привилегија, активно да учествуваш во креирањето на политичкиот живот, да бидеш носител на одредена моќ која одлучува кој ќе биде политичкиот фактор. Илјадници години наназад оваа моќ била во рацете на мала група на луѓе, високиот општествен сој, свештенството или лозата која доаѓа на власт или по наследен или по насилен пат. Некои племиња, како Германите, имале нешто поинтересен систем за избор на монархот, дурите имале речиси идентичен метод на чување на власта подалеку од обичниот човек. Народот бира кој ќе го води, барем на хартија. Под пропаганда, машинерија на лажни вести, закани и притисоци, агресивна кампања, климата за носење одлуки подлежи на формални манипулации и за просечниот нормален Џоу кој се води по правниот кодекс. Не значи дека ќе донесе правилна одлука, но каква и да е, таа е негова, базирана врз база на субјективна перцепција каде често и се заобиколуваат, игнорираат или запоставуваат серија објективни фактори. Затоа демократијата не е перфектниот облик на владеење, но е подобар од сите останати алтернативи.

Ова не е нова дебата по политичкиот делокруг, долго наративно се зборува дека сторителите на насилни кривични дела не треба да имаат право на глас, па и општо, затворениците.
 
Ама кај нас неписмените се елита човече. Одамна дипломите и магистратурите се обесценети и се купуваат како леб. Системот е целосно радпаднат за да навиваме такво нешто да биде успешно.
Без функционални институции и правосудство, секој обид за градација на правото на глас нема да не донесе до владеење на умните, туку до уште подлабока партиска олигархија.
Затоа ајде ти кандидирај се и да те гласаме сите. :icon_mrgr:
 
IQ нема врска со разумно поведение и расудување.
Иако е логички тест, што повисоко IQ тоа поголеми шансите да е застранет во една насока.
Ајкју нема врска со разбирање и знаење политика.
Точно, затоа и ќе биде само еден аспект во равенката, не апсолутен мерител. Никој не бара диплома по политика, туку нормален средно образован и интелигентен човек зрел за критичка мисла.
 
Не се само неписмените и глупите што прават лош избор, тука спаѓаат и продадените, покварените, завидливите, алчните и клетите што избираат таму каде што имаат сопствена лична корист, а не заедничко опшествена.
 
Точно, затоа и ќе биде само еден аспект во равенката, не апсолутен мерител.
Гледам избришале голем број мислења, не е важно.
Апропо ајкју, јас би ставил една контратежа, опит. Да се дигне возраста на потенцијалните гласачи и да се ограничи лимитот на години до кога може да се гласа.
Реално, јас би го земал моделот на Северноамериканските Индијанци. Целото општество избира прашања кои се решаваат, се гласа, ама незвисно од резултатот на гласање, советот на старци донесува одлука што ќе се спроведе во дело.
Нејсе, бидејќи кај нас групата на пензионери засега е силно корумпирана и се држи до актуелната власт, од страв дека ќе им ги укинат пензиите, максималната граница би ја спуштил на 70-75 години.
Долната граница исто би ја кренал, со тоа што право на глас би имале само запослени, со уважување на мислата на Маск за родителите. Значи минимум 25 години и запослен, напоменувам пожелно и да е родител. Тешко тоа со родителството на тие години сега, ама јас искрено би сакал да е еден од критериумите.
 
Back
На врв Bottom