Добро друже да завршиме веќе.
јас набрзина поставив листа на успешни европски компании. Ти тогаш настапи со став дека СКОРО СИТЕ НО НЕ И СИТЕ се копии на кинески. Што не е вистина, и ти не рече што е копија а што е оригинал.
Се фати за Спотифај, демек тоа е измислено од порано. Секако дека е, научните изуми и индустријски иновации се надоврзуваат една на друга. Но сега во моментов, иако не се знае до кога, на пазарот владее Спотифај.
Никој не рече дека кинезите не се добри. Секако дека се, тоа е сила која настапува, која има многу ,можеби најповеќе иновации и освојува нови технологии, но не може да се каже дека и другите не се добри. Добра е Европа, се уште добро се работи во САД, Јапонија, Кореја. И Индија следи, за некоја деценија можеби таа ќе искочи, тука е и Виетнам, Канада, Аврсталија, сите работа (освен некои инфериорни вук..бини на балакнов).
Поискрено е да се каже „ја мразам европа и не сакам да слушнам ништо за неа, па ни дека има добра наука„ отклоку тука да се надмудруваме што е сарказам
Не реков дека ја мразам Европа (можда малце), ама и Нокиа беше успешна ја сјеба Ајфон и смартфон ошто кажано.
Секогаш кога некој зема туѓа заслуга на пример Илон Маск и Тесла компанијата за иновациите на Тесла ми иде преку таквиот право да ти кажам.
Се кити со туги перја или како и да беше изреката...
Спотифај е светска платформа, ете и Дизер пред неа е од Европа, ама пред овие е YouTube, а пред тоа и mp3 пиратерија LimeWire и слични, и како што кажа
@Anyma Напстер за којашто јас еве прв пат слушам сега.
Повеќето дигитални софтвери се копираат меѓусебе и само добиваме некоја поподобрена верзија од претходното, а ова новово го пласираат како новитет под некое ново име AI. Google одамна има и препознавање говор, автоматски превод, и слични автоматизирани процеси, ама сега дека е актуелно OpenAI и ChatGPT, кои впрочем им се конкуренција, се крена галама за "нови модели" на AI.
Ене пример за Airbus авионите, смешно е да се каже иновација, пошто авионите и замислата нивна е остварена у УСА од браќата Рајт, а Леонардо Да Винчи имал нацрти уште у време Ренесанса.
Се фрустрира човек кога некој крева галама за некои небитни ствари, особено за нас овде на Балканов, и притоа се прави таква драма како да го фатиле Господ за муда.
Еве на пример, имаме градски воз од вчера. Ајде новинари сликајте, МРТ оди направи документарен филм и слично... Чист маркетинг.
Истото е и за тие горенаведени.