Дали се потценува Киргистан како држава со нејзини настани, дали македонскиот пеач Васил Ангелов не е некој значаен пеач со педигре или едноставно комитскиот етно амбиентна сцена со 16 крака знаме попратено со видео АИ спот од османлиско ропство, борба на комитите и војводите пречи некому!
(ми се ежи кожата кога ја слушнав како ја испее песната ,,Сокол пие на Вардарот")
...Васил го зеде првото место, според оценките на стручното меѓународно жири на престижниот музички фестивал
„Echo of Nomads 2026“ (Ехо на номадите) во Киргистан ја преставувал државата Македонија на 04.09.2026 и ниеден збор на јавните медиуми за неговата победа, ајде разбирам дека Власта се занимава со политички и економски прашања, ама треба да се цени и успеси на културно ниво посебно кога е во прашање нашата историја и национално богаство сплотена во една песна.
... според тамошни извештаи, уметникот Васил Ангелов постигнал голем успех на Меѓународниот натпревар посветен на спојувањето на традиционалното музичко наследство со современи музички изрази“ во силна конкуренција од
21 изведувач од 20 различни земји во специфичните категории „Ethno-Hit“ и „World Hit“ во рамките на VI Светски игри на номадите, настанот е посветен на спојување на традиционалното етно и музичко наследство со современи музички изрази.
... неопростливо на Власта, што направила таков пропуст, важно Филиче секој ден да го гледаме на јавни медиуми, ќе речеш СДСМ, ама вие бре ВМРО ДПМНЕ тоа е сржта и на вашата партија не само на македонскиот народ, еден збор да не кажете за Васил со која страст и болка ја испеел етно песната и победил,
... затоа ќе си добиете удар од народот дека сте исти како СДСМ партијата, невиден блам и пропуст, дали ќе можете да го ублажите овој срам од ваша страна, Македонија заслужува повеќе!
