PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 13.549
- Поени од реакции
- 30.747
ДК,
На почетоков на оваа година си зададов уште една цел- повеќе посети во кино. Ми се допаѓа и тоа што киното станува временска машина, враќаат постари филмови со цел публиката повторно да ужива во нив пред големото платно.
Вчера го гледав Хари Потер и каменот на мудроста. Филм кој сум го гледал Х пати во мојот живот. Рециклиран филм од почетокот на овој век, кој ме врати назад во длабокото детство. Како дете ретко ме носеа во кино, театарот за деца и младинци ми беше како втор дом, да не речам неделен излет каде имам изгледано многу куклени и театарски претстави. Се сеќавам дека портирот ме знаеше по име, но времето си го зема данокот и најголемиот дел ги имам заборавено.
Убаво е чуството да се вратиш со временска машина во период кога биле актуелни овие филмови, за некои, од еуфорија, се чекале редици пред кино салите. Секако, веќе ни се гледани, ја нема мистеријата, го нема степенот на изненадување, меѓутоа спомените остануваат, сем ако на вратата не чукне даночниот доверител.
Сакав само да шкртнам неколку зборови, нешто што ми ги наполни батериите, искуство кое дефинитивно би го повторил со некој друг култен класик, независно дали сум го гледал или не.
Сега, филмот се прикажуваше пред речиси празна кино-сала, нешто што дефинитивно може да се промени ако за два часа родителите се решат да ги ислободат своите деца од телефоните и компјутерите и да ги однесат во кино или театар. Игрите се интересни и заразни, знам по своја кожа, меѓутоа треба да го вкусат и духот на културата. Играта може да се стави на пауза, културата не, ќе помине репертоарот и после ќе дојде нешто ново, нешто друго, нов предизвик, нов проект, кој гледано од перспектива ќе сме сакале да го вкусиме од прва рака.
До следно читање!