...а според кој тоа е ,,воен злосторник", осуден од народот ли?
Осуден е од правосуден орган, има правосилна пресуда и брдо материјални докази. Не е само он осуден туку така, има признанија од некои од учесниците, сведоштва на луѓе и од бошњачка страна и од кај србите, синџир на одговорност и тн. Одозгора на тоа, Република Српска има изразено каење за случувањата во Сребреница и самите признаваат дека околу 7000 луѓе се убиени. Србија (Томислав Николич во улога на претседател) јавно се има извинето за Сребреница. Србија има апсено и судено луѓе во врска со убиства над цивили од тој период. Не е спорно дека се случил масакар над цивили, не е спорно дека ова е грозоморен чин, и дека ова е војска под команда на Младич, никакво херојство нема во тој чин.
Сребреница прво одзема недолжни животи, што е најголемата трагедија овде. Ништо неможе да оправда убиства над деца и беспомошни луѓе. Второ, во соседство каде во интерес на Србија е да биде регионален центар и држава која може и економски и политички да има супер односи со сите околу неа (има силно културно и политичко влијание), поради одлуките на Милошевич целосно се изолираше и сите нејзини политички ривали во тој период добија ветер во грб. Хрватска доби поголема поддршка него предходно, што кулминираше со трагедијата во Олуја (најголем дел од србите од Хрватска беа протерани). Босна доби поддршка од воздух и оружје од надвор тој период, што го изврши притисокот да се дојде до Дејтон. Интервенцијата на Косово се продаде како спречување на следната Сребреница.
За крај, не отишол Младич поради своја воља во Хрватска па во Босна, него е пратен од политичка команда (Милошевич) како негова работна должност. Со други зборови: негова задача е да спроведе тоа што ќе му се нареди од државен врв, не бира каде ќе иде. Ако Милошевич не беше преокупиран со Босна и Хрватска, немаше да биде изненадување ако Младич беше пратен во Македонија, овде воспоставувајќи власт за Милошевич (како некој што спроведува политика што ја крои друг). Последиците од тие политики, Србија ги живее до ден денес.
Истиве ликови што се рехабилитираат низ цел Балкан (Џемо Хаса, Ратко Младич, Анте Готовина, Насер Орич) служат за владеење на овие народи што се овде и нивна експлоатација. Со војните во Југославија се постави економски систем каде економската и политичката власт заврши во раце на мал број бивши комунисти (од Македонија до Хрватска, без Словенија), и овие болни точки (Сребреница, Косово, Олуја, Јасеновац, и тн.) се користат за подпалување на тензии и контролирање на народ. Механизам се за колонизација: раздели па владеј.
Сепак сето тоа за џабе, за на крајот како комуњари после втора Светска, да бидат владеани од Словенски Хрват, Тито.
Ирелеватно е. Овие народи се мали овде. Од Македонија до Словенија не сме ни 23 милиони. За споредба, Индија и Кина се по миљарда плус, Бангладеш има 10 пати повеќе популација од регионов, САД се со 15 пати поголема популација. Мал регион сме, мали народи, лесен плен, ова е факт. Единствен начин овие држави да можат да парираат економски и политички на остатокот на светот е во соработка или во најмала рака, коегзистирање. Не се глупи Норвешка, Финска и Шведска што не се кољаат ради нерасчистени сметки од пред 2000 години. Капираат што им е во интерес и си го остваруваат, ради тоа се таму каде што се. Овде, политичарите се релативно глупи, народот е лесен за владеење и ради тоа ние си пукаме во здраво колено. Поради политиките на Милошевич, Изетбегович и Туџман, овие мали земји се расцепкаа на начин што не им беше во интерес, изгубија се што вреди и сега се колонизирани од надвор (сите клучни индустрии се во раце на странци, јавниот долг е кон странци, воениот интерес е екстензија на странски интерес, демографски тонат). Тоа е пошто наместо да работат во свој интерес државен, водеа политика на брза доминација и ушлихтување на странски фактор за подкусурување со соседи.
Е сеа ако продолжат со вакви тензии (Младич, Јасеновац, и тн) и разгорување стари жаришта, што мислиш која од овие држави ќе добие нешто? Последиците ќе бидат: за да преживеат, овие мали земји ќе бараат странски чизми и ќе бидат прокси полигон за геополитички подкусурувања меѓу големи сили. Еве дај ми пример ти на регион каде што големи сили се лактаат преку мали земји, каде што локалната популација видела ќар? Ова е главниот проблем со распадот на Југославија, никој не го заболе за комунизам како идеологија, него тоа што овие држави што барем имаа некаква независност и предвидливост, во моментов истите се продолжени раце на странски интереси, управувани од локални вазали кои во име на нација, патриотизам, религија, прават миљарди и имаат целосна власт над овие територии, али центарот на моќ е надвор од државите.