Совет околу кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата Иван CFC
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.278
Поени од реакции
2.227
Локација
Kumanovo
Немам никакво познавање во поглед на иверки и бела техника.

Од досега познатото е дека кујна сакам да е во Г или двострана, на едната страна да ми е машината за садови и мијалникот а на друга страна останатото.
Боја антрацит во комбинација со златен даб.
Должина 2.5 метри на 1 со висеќи елементи.

Ме интересира што матерејал за изработка е најдобар да кажеме средна класа, дали е подобро да лепам плочки или пак оној меѓупростор да биде од иверка.

Добив совет дека антрацитот доста е осетлив па да ставам рачки на елементите, знам дека е ствар укус но би сакал да слушнам мислење околку ова.

Од бела техника ќе оставам фрижидер кој воедно е не вградлив, би сакал да го ставам внатре во елементите, изводливо е но ќе морам да отворам две врати што не ми е проблем, но ме интересира дали ќе му смета на фрижидерот што ќе е да кажеме во кутија во поглед на работа на мотор, ладење....

Совет околу машина за садови, мијалник, бојлер, аспиратор исто така се двоумам помеѓу комбиниран шпорет и плотна и печка оделно.

Гледав по сајтови модернава технологија има еден куп опции.

Искрено не сум баш запознаен, погледнав дека има шпорети со пица опција, дали има некој бенефит опцијава или е само онака на папир.

Воедно добредојдени се сите совети и мали корисни финти околу останатите елементи,
знам дека можеби е клише но вака гуглајќи наидов дека има бојлери кои работата на мал притисок, се монтираат доле, имаат опции за незамрзнување на вода итн.
Навистина технологијата е доста напредната.

Е сега најбитното не сакам да биде нешто екстремно скапо, да кажеме средна класа елементи и средна класа на бела техника,
народски кажано бест бај.
Воедно и цена доколку е проблем да се каже јавно нека биде во пп.

Благодарам.
 
Се чини дека си ептен оптимистички настроен, во исчекување некој од членовите да ти најде решение, да не речам, да ти изработи и да ти достави техничка докуменација за комплетна кујна вака, на форум?...

Низ градов (Скопје...) постојат пар фирми кои изработуваат кујни и мебел по мерка, така да од нив, кои имаат искуство во таа област, можеш да добиеш проектни решенија за твојата кујна, комплет со нејзина изработка.
 
Последно уредено:
Немам никакво познавање во поглед на иверки и бела техника.

Од досега познатото е дека кујна сакам да е во Г или двострана, на едната страна да ми е машината за садови и мијалникот а на друга страна останатото.
Ова делумно ќе ти зависи од распоред на инсталации
Боја антрацит во комбинација со златен даб.
Должина 2.5 метри на 1 со висеќи елементи.

Ме интересира што матерејал за изработка е најдобар да кажеме средна класа, дали е подобро да лепам плочки или пак оној меѓупростор да биде од иверка.
Се е ствар на вкус.
Добив совет дека антрацитот доста е осетлив па да ставам рачки на елементите, знам дека е ствар укус но би сакал да слушнам мислење околку ова.

Од бела техника ќе оставам фрижидер кој воедно е не вградлив, би сакал да го ставам внатре во елементите, изводливо е но ќе морам да отворам две врати што не ми е проблем, но ме интересира дали ќе му смета на фрижидерот што ќе е да кажеме во кутија во поглед на работа на мотор, ладење....

Совет околу машина за садови, мијалник, бојлер, аспиратор исто така се двоумам помеѓу комбиниран шпорет и плотна и печка оделно.

Гледав по сајтови модернава технологија има еден куп опции.

Искрено не сум баш запознаен, погледнав дека има шпорети со пица опција, дали има некој бенефит опцијава или е само онака на папир.

Воедно добредојдени се сите совети и мали корисни финти околу останатите елементи,
знам дека можеби е клише но вака гуглајќи наидов дека има бојлери кои работата на мал притисок, се монтираат доле, имаат опции за незамрзнување на вода итн.
Навистина технологијата е доста напредната.
Ако веќе ставаш машина за садови, ( да ставиш!) бојлер ти е апсолутно непотребен.
Е сега најбитното не сакам да биде нешто екстремно скапо, да кажеме средна класа елементи и средна класа на бела техника,
народски кажано бест бај.
Воедно и цена доколку е проблем да се каже јавно нека биде во пп.

Благодарам.
Никој не може да ти каже цена додека не одбереш материјал. Поготово оков

Претпоставувам дека бест бај опција би било корпус на кујната од бела обична иверица, а фронт иверица во дезен, или евентуално медијапан.
 
... еве димензионален план (скица) за кујна во „Г“ форма со димензии 2.5 метри на 1 метар, каде што едниот крак е наменет за миење, а другиот за готвење и чување храна.
Фронтови матичен фарбан медијапан или квалитетна иверка со anti-fingerprint заштита за антрацит бојата.
Меѓупростор (позадина) иверка во ист декор како златниот даб (исто како работната плоча) бидејќи нема бетонки или фуги, полесна е за чистење и е естетски совршена.

Screenshot 08-24-2026 14.29.36.pngScreenshot 08-24-2026 14.30.17.png

Фрижидер невградлив, не е препорачлив, невградливите фрижидери зрачат топлина од страните, а не само од позадина, затворањето во класичен елемент ги затвора вентилационите канали, што води до прегревање на моторот, поголема потрошувачка на струја и краток век на апаратот.
Плотна и печка да се одделно, подобри се естетски, овозможуваат печката да е на повисоко ниво, а плотната каде што одговара,
Машина за садови целосно вградлива 45cm или 60cm со инвертер мотор и AquaStop.
Мијалник со инокс со мат завршница или гранитен (не се познаваат толку водени капки) 60-100 cm, елемент за мијалник (40cm активен простор + аголно спојување), овде долу се сместуваат корпата за отпадоци и малиот нискомонтажен бојлер, над овој дел одат висечките елементи (антрацит или златен даб) каде што се сместува внатрешниот оцедувач за чинии.
Аспиратор со надворешен одвод (ако е изводливо) со капацитет од минимум 500 m3/h.
Бојлер мал потстепен бојлер (5 или 10 литри) ако е за миење садови под мијалник.
Рачки ставање е препорачливо наместо Push-to-open системи, за да се избегне постојано допирање и мачкање на вратите, антрацитот (особено мат) собира отпечатоци од прсти.

Screenshot 08-24-2026 14.53.30.png

Зона за Миење - краток Крак (1.0 метар), овој крак е целосно посветен на водата, со чист меѓупростор од златен даб на ѕидот.

Screenshot 08-24-2026 14.53.44.png

Зона за Готвење и Складирање- овој крак започнува веднаш по аголниот спој од кујната, долг Крак (2.5 метри).
- 0-40 cm, слеп агол / продолжение на аголниот елемент (простор за тенџериња).
- 0-100 cm (60cm), бграднa печка и вградена плотна над неа и над нив на висина од 65cm се монтира вградниот аспиратор скриен во горните елементи.
- 100-140 cm (40cm), извлечен елемент (жица / карго) за шишиња, масла и зачини веднаш до шпоретот.
- 140-190 cm (50cm), елемент со фиоки (една плитка за прибор, две подлабоки за тави).
- 190-250 cm (60cm), висок столб (аквариум) во кој идеално би се вградил фрижидерот (доколку ќе биде вградлив) или би бил висок плакар за намирници доколку слободностоечкиот фрижидер се стави надвор од кутијата.

0d016113864595973f4a359ada0e5577.jpg51Abg3f11EL._AC_UF894,1000_QL80_.jpg51rnoakcnuL.jpg61M8iZgUdBL.jpg71ZL0nrCe0L._AC_UF894,1000_QL80_.jpgvar1_1 copy 14_1699014779.jpgModulna Kuhnq-Dakota-kombinacii-5_1675685413.jpgimages.jpg234.jpg
 
Последно уредено:
Распоредот ќе биде овој, димензија е 3 метри со 2.5 метри, пишав од прилика бидејќи не сум дома
Автоматски споено мислење:

Ти благодарам @bijons.

Просторот за отпадоци тотално го заборавив.

@Пророкот Разговарав со мајстор за кујна, но секогаш е добредојдено мислење поготово од членови на форумов бидејќи мајстор како мајстор он ќе гледа да си заработи.

Кујната ќе оди со рачки.
Аспиратор со надворешен одвод.

Инаку кујната ќе има плус елементи бидејќи просторот дозволува, а на горната слика е само идеја.
Елементите во горниот дел ќе се златен даб, додека долните и просторот за фрижидер во антрацит боја.
Се мислам за просторот помеѓу да биде антрацит или можеби некоја друга неутрална боја но дефинитивно ќе биде иверка.
Исто така и за подните плочки немам идеја.
 
Attachments

  • Screenshot_2026-08-27-02-37-23-276_com.miui.gallery.jpg
    Screenshot_2026-08-27-02-37-23-276_com.miui.gallery.jpg
    110,3 KB · Прегледи: 7
Последно уредено:
Распоредот ќе биде овој, димензија е 3 метри со 2.5 метри, пишав од прилика бидејќи не сум дома
Автоматски споено мислење:

Ти благодарам @bijons.

Просторот за отпадоци тотално го заборавив.

@Пророкот Разговарав со мајстор за кујна, но секогаш е добредојдено мислење поготово од членови на форумов бидејќи мајстор како мајстор он ќе гледа да си заработи.

Кујната ќе оди со рачки.
Аспиратор со надворешен одвод.

Инаку кујната ќе има плус елементи бидејќи просторот дозволува, а на горната слика е само идеја.
Елементите во горниот дел ќе се златен даб, додека долните и просторот за фрижидер во антрацит боја.
Се мислам за просторот помеѓу да биде антрацит или можеби некоја друга неутрална боја но дефинитивно ќе биде иверка.
Исто така и за подните плочки немам идеја.
Мајстор е „едно„, а техничко/проектно решение за кујната е „друго„.

Секако дека мајсторот сака да заработи (кој нејќе...), туку мајсторот/изразботувачот треба да се држи строго до техн.решение а не на импровизира (лоша и честа пракса...), за да не се чудиш зашто кујната не ти испаднала по мерак.

Фирми низ Скопје изработуваат и техн.решенија и изработени предмети според решенијата.

Со среќа!...
 
Антрацитот никогаш нема да ти биде чист, дури и кога ке го чистиш знае да остава флеки од крпа и слично. И со рачки да е, пак ке има допир со прсти и ке остава отисоци.

Ако не правиш антрацит, оди без рачки, поубаво изгледа.

Обично кујните денес се двобојни, иверка со комбинација од фарбан медијапан.

Иверка обавезно егер, иако е поскапа. Немој турски, лесно се виткаат и пукаат при монтжа.

Можеш и плочки и иверка во меѓу просторот. Јас одбрав иверка бидеќи ми беше поефтино и немаше да се шљакам да лепам плочки.
 
Распоредот ќе биде овој, димензија е 3 метри со 2.5 метри, пишав од прилика бидејќи не сум дома
Автоматски споено мислење:

Ти благодарам @bijons.

Просторот за отпадоци тотално го заборавив.

@Пророкот Разговарав со мајстор за кујна, но секогаш е добредојдено мислење поготово од членови на форумов бидејќи мајстор како мајстор он ќе гледа да си заработи.

Кујната ќе оди со рачки.
Аспиратор со надворешен одвод.

Инаку кујната ќе има плус елементи бидејќи просторот дозволува, а на горната слика е само идеја.
Елементите во горниот дел ќе се златен даб, додека долните и просторот за фрижидер во антрацит боја.
Се мислам за просторот помеѓу да биде антрацит или можеби некоја друга неутрална боја но дефинитивно ќе биде иверка.
Исто така и за подните плочки немам идеја.
Нацртај го на рака планот...кај имаш довод, одвод, струја, димензии на ѕидови, какви висечки елементи сакаш и какви стоечки и ќе ти направам ако сакаш скици,
1787946999170.png
1787947241113.png
Еве пример на Бијонс димензиите што ги постави како услов
1787947068181.png
 
Апаратите и распоредот е тој, сега помеѓу ќе има уште елементи за складирање, бидејќи должината е голема.
Струјата и доводот се веќе решени.

А за висеќи и стоеќи незнам затоа и барам совет само знам дека висеќите ќе се во златен даб додека просторот за фрижидер и стоеќите ќе се во друга боја
Желба ми е антрацит боја, мајсторот за кујна ми кажа дека имало некоја плоча што не оставала флеки од вода само била поскапа.
Инаку добредојдени се совети за боја, маслинеста и бела не ми се по вкус
 
Attachments

  • MVIMG_20260829_153702.jpg
    MVIMG_20260829_153702.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 7
Дополнителна површина меѓу мијалникот и шпоретот се додава пред се‘ од безедносна потреба, за одвојување на водата од струјните делови од кујната.

Висечки елементи до таван се лошо решение, затоа што се недостижни од стоечки став, па треба дополнително поткачување. Плус, ако се толку големи, тоа значи дека ќе прифаќаат повеќе делови од кујнскиот прибор, што значи дека вкупно земено, ќе станат претешки и проблематични за „висење„ на ѕидовите.
 
...што знам, зависи кој што држи, јас ги имам висечите до таван на два дела и одлични ми се, немам проблем, во највисокиот висечи држам работи кои не ги користам често, миксер и други апарати, чаеви, салфетки резерва и не е некоја тежина, а во долниот чаши, супи и разни тракатанци чиј висечи често се отвара, ако се добро прикачени ќе држи.
...и да остави простор горе над висечите, нема домаќинка која нема да го искористи просторот, а ќе се гледа хаотично и ќе собира прашина.
 
Вишок простор е секогаш добредојден и вештината на проектирање и изработка на покуќнина се огледува и на тој начин. Практичноста во користењето е исто толку битна и треба да биде едноставна, без непотребно арчење време и енергија.
 
@Иван CFC

Немам големо познавање во материјали и имам некое солидно познавање во бела техника. Пред повеќе од една година направив кујна токму каква што имаш на ум.
Подоле рендер од компанијата која ми ја правеше кујната и уште една слика од дента кога беше 90% завршена (фали плинскиот шпорет и светлата вградени во кујната како и чешмата)
За жал немам од скоро слика а моментално не сум дома но наредна недела можам да направам слика за да ти покажам одредени работи кои други членови ги тврдат но не се точни.

1000039531.jpg

1000039534.jpg

Затоа што сум со две мали деца, одбравме анти фингерпринт технологија и воопшто не се прља. А ако некогаш имаме некаков инцидент, со вода и мало крпче и е како ново.
Ќе гледам да не заборавам да направам слика од тоа каква е кујната после една година користење.

Рачки не ставивме затоа што од претходно искуство, ова е нешто што најмногу ја ебе кујната. Се кршат, се оштетуваат, губат боја рачките и после некое време се гледа дека кујната е користена ептен. А и рачките не се модерни воопшто. Помина тоа време.

Од околу користена е керамика затоа што е најдобра кога се работи за домашна кујна но истотака е и доста скапа. Ако сакаш нешто поефтино, мислам дека плочките би биле подобра опција и имаш повеќе избор. Кварц е истотака опција.

Бела техника - шпоретот, микробранова, машина за садови и рерна ми се Bosch, фрижидерот Самсунг а лавабото и чешмата некој германски бренд.
Bosch e класа. Буквално од телефон ги управувам машината за садови и рерната.
Имам користено претходно Whirlpool и Beko, не се ни близу. Особено што Bosch се одлични за конзумирање електрична енергија.

Секако, сето ова чини и е над просекот но ако можеш да си дозволиш, подобро вложи си зашто кујна еднаш правиш. Јас заштедив на врати и мебел за да вложам повеќе од буџетот во кујната затоа што за мене ова отсекогаш ми било ќејф, да имам сулермодерна и функционална кујна со сите нишани. Плакарот ме заболе дали е 500 или 1000€ кога секако има една функција.

Кујната ми е со светла кои се вградени и се палат со тоа што им мафтам со раката. Фенси ама си има свои недостатоци. Една цркна, тешко се наоѓа човек за поправка, сензорите често се полнат со прашина и не реагираат експресно како на почетокот па често ми отвара работа да се ебавам со каблите но е супер работа затоа што многу често немам потреба да палам таванското светло и создава убав ноќен амбиент.
 
Back
На врв Bottom