Совет околу кујна

  • Креатор на темата Креатор на темата Иван CFC
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.264
Поени од реакции
2.217
Локација
Kumanovo
Немам никакво познавање во поглед на иверки и бела техника.

Од досега познатото е дека кујна сакам да е во Г или двострана, на едната страна да ми е машината за садови и мијалникот а на друга страна останатото.
Боја антрацит во комбинација со златен даб.
Должина 2.5 метри на 1 со висеќи елементи.

Ме интересира што матерејал за изработка е најдобар да кажеме средна класа, дали е подобро да лепам плочки или пак оној меѓупростор да биде од иверка.

Добив совет дека антрацитот доста е осетлив па да ставам рачки на елементите, знам дека е ствар укус но би сакал да слушнам мислење околку ова.

Од бела техника ќе оставам фрижидер кој воедно е не вградлив, би сакал да го ставам внатре во елементите, изводливо е но ќе морам да отворам две врати што не ми е проблем, но ме интересира дали ќе му смета на фрижидерот што ќе е да кажеме во кутија во поглед на работа на мотор, ладење....


Совет околу машина за садови, мијалник, бојлер, аспиратор исто така се двоумам помеѓу комбиниран шпорет и плотна и печка оделно.

Гледав по сајтови модернава технологија има еден куп опции.

Искрено не сум баш запознаен, погледнав дека има шпорети со пица опција, дали има некој бенефит опцијава или е само онака на папир.

Воедно добредојдени се сите совети и мали корисни финти околу останатите елементи,
знам дека можеби е клише но вака гуглајќи наидов дека има бојлери кои работата на мал притисок, се монтираат доле, имаат опции за незамрзнување на вода итн.
Навистина технологијата е доста напредната.

Е сега најбитното не сакам да биде нешто екстремно скапо, да кажеме средна класа елементи и средна класа на бела техника,
народски кажано бест бај.
Воедно и цена доколку е проблем да се каже јавно нека биде во пп.

Благодарам.
 
Се чини дека си ептен оптимистички настроен, во исчекување некој од членовите да ти најде решение, да не речам, да ти изработи и да ти достави техничка докуменација за комплетна кујна вака, на форум?...

Низ градов (Скопје...) постојат пар фирми кои изработуваат кујни и мебел по мерка, така да од нив, кои имаат искуство во таа област, можеш да добиеш проектни решенија за твојата кујна, комплет со нејзина изработка.
 
Последно уредено:
Немам никакво познавање во поглед на иверки и бела техника.

Од досега познатото е дека кујна сакам да е во Г или двострана, на едната страна да ми е машината за садови и мијалникот а на друга страна останатото.
Ова делумно ќе ти зависи од распоред на инсталации
Боја антрацит во комбинација со златен даб.
Должина 2.5 метри на 1 со висеќи елементи.

Ме интересира што матерејал за изработка е најдобар да кажеме средна класа, дали е подобро да лепам плочки или пак оној меѓупростор да биде од иверка.
Се е ствар на вкус.
Добив совет дека антрацитот доста е осетлив па да ставам рачки на елементите, знам дека е ствар укус но би сакал да слушнам мислење околку ова.

Од бела техника ќе оставам фрижидер кој воедно е не вградлив, би сакал да го ставам внатре во елементите, изводливо е но ќе морам да отворам две врати што не ми е проблем, но ме интересира дали ќе му смета на фрижидерот што ќе е да кажеме во кутија во поглед на работа на мотор, ладење....


Совет околу машина за садови, мијалник, бојлер, аспиратор исто така се двоумам помеѓу комбиниран шпорет и плотна и печка оделно.

Гледав по сајтови модернава технологија има еден куп опции.

Искрено не сум баш запознаен, погледнав дека има шпорети со пица опција, дали има некој бенефит опцијава или е само онака на папир.

Воедно добредојдени се сите совети и мали корисни финти околу останатите елементи,
знам дека можеби е клише но вака гуглајќи наидов дека има бојлери кои работата на мал притисок, се монтираат доле, имаат опции за незамрзнување на вода итн.
Навистина технологијата е доста напредната.
Ако веќе ставаш машина за садови, ( да ставиш!) бојлер ти е апсолутно непотребен.
Е сега најбитното не сакам да биде нешто екстремно скапо, да кажеме средна класа елементи и средна класа на бела техника,
народски кажано бест бај.
Воедно и цена доколку е проблем да се каже јавно нека биде во пп.

Благодарам.
Никој не може да ти каже цена додека не одбереш материјал. Поготово оков

Претпоставувам дека бест бај опција би било корпус на кујната од бела обична иверица, а фронт иверица во дезен, или евентуално медијапан.
 
... еве димензионален план (скица) за кујна во „Г“ форма со димензии 2.5 метри на 1 метар, каде што едниот крак е наменет за миење, а другиот за готвење и чување храна.
Фронтови матичен фарбан медијапан или квалитетна иверка со anti-fingerprint заштита за антрацит бојата.
Меѓупростор (позадина) иверка во ист декор како златниот даб (исто како работната плоча) бидејќи нема бетонки или фуги, полесна е за чистење и е естетски совршена.

Screenshot 08-24-2026 14.29.36.pngScreenshot 08-24-2026 14.30.17.png


Фрижидер невградлив, не е препорачлив, невградливите фрижидери зрачат топлина од страните, а не само од позадина, затворањето во класичен елемент ги затвора вентилационите канали, што води до прегревање на моторот, поголема потрошувачка на струја и краток век на апаратот.
Плотна и печка да се одделно, подобри се естетски, овозможуваат печката да е на повисоко ниво, а плотната каде што одговара,
Машина за садови целосно вградлива 45cm или 60cm со инвертер мотор и AquaStop.
Мијалник со инокс со мат завршница или гранитен (не се познаваат толку водени капки) 60-100 cm, елемент за мијалник (40cm активен простор + аголно спојување), овде долу се сместуваат корпата за отпадоци и малиот нискомонтажен бојлер, над овој дел одат висечките елементи (антрацит или златен даб) каде што се сместува внатрешниот оцедувач за чинии.
Аспиратор со надворешен одвод (ако е изводливо) со капацитет од минимум 500 m3/h.
Бојлер мал потстепен бојлер (5 или 10 литри) ако е за миење садови под мијалник.
Рачки ставање е препорачливо наместо Push-to-open системи, за да се избегне постојано допирање и мачкање на вратите, антрацитот (особено мат) собира отпечатоци од прсти.

Screenshot 08-24-2026 14.53.30.png


Зона за Миење - краток Крак (1.0 метар), овој крак е целосно посветен на водата, со чист меѓупростор од златен даб на ѕидот.

Screenshot 08-24-2026 14.53.44.png

Зона за Готвење и Складирање- овој крак започнува веднаш по аголниот спој од кујната, долг Крак (2.5 метри).
- 0-40 cm, слеп агол / продолжение на аголниот елемент (простор за тенџериња).
- 0-100 cm (60cm), бграднa печка и вградена плотна над неа и над нив на висина од 65cm се монтира вградниот аспиратор скриен во горните елементи.
- 100-140 cm (40cm), извлечен елемент (жица / карго) за шишиња, масла и зачини веднаш до шпоретот.
- 140-190 cm (50cm), елемент со фиоки (една плитка за прибор, две подлабоки за тави).
- 190-250 cm (60cm), висок столб (аквариум) во кој идеално би се вградил фрижидерот (доколку ќе биде вградлив) или би бил висок плакар за намирници доколку слободностоечкиот фрижидер се стави надвор од кутијата.

0d016113864595973f4a359ada0e5577.jpg51Abg3f11EL._AC_UF894,1000_QL80_.jpg51rnoakcnuL.jpg61M8iZgUdBL.jpg71ZL0nrCe0L._AC_UF894,1000_QL80_.jpgvar1_1 copy 14_1699014779.jpgModulna Kuhnq-Dakota-kombinacii-5_1675685413.jpgimages.jpg234.jpg
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom