Трансфер периодов ме потсетува на 2020/21 кога ги донесоа Телес и Кавани мислам на последниот ден од трансфер периодот, колку да кажат еве донесовме нешто.
Истото лето ги донесоа ван де Бек, од кој очекувавме да биде тоа што очекуваме од Тилеманс сега, и 2 млади таленти Диало и Пелистри.
Лани завршија добра работа и што е исто толку важно - на време.
Сезонава не сум задоволен. Тилеманс е добар трансфер, Сантос да не судам предвреме ама мислам дека ќе биде флоп, дај боже да си ги изедам гомната.
Балеба... ќе видиме, повеќе надеж имам за овој отколку Сантос.
Тимов немаше доволен број на играчи, уште помалку квалитетни играчи, и пазарот ова лето за мене е поразителен. Кога ќе го додадам и фактот што го вратија крлежот Рашфорд и не продадоа ниту еден од играчите што требаше да бидат продадени - катастрофа.