Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Значи Мартинели си оди. ОК сум со ова, си остана дечкото на потенцијалот од пред 3-4 сезони.
За односот према него...да не претеруваме. Работи што сега ги дознаваме, ги знаат и играчот и клубот веќе некое време сигурно. Така да ОК е што не е вклучен во составот две утакмици по ред.

Ќе лупаме значи пари за ново крило а? Не се остава Артета со едно крило. Едино Езе, ама некако не му е многу по мерак...особено во комбинација со Калафиори и неговото ново позиционирање во напад, нема да функционира.
Чисто ме интересира дали на скап трансфер ќе се иде. Некако грков ептен добар ми изгледа...многу директен и динамичен.
 
Значи Мартинели си оди. ОК сум со ова, си остана дечкото на потенцијалот од пред 3-4 сезони.
Да останеше немаше да си оди, сериозно падна во квалитет од тој играч што даде 15 гола во ПЛ пред 3-4 сезони. Веќе имаме играчи од академија млади ко Дауман што покажуваат повеќе и за жал таа е реалноста за него, дека квалитетите негови не се за шампионски тим.
 
Ако гледаш така и Сака е паднат во последните 2-3 сезони, плус ептен себичен стана..
 
Значи искрено да ви кажам она време кај шо чувавме играчи ко Нкетија,Смит Роу,Ивоби и таква боранија со надеж дека ќе биде нешто од нив несакам да се повторит,истото е случај и со Мартинели дечкото е релативно млад меѓутоа е матерјал за на клупа и не е за стартер,лимоторан е,никаков напредок, тапкат во место а проблем е што ние немаме таков играч за на клупа ако замине освен ако не се пробува со Езе или се доведе таков играч. Ако ја прифатил таа улога не би го продал зашто Мадуеке не е ништо поарен па ќе е во тим. Но ако донесат уште едно крило најдобро е за него да замине. Едино што ми е криво е шо нема да го наплатиме бидејки сме најлош клуб кога се во прашање продажба на играчи све ова шо е на излезна врата за кикирики ќе замине
 
Не можеме да продадеме поради високи плати. Видете Жезус колкава плата зема неделно. Нема клуб кој би му дал иста, освен Турција или С. Арабија. Исто и Мартинели.
 
И Нелсон мислам дека е на 90тина бона неделно. Реално нема клуб што ќе му даде повеќе од 20...

За разлика од нас, кај Челзи играчите се на релативно ниски плати, зборам за неетаблираните. Плус и не ги чекаат којзнае колку, ако некој процени дека нема којзнае колку да има импакт во наредните години, ги шиткаат одма.

Како и да е, Челзи со Стразбур ми делува на една страшно разработена перална на пари. Не им е на газдите приоритет да направат трофеен гигант, за голема разлика од времето на Абрамович. Така да да не се споредуваме многу со нив и да си го тераме нашиот филм
 
Трампа со Ѓокереш плус доплата од Арсенал :sleep:
150 го ценат Атлетико Алварез, приближно.
Цената е проблем затоа се спомнува Ѓокереш, играч за кој пред да дојди кај вас имаше интерес од Атлетико.

Трампа со Ѓокереш плус доплата од Арсенал :sleep:
150 го ценат Атлетико Алварез, приближно.
Цената е проблем затоа се спомнува Ѓокереш, играч за кој пред да дојди кај вас имаше интерес од Атлетико.

Џабе ќе се договараат кога играчот не сака у Арсенал. Кажа човекот, или Барса или останува у Атлетико.
 
Џабе ќе се договараат кога играчот не сака у Арсенал. Кажа човекот, или Барса или останува у Атлетико.
Па не знам баш, еве последни информации се дека ја разгледува и таа опција. Не оди овој туку така до Мадрид за џабе на невидено, сигурно имало некој контакт позитивен.
 
Само мене не ми се сфиѓа Алварез за кај нас ?
После онаа драма со Барса, кој гарантира дека нема истото да се случи и за 2-3 години пак ? Сигурно ќе има огромна плата кај нас, иди продади го после..
Виктор ептен ми легна на срце што буквално ИЗГИНА за нас минатата година, мислам дека во UFC помалку ќотек јадат него ли он што изеде минатата сезона.
 
А бе ако гребење е валиден критериум за играње во Арсенал...нема боље кандидат од мене. Плус душа на терен ќе оставам и незапамтен ќотек ќе јадам секоја утакмица.

Не го бива бе Ѓоко дечки. Не е профил на напаѓач за она што се стремиме да бидеме и она што Артета дака да се игра.
 
Само мене не ми се сфиѓа Алварез за кај нас ?
После онаа драма со Барса, кој гарантира дека нема истото да се случи и за 2-3 години пак ? Сигурно ќе има огромна плата кај нас, иди продади го после..
Виктор ептен ми легна на срце што буквално ИЗГИНА за нас минатата година, мислам дека во UFC помалку ќотек јадат него ли он што изеде минатата сезона.
Биди сигурен во ова, попатна станица ќе му сте.
Не знам кој луд би го купил после овие драми, играчот потпиша договор и по една сезона му текна дека сака во Барселона да игра, да бил стабилен ќе се борел во Сити.
 
Поарно Осимен зашто подобро би се снашол во ова што го играме отколку овој Алварез дечкото за 2 3 сезони малце да фатит криза ќе земит да плачат за во Барса за кој шо навивал од дете,Меси идолот и слично мислиш некој го примора да потпишит до 2030 со клаузула 500м или колку е во Атлетико.Го изедовме то гомно со Фабрегас и несакам пак такви особи во клубот,што подалеку не смееме да бидиме поќе станица а и неглеам зошто би го преплатиле ова лигле нека скапит во Атлетико.
 
Ипсвич во лига куп not baf not terrible можеше некој чемпионшип клуб и оване е лошо за ротирање на играчите. Денес мислам е ждребот за ЛШ и ќе иаме 2 многу јаки утакмици од прв шешир Барса,Реал,Баерн,ПСЖ или Атлетико со огледа дека другите се англичани а со Интер неможе да се паднеме според некое правило,втор шешир е онака просек екипи добар ждреб би биле Бриж,ПСВ мегутоа сите се со горе долу ист квалитет,третиот избегнување на Турција ќе е добро како и Бодо на гости во поларни услови,добар ждреб Шахтјор на гости да го фатиме со оглед дека ќе играат на Стемфорд бриџ остало е ок,четвртиот избегнување на Сабах и дого патување како и Викинг на гости да ги добиеме Славија и Слован би било идеално од тој шешир.
 
Back
На врв Bottom