мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 23.338
- Поени од реакции
- 30.556
I sega radi eden dvajca alkoholicari na kolku tamu 100000 dusi ili povekje treba site da stradame.Интересно е што постои правна сопка, во форма на забрана, за купување на алкохол од страна на малолетни лица, кои слободно и без никакви пречки си купуваат и конзумираат. Исто се однесува и за точењето во локалите. Таа е само на хартија, да го има, нема контроли нема казни. И за цигарите постои идентична мерка, и покрај неа, дворовите на средните училишта се полни со ученици кои пушат цигари.
Пред една недела бев сведок на немил настан. Возрасен граѓанин, летвосан, проба да помине улица на необележано место. Туркаше и инвалидска количка. Стигна до тротоарот, се лизна, падна и се удри со главата до автобусот кој паркираше на автобуска постојка. Малку требаше главата да му отидеше под тркало, ќе го уништеше и својот живот, своето семејство, но и возачот и неговото семејство. Кривична пријава е неизбежна, проследена со суспензија од работа. Можен е и отказ ако има обвинителен акт против вработениот.
И тука потфрлаат институциите, нема задолжително лекување на алкохоличарите, со оглед на тоа дека не е прв пат овој граѓанин да доживее повреда додека шета летвосан. Тоа го кажаа докторите кои беа на смена. Тоа го кажаа и полициските службеници кои по еден час дојдоа да извршат увид. Од Беко до Жена парк (Градска болница). Еден саат. И едните и другите му направиле идентификација, зошто не направиле институционално проследување?
Почна да се дере дека возачот го собрал додека преминувал улица, и човекот си викна полиција. Чекав со возачот, за изјава, со цел да се утврди точната фактичка состојба.
И оваа не е прв пат да просведочам на ваков настан. Пред година-дена, исто еден ќор пијан си падна од автобус на автобуска. Млитав, едвај го кренавме, не можеше да седи, не пак да стои. Мумла, ко да повикува демони.
Алкохолот е причина за Х сообраќајни несреќи, пак си има законско ограничување, но нема контроли на терен. Од полициска држава до речиси ниту еден цајкан на терен, дремат на клупа и чекаат да помине денот. Нема стандарди за прием, глуп партиски човек со труднички стомак, тоа е асоцијацијата за македонскиот џандар.
Кога веќе е направена локализација на проблемот, зошто не се пристапи кон негово решавање? Лично не пијам алкохол, никогаш, ништо, сум видел што може алкохолот да му направи на човекот и се откажав од оваа авантура. Нека има 0 промили алкохол во крвта за држење волан, нека има подраконски казни. Кој сака да пие, нека земе такси. Нека најде друг превоз, не треба под ризик да го става својот живот и животот на другите околу него.
Забраната, сама по себе е ништо на ако нема синџир на контрола. Не сум за оваа забрана, но држава мора да се активира и кон решавање на ова прашање, ко што се нафати за кладилниците, сообраќајниот хаос и прашањето за цигарите. Сум за 0 промили за управување со моторно возило.
Patem receno znaes kolku e 0.5 promili vo realnost. Kolku treba da ispies za da pokazi 0.5 ili 0.51 so e dovolno za tri meseci vozacka zemanje.
Dve limenki pivo ili casa rakija ( domasna od 52 stepeni ).
Sakas da kazis deka Ti vozrasen covek od edna casa rakija ke se izgubis, ne ke znajs kaj teras. Prosecna zena so vo zivotot alkohol nema probano , da ispie casa rakija gajle ke nema. Za pivo i da ne zborame.

