Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дојдете на плажата има театарски претстави, не е кабаре зашто нема интеракција со публиката, ама чуден некој тип на stand up, им дошол само еден во публика, не е смешно.
Последната претстава беше мизерна, глумеа некои урбани педерастични позери, играат баскет нешто, па знаеш ќе употребуват сленг од типот hip hop old school ganngsta Compton area East Coast slang, па на типот што ја гледаше претставата му дојде да ги фати и двајцата и да ги обеси за кошот, зашто му беше смачено од позери и од аматеризам.
Актерите се помирија со судбината дека се аматери, зашто претставата беше нарачана и однапред осудена на пропаст.
Претходната вечер имаше уште една претстава со една циганка, беше спонтана, креативна, духовита и забавна, на маицата имаше нацртано рис како лови срна, еден во публика нормално, тој си отиде дома презадоволен дека претставата е само за него, отвори да гугла како се вика претставата, ама во неверување и крајно разочаран, прочита:. ЈАС СУМ ТЕ ПРАВИЛ, ЈАС ЌЕ ТЕ УНИШТАМ.
Во описот стоеше: Писателка, средни години,успешна деловна жена, со неверојатна моќ и натприродни способности, само мажи, пазете се, таа е control freak, ќе ви го сјебе животот вам и целиот машки род.
Ништо нема иднина што нема здрава основа.
 
Последно уредено:
Драга,

само што се разбудив и си правам рекапитулација на вчерашниот ден.

Прво нешто, последниве 2 - 3 дена ми се врти низ глава Хали Бери, па завчера кога од нигде никаде ми искочи на инста со сликата што ја постирав во темата секс со познатите, одма ми текна дека уставри ден пред нејзиниот 60ти роденден било тоа. Вчера со несудената невеста.
Ја уствари цело време тоа што сум си го несвесно материјализирал ми се исполнило.

Друго една да ја кажам другарка што доста долго време не сме праеле муабет, вчера од нигде никаде ми се понуди да ми нашла девојка.

Трето изненадување, го прочитав избришаниот надоврзан пост на @Aceso каде што ми се нуди да ми била кума.

И како за послесно и реално најостварливо е што истотака вчера ми пиша иранката кога ќе сум дошол у Турција да сме се виделе.


За мене денот беше :
 
Драга,

абе кој кур овие новинариве неписмени го свернават македонскиот литературен јазик?

Знаат ли тие што е третосложно акцентирање у пизду матер више?!?!

Ми се гади од тоа да слушам глас на Билјана Секуловска на секој чекор!

Ебате тоа неписменава раја! После другите ни биле криви!
 
Драга,

Чудно е како некои подзаскриени, закопани стравови за иднината, еден ден едноставно ти испливуваат на површина. Како одамна да си насетувал нешто што никогаш не си посакал, па почнуваш да се преиспитуваш дали сам си ја предизвикал судбината, дали со оние неосновани мисли си привлекол нешто од универзумот и се каеш едно милион пати што воопшто си допуштил да ти помине такво нешто низ глава. Па нели positive vibes only.

И можеби тоа ми беше пресвртна точка во животот, па ја пред шест месеци од никаде почнав да сакам да одгледувам цвеќиња. До тој мимент, не бев личноста за тоа. Сосема непланирано, си открив мал, мирен свет. Можеби затоа што во него секоја капка вода, трпение и внимание ти се враќа со некаков резултат. Убав резултат. Со нетрпение се будам секое утро, гледајќи дали има ново ливче, гранче, цветче, нова мала надеж. И секако дека не е лесно, затоа што ништо не процветува преку ноќ. Сите тие години ги игнорирав саксиите на мајка ми и бујната градина на баба ми, без да сфатам што всушност прават тие. Не разбирав колку е ова проклето релаксирачко, а истовремено заразно, да вложуваш време, да чекаш и да гледаш како трудот се претвора во живот. Од една саксија, сега имам дури четири.

Сега конечно почнувам да ги разбирам. И додека учам да го чекам мојот вистински момент да процути, продолжувам да полевам со вода, и да чекам.
 
Месец дена помина откако си ја земав Хондата, и веќе пиздам и мерак асално не и видов. Пред 10 дена здраво ми го закачиле браникот што дури беше паднат од страната и се откачил од жлебовите. Го наместив некако и се помирив дека тоа е цената да живееш во Скопје, без разлика колку и се замарам и пазам каде ја паркирам и све тоа. Денес ми го ебале и ретровизорот, рушат куќа ќе прават нова и сеа кого да фатам утре задутре за врат газдите што прават или камионџиите семка им ебам нивна.


Што би рекол Цацко " демек Скопје држава де, шо народ беше овоа шо стока беше" .
 
Флеш, те препознав и не реагирав. Зошто си бараше беља да ми пишеш приватна порака и да ме тераш на блуд?

Јас сум нов човек. Ти слободно умри во твојата мизерија наречена ум.

 
Откога почнав да водам сметка колку пијам и да покушам да пијам само еднаш неделно, приметив дека само еден ден у неделата не пијам алкохол.
 
Морам да кажам дека синоќа за втор пат се соочив со ноќниот живот во Скопје кога станува збор за дискотеки, и да, не видена тиња е, барем според мене.

Да не се разбереме погрешно, имам повеќе пати испаѓано додека бев студент, ама тогаш не размислував на ваков начин, си викам и да не не примат тоа е, немаме резервација или немаме резервација со флаша, па тоа е причината. Ама, последните две излеванки, некако сфаќам дека не е било ни до тоа работата.

Пред 3 месеца, т.е во Мај, беме испаднати во Дебар Маало, и после решиме да одиме во Pure, и нормално, дремеме пред врата некој си саат време можеби, дур да се намоле едно од девојчињата да не пуштат. За мене искрено тоа беше деградирачки, да мора девојче да го „моле“ обезбедувањето, да му бамка на главата 20 минути, за едвај да влезиме. Ама си реков, ајде нема врска, со екипата со која што бев мислам дека не ни имавме во прв план да одиме во Pure, па така не ни знаев дали имаме резервација, си реков ваљда до тоа е.

Синоќа, ми дојдоа двајца другари од мојот роден крај, седеме кај мене, пиеме, јадеме, и пошто знаев дека ќе идат, си реков ќе закажам во Хавана, само тоа диско работе, па ќе одиме таму. Финтата е, зошто не закажав на друго место што работе до 1, пошто они дојдоа во 21:30 дури кај мене, и пошто ми идат прв пат во новиот стан, нормално дека веднаш немаше да испадниме. И да продолжам, закажав маса со флаша унапред, пошто знаев дека ќе пиеме таму.

И, 12 саатот чука, се спремаме, одиме, таму 12:30, вратите не беа отворени, почекаме малце дур да отворат, и кога отворија пошто бев понапред, му кажувам на обезбедувањето, имаме резервација за тројца вака и вака, име презиме, и сите се прават на глуви, не те рецкат, само климат со главата. И стојме, гледам само девојчиња пуштат од првента, океј си викам фер. Минат 15 тина минути, пак му кажувам, пак ништо, си пуштат постари лица, и лица кои што се знаат со обезбедувањето. И тогаш уствари сфатив дека, и резервации и се ти се џабе тука, кога имаш ваков монопол. Фатиме патот рикверц, и низ град се зафркаваме си тераме друг филм.

Како и да е, зборот ми е дали може до волку да биде тиња ноќниот живот т.е дискотеки после 12 тука во Скопје? Се си мислам дека само тука имам вакво нешто осетено, пошто на сите други места каде што сум бил, ако немаш резервација океј е да те држат да не те пуштат, ама се дур уредно си резервирал и сето тоа, нема никаков проблем, си плаќаш влезница и влегуваш.
 
Многу добро AI видео. Што убаво му текнало на некој да направи како порано 90ти и 80ти се живеело, како го поминувале тогаш младите летото, што се имало тоа време... Онака ретро и за оние кој не живееле тоа време како јас роден точно 90та година да видт како се живеело низ видео.


Штета што нема и за во Македоноја вакви видеа
 
  • Љубов
Reactions: A__
Драа

Кратко и едностано видео, кое гу објаснуе природу на женски род, без разлику дали е човек или било кое животно.

 
Кога и да пробам мајца у темница да облечам увек наопаку ја облекувам.....Марфи фак ју, или можеби е некоја заебанција у матриксов ова, кој да знае. Како и да е, све е убаво дури и кога не е убаво и у овој и у сите други светови. Така да...
Never refuse an invitation
Never resist the unfamiliar
Never fail to be polite
And never outstay your welcome
Just keep your mind open and
Suck in the experience
And if it hurts
You know what... it's probably worth it...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Back
На врв Bottom