Не ми се почнува, ќе се распишувам, нема никој да дочита до крај, но за ова мора пошироко....
Тоа 2026 година сме, 21 век сме, луѓето отидоа на месечина, живееме во времето на вештачка интелигенција и слично, во принцип е еден ист, крајно површен аргумент, а многумина се кријат позади него.
Исто како и "ова само кај нас го има". Ова значи дека нема појма како е на друго место или никаде не отишол.
Да, има проблеми државата, дури и помалку од тоа какви граѓани има. 90% од малцинствата ја мразат, гледаат на неа како на нешто што треба да се злоупотреби и да исчезне, а голем број од Македонците ја презираат, иако и туе гледаат колку можат да ја искористат.
Да, тргнуваме од полош старт во однос на другите поради милион причини, меѓудругото и поради крадењето и уништувањето од тие што ја воделе, но и пред да бидеме независни заостануваме.
Не е дека и во 1906та, 1916та, 1926та, 1936та ни било топ, па ете ние никакви направивме држава и пустош, па дај да ја уништиме за да се спасат луѓето, птиците, мечките, водата, цвеќињата, тревата, дрвјата.
Напротив, кога сме немале држава сме биле физички загрозени. Право на живот, право на имот, на чест, со такви проблеми се соочувале нашите без држава. Затоа и таа потреба за држава.
Многу работи се лоши, од многу и сме разочарани, но поентата е да ги поправиме, да градиме држава, а не дефетизам и презир кон државата.
Но, зарем за овие работи за кои збориме, за политичари кои уништувале, за системски проблеми и сл, не е или не било случај со Бугарија, Хрватска, Романија и други држави од Источна Европа?
Таму немаше лоповска транзиција, таму политичарите, здравството, општо институциите сите се супер?
Главни теми во повеќето источноевропски држави се исти. Борба против корупција и криминал, потреба за структурни реформи, преголомазна јавна администрација, иселување (поврзано и со миграција), здравство, често поврзано со стареење на нацијата, екологија (на север помалку отколку на југ), образование, висока инфлација и се друго што се врти кај нас.
Можеме да одиме по секоја држава посебно и не само источноевропски.
Али најдобро прво да ги погледнеме околните, како Србија, заедно со трите членките на ЕУ ( Бугарија, Хрватска и Романија). Доста ни се слични, историски, менталитетски, иако се постари држави и со поголеми ресурси.
Пишав за Хрватска на друга тема. Токму деновиве главна тема е екологијата, зошто потфрлиле институциите, зошто не функционираат инспекторати... Екоцид, како го викаат, од широки размери. Канцероген отпад, загадени подземни води... плус почнаа да зборат и за други депонии. Во главниот град имаат исто еколошка бомба.
Иселување колку сакаш, цела Славонија им се опустоши.
Знаеш колку се иселија од Бугарија, Романија, Полска, балтичките држави?!
Нормално сето тоа е поврзано со намалување на првачиња и во тие држави, исто како кај нас.
Бугарите имаат термин за тоа што им се случи, го викаат "демографски срив" (колапс, сром, крах, катастрофа).
Дури ја нарекуваат Четврта национална катастрофа. Првите три им се поврзани со Македонија (втората балканска и двете светски војни).
Па не гледам да велат не ни треба држава, за што ни служи, дај да затвораме дуќан, туку напротив, фрлаат пари да шират национален дефетизам кај нас.
Провери ги истражувањата во Хрватска, со години наназад, прва тема е борба против криминалот и корупцијата, поврзано со недоверба во институции (судство, обвинителство, влијание на политиката).
Партизираноста на институциите е исто тема во многу други држави. Особено во овие што ги набројав, а слободно додај ја и Грција.
А околу бројноста на администрацијата, знаеш ли колкава е во Словенија, слични држави сме по големина, каде е поголема, вкупно, но и процентуално според население?! Во Словенија брои нешто изнад 190 илјади, а во Македонија испод 130 илјади.
Околу давачките, придонесите и добивката од државата како услуга за тие пари...
Ние имаме најмали даноци на Балкан.
ДДВ во Хрватска е 25%, во Словенија е 22, во Албанија, Србија, Бугарија е 20%, во Црна Гора е 21%, а кај нас 18%.
Уфрли ги и сите други даноци пак сме тие што најмалку имаат вакви давачки.
На пример данок на имот или комунални давачки.
Значи, еве, Словенија, зема повеќе од граѓаните отколку Македонија, по сите основи, а притоа има поголема индустрија, повеќе заработува и по тој основ, а така е повеќе од сто години.
И сега очекувате ова наша ваква Македонија, да пружи услови на граѓаните, приближно како Словенија? Со помалку пари!
Сум живеел во Словенија, а и сега сум поврзан доста со неа.
А да се спомне покачување на нешто, не мора ддв, еве данок на имот, комуналии, ќе се крене револуција.
А сакате се да е средено со помалку пари отколку во Словенија, а притоа се почнува од минус. Затоа што во Словенија имаат повеќе пари и тоа за оддржување и постепено надоградување, а кај нас треба да расчистиме и децениски проблеми. Чисто, паркови, игралишта, алпски воздух, градинки најдобро здравство и милион други работи за помалку пари отколку во другите држави.
Дали се краде, да, сигурно, но се краде и во други држави, побарајте афери ќе видите. Добро, признавам дека кај нас се претеруваше (а и околните држави ни се држат добро, се потрудија да не заостануваат.).
И, пак, да виновни се тие што имале шанса да ја оправат државата, таму е главната вина.
Но, не е и дека тука е некое место во кое нема живот, нешто како од дистописки филмови.
Како што не е точно дека во се назадуваме и ништо не се променило, подобрило. Знам дека тој патетичен став е општоприфатен, али нема многу врска со реалноста. Колку и да не е популарно да се напише, не е дека само тонеме во се.