Југоносталгијата постои, дури и кај генерации што не се родени во СФРЈ, главно поради две причини, во суштина се поврзани.
Првата е затоа што распадот беше крвав, а втората е, што освен војна, беше проследен со сериозни општествени промени. И потоа и генерациите кои што се родени потоа, но ги живеа последиците, развија југоносталгија.
Па, нормално е на периодот пред овие работи, да се гледа со носталгија.
На ова се надоврзуваат "класичните" причини за носталгија, поврзано со речиси се што поминало, дури се јавува носталгија за девеесетите во Србија, што ми е надвор од памет, но ајде.
Одредена социјална сигурност, исто буди носталгија, во време и систем, каде имаш помала сигурност, па и покрај тоа што живееш материјално подобро, знае попривлечно да ти изгледа да имаш помалку, а поголема сигурност. Впрочем, тоа е вечна контрадикторност кај човекот, кога има сигурност сака слобода, кога ќе види колкав е теретот на слободата, бара сигурност.
Најдобар пример за носталгија кон "сигурност" е носталгијата во Источна Германија. Таму за разлика од СФРЈ, државата и успева да обезбеди за граѓаните многу поголема социјална сигурност. Работа, стан, примања, се ова многу повеќе и полесно отколку во СФРЈ. Малку им требаше после промената на системот и обединувањето да развијат носталгија кон минатото, која ја има и денес, а се гледа и кога гласаат.
Иднината е секогаш непредвидлива и не плаши, гледаме со несигурност кон неа, сегашноста е испреплетена со проблеми кои треба да ги надминеме, минатото е нешто што сме го преживеале, а ако не носиме некоја лична траума, тоа што веќе сме го надминале, ни изгледа поприфатлио во однос на тоа што не чека затоа што не го знаеме исходот.