Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Да, затоа на нашите најубав им е животот во Југославија, а ние не можеме да сфатиме зошто имаат сјај во очите кога зборат како се шетале секаде со ју пасошот, си купувале фармерки и слични глупи муабети. Младоста и детството под дифолт треба да бидат убави и заштитени од тежината на светот.
Детството и младоста сами по себе, по својата природа, веќе се „заштитени„ во/со сета нивна наивност и непознавање на сложеноста од Светот и на животот.

За оние кои толку ја фалат втората Југославија, недостапна била можноста за споредување на „убавините„ од Југославија со некоја од тогашните најразвиени европски држави, освен за поединците кои или биле на кратка печалба или трајно отселени во некоја европска земја и кои од своето искуство можеле да направат споредба.
 
Последно уредено:
Јас не сум Југословенка, па го имав истото тоа детство.
Така и мислев, а што си, да не си Тутабалгарка?

Така де. И ден денеска во Св.Николе можеш да пуштиш дете да си игра на улица, да излезе навечер, без да му ја мислиш. Комотно маалото ти го пази детето. Проблем е што веќе снема деца, па бабите надгледувачи седат без работа :)

Денес има еден куп жени со над шеесет години кои се уште чекаат да станат баби .... на младите никако не им текнува да им ја доделат таа титула...
Бабите за тоа требало да мислат на времето кога си ги воспитувале децата, сега нека блејат.
 
Кога ќе начукаш извесен број години во газот можеби ќе сфатиш дека не биле глупи муабети а младоста и детството "под дифолт" не се за жал секогаш "фенси" и не се случуваат под стаклено звоно одвоени од времето и државата.
Не реков дека сите деца во светот имаат убаво детство под дифолт, туку дека детството треба да биде такво кога возрасните си ја вршат правилно работата. Не сум растена ја во стаклено ѕвоно.

Така и мислев, а што си, да не си Тутабалгарка?
Јас си ја сакам државата во која сум родена, во која сум растела и во која се уште живеам. Не сум ни Југословенка, ни Бугарка и немам потреба да се правдам за било што.
 
За оние кои толку ја фалат втората Југославија, недостапна била можноста за споредување на „убавините„ од Југославија со некоја од тогашните најразвиени европски држави, освен за поединците кои или биле на кратка печалба или трајно отселени во некоја европска земја и кои од своето искуство можеле да направат споредба.
не знаев дека изнесување на вистината се третира како “фалење“ ;)
Колку што забележав никој не ја возвишува поранешната федерација ами само изнесува свои лични искуства (кој какви имал се разбира) уште помалку пак ја споредува со ЕУропските демонкратии туку едноставно изнесува видување дека некои работи во таја бивша федерација биле функционални, немало претење по контењери, им била ускратена можност да се лепкарошат/или да дојдат до “бело“ и најважното немале мобилни телефони, денес имаат па по цел ден блејат во нив како да се во некој виртуелен свет!
Автоматски споено мислење:

Јас си ја сакам државата во која сум родена, во која сум растела и во која се уште живеам. Не сум ни Југословенка, ни Бугарка и немам потреба да се правдам за било што.
Таман работа се разбира дека си ја сакаш само ме фасцинира тоа што никако не сакаш да ја изговориш/напишеш.
Се понадевав, за кратко, дека ќе напишеш Македонец/ка, ама само кратко!
 
Бабите за тоа требало да мислат на времето кога си ги воспитувале децата, сега нека блејат.
Во мојот крај малку баби, скоро па ич, се такви кои немаат внуци.
Проблемот е во растојанијата.
 
не знаев дека изнесување на вистината се третира како “фалење“ ;)
Колку што забележав никој не ја возвишува поранешната федерација ами само изнесува свои лични искуства (кој какви имал се разбира) уште помалку пак ја споредува со ЕУропските демонкратии туку едноставно изнесува видување дека некои работи во таја бивша федерација биле функционални, немало претење по контењери, им била ускратена можност да се лепкарошат/или да дојдат до “бело“ и најважното немале мобилни телефони, денес имаат па по цел ден блејат во нив како да се во некој виртуелен свет!
Автоматски споено мислење:

Таман работа се разбира дека си ја сакаш само ме фасцинира тоа што никако не сакаш да ја изговориш/напишеш.
Се понадевав, за кратко, дека ќе напишеш Македонец/ка, ама само кратко!
А што е битно тоа? Цело време пишувам за Македонија. Разгледај низ форумов. :D
 
Па не е битно, само некој напишал дека на времето бил Југословен и ти реплицираш без потреба па си реков дека има некоја причина или дека е битно ама изгледа не е битно.

Во главно повеќето на форумов пишуваат за Македонија (барем темиве кои ги следам) само што се разликуваат во поглед на нејзиното минато, сегашност и иднина ... и бидејќи е во тек агресивна бугаризација си реков да не си Тутабулгарка ама велиш не е битно, е па не е де, само си правиме мубает. :(
 
Па да, кажав дека не сум родена во Југославија и пак сум живеела убаво детство, како што напишала членката погоре.

Бугарка не сум и немам бугарски пасош, може да спиеш мирно.
 
не знаев дека изнесување на вистината се третира како “фалење“ ;)
Колку што забележав никој не ја возвишува поранешната федерација ами само изнесува свои лични искуства (кој какви имал се разбира) уште помалку пак ја споредува со ЕУропските демонкратии туку едноставно изнесува видување дека некои работи во таја бивша федерација биле функционални, немало претење по контењери, им била ускратена можност да се лепкарошат/или да дојдат до “бело“ и најважното немале мобилни телефони, денес имаат па по цел ден блејат во нив како да се во некој виртуелен свет!
Хммм....отсекогаш мислев дека субјективата вистина е „исто„ што и опис на објективните состојби во една држава/општество. :icon_lol:

Моите лични искуства од битисувањето во Федерацијата се негативни, и тоа без никакви споредби меѓу втората Ју и било која друга држава, дури и во случај да „другата„ (држава) била на понизок развој од втората Ју.

Едноставно (нели...), живеам моја (субејктивна) реалност , односно не живеам според нечии (лажни) статистички податоци.
 
Моите лични искуства од битисувањето во Федерацијата се негативни, и тоа без никакви споредби меѓу втората Ју и било која друга држава, дури и во случај да „другата„ (држава) била на понизок развој од втората Ју.
Да, тоа се гледа од авион и не мора да се повторува ама изгледа последиците се така прифатени што си го направиле своето.
Со причина е направена дистинкција помеѓу субјективно и објективно.
Проблемот е што на твоето лично искуство генерализираш и се обидуваш сите да ги убедиш во тоа. (твоето искуство го ставаш во улога како генерален принцип што не би требало)
 
Напротив; мојот став е личен/субјективен и тоа секогаш го нагласувам!

„Убавата„ статистика не ме „занима„!

Од друга страна, имам наведено и спротивни случаи, како што е примерот со мои блиски роднини, кои будалееа од имањето пари дури и во условите од СФРЈ.
 
Па не е битно, само некој напишал дека на времето бил Југословен и ти реплицираш без потреба па си реков дека има некоја причина или дека е битно ама изгледа не е битно.

Во главно повеќето на форумов пишуваат за Македонија (барем темиве кои ги следам) само што се разликуваат во поглед на нејзиното минато, сегашност и иднина ... и бидејќи е во тек агресивна бугаризација си реков да не си Тутабулгарка ама велиш не е битно, е па не е де, само си правиме мубает. :(
Чичо тебе само бугари ти се привидуваат на форумов.
Да те потсетам освен бугари и југословени, постојат уште 1000 народи,националности и државјанства.
 
И Црпе не беше Тутабулгар па коа се разбудивме/те, гледаме сите не направил коси црти!
Јас мислам дека ти си најголем бугар и си ја имаш мувата на капата :eek:
 
Back
На врв Bottom