Грешката е кај тренерот, премногу претпазливо влезе на натпреварот, каснеше со измените.
Штета што Марко беше повреден само он од напаѓачите физички можеше да се бори со противничката одбрана. Но Положани не смееше да касни толку со внесувањето во игра на Бесарт, мораше барем 20 минути да му даде.
Исто и со Красниќи требаше од старт на второто полувреме да го пушти во игра, ние и така бркавме негатива, а игравме како да имаме нерешено.
Димовски разочара, ептен панични реакции имаше и погрешни додавања,да не зборам за тоа што не постоеше во офанзива да дуплира со Криезиу.
Ндзенге не знае гол да даде и ако не проработи на реализацијата ќе треба да се закотви на клупата.
Се на се моравме похрабро да влеземе во натпреваров, вака кога ќе погледнеш подобар фудбал игравме на гости иако изгубивме отколку на домашен терен.