- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 34.727
- Поени од реакции
- 73.669
На темава се зборува како никој не може да купи, никој не купува, а станчињата до 60м² одат како алва.
Не може ниту да се ценкаш со агенции, оти ако не го купиш ти, има уште 2-3 што одма ќе го земат, посебно ако е добра цената и локацијата.
Ретко која нова зграда е довршена, а да има празни станови за продажба. Обично само тие со поголема квадратура остануваат не продадени.
Бев пред некое време, да прашам за цени, и буквално на дупка ископана, со 2-3 години рок на градење, имаше само 1 стан во вертикала каде што се становите од 49м2 и 58м2.