Ѕвездите на Гранд (Канал 5)

  • Креатор на темата Креатор на темата DIJAMANTE
  • Време на започнување Време на започнување
^ 2 типични примера како изгледа еден класичен гомнојадец.
 
Се надевам дека по ова конечно Македонија ќе добие музичка ѕвезда со која ќе можеме да се фалиме и гордееме пред другите:)

Ваљда стан во Белград доби, сега ќе потпише договор со Гранд продукција, ќе му снимаат албум со песни на српски јазик и ќе прави концерти во Комбанк арена.

А ние ќе се гордееме што е Македонец
 
Ваљда стан во Белград доби, сега ќе потпише договор со Гранд продукција, ќе му снимаат албум со песни на српски јазик и ќе прави концерти во Комбанк арена.

А ние ќе се гордееме што е Македонец
Колку што знам он изјави дека ќе ја сними песната на Македонски јазик. А и како и каде да се гордееме на нашите таленти од земјава кога за нив нема бар еден мал простор за изразување кај нас?
 
images.jpgimages.jpgсссс.jpg
bojan.webp

images.jpgдддд.jpgScreenshot_89-2-690x856.jpg

... второто место во финалето исто така и припадна на македонска претставничка, Мирјана Митрева од Кавадарци, растур направија двајцата!
:bravobe::oeoeoe:
 
Последно уредено:
Толку ми е глупо ова со нагрнувањево на знамето. Мислиш на Евровизија победил.

Друго што дека овој победил. Победи една година и тој Ристе Ристески и не сум слушнал многу песни негови. Гранд одамна не е тоа што беше некогаш.
 
... Евровизија денес ти е нешто репер?
Секој кој е среќен си го нагрнува знамето доколку го има, на свадба, на празник, на веридба, тоа значи победа и љубов кон Македонија, зошто да ти е глупо! :toe:
 
... Евровизија денес ти е нешто репер?
Секој кој е среќен си го нагрнува знамето доколку го има, на свадба, на празник, на веридба, тоа значи победа и љубов кон Македонија, зошто да ти е глупо! :toe:
Не ми е репер Евровизија онака само споредба направив поради знамето.
Мене и на свадба кога ќе видам знаме ми е тотално глупо. Разбирам си ја сакаат државата ама некако глупо ми е тоа докажување.

На празник океј ми е да има знаме, на пример негде каде стварно ја преставуваш државата. Овде на Гранд се пријавиле пред се само за себе а не за љубов кон државата.
 
...преку носење на државното знаме од страна на наши граѓани при победи во странство означува национално претставување, поттикнување гордост и дипломатија преку спорт, уметност и наука.

... знамето е најсилниот државен симбол со кој јавно се објавува дека земјата на победникот е присутна и релевантна на глобалната сцена и со овие гестови го привлекуваат вниманието на светската јавност и создаваат позитивна слика конкретно за Македонија, а дополнително тие особи својата победа која е лична ја посветува на државата, тоа важи за сите патриоти во светот почит кон своите држави!
 
На Сител и на реприза од финалето врти текст со број за гласање :icon_lol:
 
Кога гледам “М“акедонци во „Звезде гранда“ и во „Никад није касно“ најкултурно да се изразам - ми се плаче, а најнекултурно - ми се :гомце:.

Автоматски споено мислење:

...преку носење на државното знаме од страна на наши граѓани при победи во странство означува национално претставување, поттикнување гордост и дипломатија преку спорт, уметност и наука.

... знамето е најсилниот државен симбол со кој јавно се објавува дека земјата на победникот е присутна и релевантна на глобалната сцена и со овие гестови го привлекуваат вниманието на светската јавност и создаваат позитивна слика конкретно за Македонија, а дополнително тие особи својата победа која е лична ја посветува на државата, тоа важи за сите патриоти во светот почит кон своите држави!
Бла, бла, бла.
Автоматски споено мислење:

... Евровизија денес ти е нешто репер?
Секој кој е среќен си го нагрнува знамето доколку го има, на свадба, на празник, на веридба, тоа значи победа и љубов кон Македонија, зошто да ти е глупо! :toe:
Затоа што на Евровизија се натпреваруваат држави, а на Звезде гранде НЕ!
 
Последно уредено:
Иако не сум воопшто љубител на музиката која најчесто се изведува од страна на натпреварувачите, не би била искрена кога би рекла дека не го следам натпреварувањето. Притоа, се подразбира од горенаведеното, навивам за изведувачите на поп-рок музика, кои не мора нужно, по секоја цена, да се Македонци. Не го разбирам концептот на поддршка и гласање на свои сонародници, дури и кога истите можеби воопшто не би ги слушале "приватно". Натпреварувачите во "Звезде Гранда" се претставуваат самите себе, а не државата од која доаѓаат, како што е случај со Евровизија. Оттаму, како што некои од членовите веќе посочиле, истакнувањето на државни симболи е, во најмала рака, несоодветно. Постојат соодветни настани за покажување љубов и почит кон државата, прилики да се биде "горд Македонец". Ова не е една од нив. И да, Мирјана и Бојан ги зазедоа првите две места, не затоа што направија "растур", туку затоа што "сиромашниот" македонски народ потроши поприлично големи средства од домашниот (семејниот) буџет гласајќи по национална основа, како би им "покажал" на сите, а пред се на Босанците дека сме најдобри. Објективно, имаше многу подобри вокали од нив и од народната и од забавната музика, соодветно.
 
Back
На врв Bottom