Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека со овие трансфери се стави крај на шпекулациите дека клубот е пред банкрот, дека нема да може да си дозволи засилувања, иако нема да игра во Европа.

Клучно е да се ослободат од непотребните играчи, Алонсо да има 20 и нешто ситно играчи, и оние кои ги има да знаат дека ќе добијат по некоја минута, во лигата и во куповите.

Во однос на одбраната, мора да се донесе нов голман и да се ослободат од Санчез или од Јоргенсен. Хато, Џејмс, Палестра, Колвил, Лакроа и можеби уште еден стопер, останатите се вишок. Ачемпонг е печен за позајмица, ама во ПЛ. Фофана пречесто е повреден, формата му е повеќе падни, отколку стани. Чалоба треба да оди под Цеск, ем ќе заигра фудбал, ем ќе се искешира нешто пари за него, ем може да напредува во кариерата. Не го гледам како играч, на долг рок, кој може да брка титули со овој клуб. Башка е на излезна врата, натегање има околу крајната сума, +/-5 милиони. Тосин, Дисаси, Густо и Бадиашвил надвор. Ако Сити покаже интерес за Густо, мора да се искористи оваа шанса, со оглед на тоа дека има двајца фудбалери на неговата позиција.

Средината ја гледам Енцо-Каиседо, Есуго и Лавиа како замени, само и едниот и другиот се стаклени, а Сантос отиде за Јунајтед. Направија добар дил за Сантос, стабилен играч, солиден, искрено се надевам дека он ќе ја скрши клетвата на сите средишни играчи кои од Челси заминале во Јунајтед.

Палмер и Роџерс би биле идеалните крила во тимот, иако и едниот и другиот можат да играат САМ, тука е и Жоао, Педро Нето, Естевао и Квенда. Ако можат да се ослободат од Гитенс, Делап и Џексон ќе биде супер, со ова ќе се остави простор за уште еден напаѓач, по можност класичен шпиц затоа што минатата сезона носителот на головите беше Жоао, кој пак, и не е класичен шпиц. Се шушка и за Велбек, може пак ќе се пазари во Брајтон. Искрено не би било лошо да го имаат на клупа, како џокер, а нема да чини нешто посебно скапо, сепак е на залезот на кариерата.

Може да им се ували некој од отпадоциве на новиве клубови, било кој, обично трошат како ненормални, а им требаат играчи со ПЛ искуство. А може некој од овие и во Арсенал, да не се прекине ланецот од неколку врзани трансфер сезони по ред, еве, пример, Делап. Или во Евертон, на местото на Колман, ќе крши нозе, ќе прави пенали. Сивоња, има енергија, сила и волја да го сопре противникот по секоја цена, башка е говедо, класичен бек. Цеф го боли дали топката ќе ја стави во мрежа или не.

Сем шпиц и голман, може да се засили и одбраната. Не гледам причина да се фрлат 100 милиони за Скот. Ниту вреди приближно толку, ниту се потребни играчи од средината, а притоа не се средени другите сегменти во тимот, пред се одбраната. И подобро Вортон него ли сезонскиов. И ова во случај Енцо да си замине било во Реал или во Атлетико.

Спурси имаат одличен трансфер период, па и Јунајтед се солидни. Ја засилија средината, што им беше клучно, и се ослободија од неколку играчи, ко Хојлунд. Спурси ја средија одбраната и средината, може ќе ловат крило.

Ми се допаѓа тоа што Алонсо има одврзани раце, со дел од играчите сеуште немал тренинг, Гарначо го отпиша, со исфрлија. Се надевам дека така ќе ги реши сите слаби алки во тимот. Конте имаше успешна сезона со 3-5-2, и со 3-4-3, тактичка формација за во жабарската лига која добро се покажа и во ПЛ. Менаџер кој има водено гиганти, за разлика од некои претходни тренери, башка има и играчко искуство во самата лига, ја знае психологијата на играта, супер менаџерска замисла, многу подобра од се што беше назначено и/или именувано последниве 4-5 сезони. Можеби и најголемото засилување за тимот овој трансфер период.
 
Aлонсо да не има фетиш на средњаци над 33 години...
Не знам за Алонсо, ама некој од менаџментот сигурно има фетиш на се што е од Брајтон и тоа веќе неколку години.
 
Aлонсо да не има фетиш на средњаци над 33 години...

Не знам за Алонсо, ама некој од менаџментот сигурно има фетиш на се што е од Брајтон и тоа веќе неколку години.
И двете може да се точни :D

Алонсо си бара играчи што ги знае, свесен е дека на тимов му требаат лидери и искусни играчи.

Менаџментот сигурно има процент кога купува од Брајтон, друго објаснување нема.

И Стоунс го утнале, братот се договорил со Интер.

Какви леваци се овие од управата стварно не се можни.
 
Што бе, никој не гледа? :D
Добро е, избегнавме тајбрејк hehe

Гитенс и Сатпаев супер денеска, морам да го пофалам Гитенс делуваше добро во споредба со тоа каков беше лани.
Гледав дали сум пишал нешто за Сатпаев порано, ама само ова е за жал

Да игравме КЛ мислам Сатпаев можеби и ќе останеше, вака само се надевам ќе му дадат добра позајмица.
Донев ќе потврди дека го имам фалено и овој е уште еден од тие што имам очекувања...ама како што веќе еднаш реков:
До сега буквално ниту еден од играчи за кои што сум бил хајпнат не добил шанса кај нас :ROFLMAO:
Ваљда Естевао ќе биде првиот? Ќе видиме кој ќе биде вториот и кога :ROFLMAO:

Одличен трибјут за Гоце Тодоровски од страна на Челзи со хет-трикот на единствениот:


(пинг, дечките од KSC темата што се чудеа што е семпл што е крадено..ова е и двете бре! Каква песна не ви текиња да постирате...башка трибјут за Гоце..ццц, лапајте си пбоеда, ама никој не ме чита (n) :( )

Ок одигравме, ама се гледа дека повеќево младичи не се за у прв тим. Голман ни е специфична позиција се уште ама... ајде, ок е.
Воедно... знам дека е пријателска и за Австралијанциве, ама мислев подобри ќе бидат... Знам, 4 гола дадоа ама делуваа исто ко нашиве, ептен влезени ко на одмор да играат...

На тема трансфери...

Ок бе. Велбек. Легенда на Челзи. Повеќе пати се спомнати неговите голови на твитерот на Челзи од фаци ко Делап и Хаверц...


1785239952505.png
Jose Mourinho : "We are trying to get a player that a manager told 'You will be second option.' We are not going for Van Persie"

Се прашуваме на кого мисли хмм.. да не е Велбек ?

Конечно испадна нешто од муабетов...

@Ryan GIggs Брате еве покрај Мата и Еден и Оскар ќе ви ги дадеме само ве молиме пуштете ни го Велбек :vozbud::icon_mrgr:

Фала Рајан Гигс, требаше порано да ми вратиш (y)
Се што треба да се знае за тоа каков страв беше човеков за нас е овој мој коментар од пред 13 години:
Неееее Велбек...

Каков longevity има човеков, на ниво со ЛеБрон Џејмс и Ен Хатавеj...

Воедно, излезе првата слика од филмот на Нетфликс за Џани Инфантино, во оваа сцена ги гледа трансферите на Челзи и како тоа иако не смеат да прават трансфери со Астон Вила во следните 45 денови после купувањето на Роџерс...магично потпишуваат позајмица за Гарначо што 100% не е задолжителна бидејќи треба да се исполнат услови како "Еднаш да се почеша на утакмица"
Интересно, воопшто не е сомнително и како тоа после 10 трансфери со Брајтон, им го купуваме Велбек кој реално вреди 50 фунти и Сникерс...

Еден да земе да истражува сомнителни и barely legal ствари што имаме има мамата у книшка да ни ја изнаебат...

Нејсе, не гледам како Велбек е бољи трансфер за нас од Џексон/Делап

Не знам више што е трансфер на Алонсо, а што на Клирлејк, барем добар им е ПР-от сега, за БУКВАЛНО СЕКОЈ трансфер има "Ne sakashe da dojde vo Chelzi, ama posle razgovor so Alonso beshe ubeden i zatoa go odbra, igrach na Alonso e ovoj, zhimi majka nemojte sopstvenicite da gi pcuete"

Хендерсон.... после тоа што беше викнат на СП, убеден сум дека човеков е некој мастер мотиватор(/манипулатор?) што знае како да испере мозок на играчи, пошто не знам зошто би биле поврзани со него.

Очекувам вака (клик на зборчето, не ми дава посебно да постирам) да му е просечен тренинг на Хендерсон, бидејќи не очекувам ништо од него..


А секако, после поврзувањето со трансфери за Џака, Велбек и Хендерсон, следна логична идеја е:


И тоа е тоа.

Да се испоштува исто и видеото на Марк, легенда на Челзи, благодарност за ова иако не мораше (и повеќе направи за простување од Маунт!)
Особено се гледа дека се намачил и на англиски да го направи иако можел на мајчин јазик со subtitles, пошто англискиов му е малце..."гуд морннг мистер постман"

:cuc: Со среќа нека му е и на него и на Жозе

 
Анчелоти промаши што не го зема Жоао на светското, во најлош случај ќе имаше солиден играч од клупа, ростер за Мартинели.
 
Eве и официјално потпишан за Челзи.

Не ми е јасно само зошто не го земаа и Стоунс, ама ајде.

Сега треба да се фокусираат само на продавање на шкартот и тоа што е можно побрзо.

Јоргенсен, Делап, Фофана, Тосин, Бадијашил, Дисаси, Сар, Густо, Есуго, Лавија, Нето, Гитенс, Џексон, Гиу, Фофана, Емига.

Сите овие да ги дадат по 20-25м фунти (реално и повеќе се некои), ќе имаат еден куп пари и заштеда на плати.
 
Велбек и Хендерсон се најверојатно наши нови играчи со договор на две години.

Хм незнам што да кажам за трансфериве, дефинитивно ова е нешто ново од америве, ако нешто збори тоа е дека конечно веќе е сослушан менаџер дека во тимот треба искуство и треба квалитет, а не само млади таленти.

Велбек и Хендерсон, Вокер се со најголемо искуство во премиер лига.
Штета што Милер се пензионираше сигурно он ќе беше прв на мета.

Велбек би го ставил пред Делап,
Сантос исто лани беше просечен така да Хендерсон сигурно нема да е на штета, плус ликот ја знае премиер лигата.


Наводно сме заинтересирани и за Тео Хернандез, незнам во каква состојба е бидејќи игра во арабија, но ако е некако достапен и се земе топ трансфер.
 
Еве ви интересна игра. Нема финта нема ништо, ако сакате blind guessing дадете одговор па стиснете на спојлер.

Кој напаѓач би го преферирале да игра за нас следната сезона:

Играч А: 41 настап 16 гола

Играч Б: 44 настапи 17 гола

Играч Ц: 47 настапи 3 гола

Играч Д: 40 настапи 14 гола

Бонус опција:
Играч Е: 37 настапи 16 гола

Одговор:

Играч А е Првата сезона на Дрогба во Челзи

Играч Б е Првата сезона на Џексон во Челзи

Играч Ц е Првата сезона на Делап во Челзи

Играч Д е Последната сезона на Велбек во Брајтон

Играч Е е Последната сезона на Омерагиќ во Вардар
 
Види Зоки статистика е релативна работа, не дека не се битни головите ама битно е и на кој резултат, против кој противник што ако на 3-0 има дадено гол против Нотингем Форест или Лидс ако например во дерби натпревар со Ливерпул се нема составено со топка или против Јунајтед има промашено 2 зицери на 0-0.

Еве земи го за пример Жеру немаше некоја статистика ама знаеше и те како да одигра тимски.
Ни Дрогба нема некоја статистика ама кога беше тесно он беше тука да постигне гол за победа од нигде ништо, финале он е тука да постигне гол.



Секако дека овој Челзи со Америве и тој Челзи во пикот на Роман ерата нема никакви точки кога е успех во прашање или играње на такви големи натпревари ама искуство поготово натпревари во нозе му фалат на овој тим.


Засега сум задоволен од стартот на Алонзо во поглед на санирање на критичните точки во составот.
Назначување на технички аналитичар во сегмент на прекини, земање на нов тренер кој е високо рангиран кај тренери за прекини,
донесување на искусни играчи кои добро ја знаат премиер лигата и можат да дадат совет и мотивација кај екипата.
Еве Роџерс и Лакроа се во кошот на играчи кои инстантно веднаш ја подобруваат играта на тимот.

Сега се на потег лицата задолжени за продажба бидејќи има доста играчи кои треба да се продадат и да се испратат на позајмица.

Е кон крајот на август ако успејат да го донесат Тео Хернандез и Мурињо на пример би било топ преоден рок.
 
Back
На врв Bottom