Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Види сега не знам дете колку ќе се сети на Северѓанија или Булгаризација. Дете чиј родител беше однесен Голи Оток повеќе го сеќава тоа време. Нејсе. Туку не можеш сегашно време со пред 70 години да споредиш. Нема врска тоа со државата.

Знаеш како, старите Германци од исток да ги прашаш сите викаат имале убаво детство во ДДР ама па самите тие креваа востание против таа држава. Времето многу го заматува сеќавањето. Фактите се други. За едни Југославија беше рај за другите пекол.
Изгледа сите сте биле на ист курс.
ај уште еднаш, само читај внимателно,

на коментар ти одговараш со следново,
Све во ред само не разбрав детството ти недостига или Југославија?

...на ова јас одговарам дека неговото/нејзиното детство какво и да е креирано/овозможено од државата!
Ако им недостига детството тогаш по автоматизам им недостига ехЈУ затоа што такво детство им овозможила.

и на ова то одговараш со она горе, по се изгледа ти не си на земјава.
 
Околу детството, по стотипат приказната со дедото.
Дедоо, кога беше најдобро, во српско, бугарско или сега?
Во српско.
Како бе дедо тепале до усерување.
Абе тепаа, ама јас тогаш имав 19 години.
Значи во многу случаи е жал за младос, што би кажаја Митке, не државно уредување.
 
Е како е нејзиното детство креирано од државата а не на пример од родителите, пријателите итн?

А што е со другите детства кои не биле толку среќни? За тоа е крива државата?
 
Све во ред само не разбрав детството ти недостига или Југославија?
Автоматски споено мислење:

Старите родени и раснати на село (генерација родени 50тите) ќе кажат дека јаделе трици (буквално) и ако имале среќа пиеле млеко од прав донација на САД. А и 4 од 9 родени деца доживеале полнолетство. Земја на контрадиктности.
Да ти одговореше колешката дека и недостига детството во Југославија, ќе те задоволеше ли одговорот или пак ќе ти се мотаа по глава Голи Оток и овие трициве?
 
Околу детството, по стотипат приказната со дедото.
Дедоо, кога беше најдобро, во српско, бугарско или сега?
Во српско.
Како бе дедо тепале до усерување.
Абе тепаа, ама јас тогаш имав 19 години.
Значи во многу случаи е жал за младос, што би кажаја Митке, не државно уредување.

Анегдотава е позната и во други варијанти, на пример онаа со чичето кое муабетело со Тито и неговите генерали, па на прашањето (до чичето...) кога му било подобро, во Југославија или во краљевината, чичето рекло дека најдобро му било во Австро-Унгарија...оти тогаш бил млад!

Ќе да е (секогаш....) до годините/возраста, а не до државата и нејзиното политичко-идеолошко уредување.
 
Тоа е тоа, к*рето кога рипа, се’ е во ред. Млад си, не ти е тешко да работиш, ништо не ти е тешко. Се’ ти е вкусно, се’ е убаво. Државата и државното уредување не ја рецкаш ни 5%.
Кога ќе ти помине рокот на траење, ништо не чини, ни автобуси, ни амбуланти, ни пазар....
Зезнато е што некои на кои не им даваат жените, целиото незадоволство го истураат на форумов. Де Тито не бил Тито, де Јованка не била Јованка.
Во држава која функционира никого не го боли дали петседателот оди со кола или со точак на работа. Негова работа, негов проблем.
Се кладам дека 99% од шФицарците појма немаат како им се вика претседателот.
 
Ако е за така и Македонија имаше премиер кој секој ден беше на вести, не тресеше зелени ко претходниот и никој не му го знаеше името.
 
Тоа е тоа, к*рето кога рипа, се’ е во ред. Млад си, не ти е тешко да работиш, ништо не ти е тешко. Се’ ти е вкусно, се’ е убаво. Државата и државното уредување не ја рецкаш ни 5%.
Кога ќе ти помине рокот на траење, ништо не чини, ни автобуси, ни амбуланти, ни пазар....
Зезнато е што некои на кои не им даваат жените, целиото незадоволство го истураат на форумов. Де Тито не бил Тито, де Јованка не била Јованка.
Во држава која функционира никого не го боли дали петседателот оди со кола или со точак на работа. Негова работа, негов проблем.
Се кладам дека 99% од шФицарците појма немаат како им се вика претседателот.
А ако позади убавиот ќивот се криела страшна манипулација и тогаш тоа не е битно ?
 
На тие што им недостасува треба да знаат дека албанците беа нај привилегирани и заштитени во таа држава, михајловистите татарски слободно шетаа, соработуваа со удба дури и беа на функции како и србоманите, додека тие што мислеа за народно и национално обединување завршија лошо.
3256.jpg
 
Последно уредено:
Е како е нејзиното детство креирано од државата а не на пример од родителите, пријателите итн?

А што е со другите детства кои не биле толку среќни? За тоа е крива државата?
Изгледа ќе треба да се црта.
Родителите во тоа време работеа една работа останатото време го посветуваа на своите деца кој ги имаше се разбира.
Значи и на родителите им беше креирано благосостојбата/немаштијата од државата, а тоа свое расположение потоа се рефлектираше врз нивното потомство.
Денес родителите работат по две работи или не работат кој како и времето кое може да им го посветат на своите деца е лимитирано па улогата за воспитување на нивните деца е на медиумите/интернет или улицата затоа што родителот кога ќе си дојде од работа е или уморен заради енормната експлоатација или надркан затоа што нокој си шеф го дупел цел ден...
 
На тие што им недостасува треба да знаат дека албанците беа нај привилегирани и заштитени во таа држава, михајловистите татарски слободно шетаа, соработуваа со удба дури и беа на функции како и србоманите, додека тие што мислеа за народно и национално обединување завршија лошо.
Прегледај го приврзокот 483756
Сине на ВМРО, (така си барем потпишан)
Картава не можам да ја коментирам, изворов "Комисија за тајни гробници, 2010" уште помалку.
Меѓу патриотизам и национализам разликата е само еден жилет. Најдобар доказ за тоа се сите оние логори од 1991 до 1996 поради братоубиствените војни, верувам дека и ти си ги видел оние слики и видеа на логораши ама буквално логораши како од Аушвиц. До ден денешен уште откопуваат масовни гробници во потрага по исчезнати. Се смета дека околу 130.000-140.000 луѓе загинале а 4.000.000 биле раселени во тие војни. Вредеше ли?
 
Тоа е тоа, к*рето кога рипа, се’ е во ред. Млад си, не ти е тешко да работиш, ништо не ти е тешко. Се’ ти е вкусно, се’ е убаво. Државата и државното уредување не ја рецкаш ни 5%.
Кога ќе ти помине рокот на траење, ништо не чини, ни автобуси, ни амбуланти, ни пазар....
Зезнато е што некои на кои не им даваат жените, целиото незадоволство го истураат на форумов. Де Тито не бил Тито, де Јованка не била Јованка.
Во држава која функционира никого не го боли дали петседателот оди со кола или со точак на работа. Негова работа, негов проблем.
Се кладам дека 99% од шФицарците појма немаат како им се вика претседателот.
Ме потсети на:
 
Ме потсети на:
Ок тоа е став на една генерација и јас немам ни право ни обврска да кажам дали е во право или не. Макар што се слагам со него.
Нашата генерација испадна ко муда у процеп. Кога ние требаше да градиме, снема кредити, снема станови од синдикат. На крај ни товарија и да се раскусуруваме за нечии велики идеи.
Растевме деца во транзиција од една во друга држава.
Трагедијата е во тоа што останавме без држава во која ги вложивме своите најдобри години, за да добиеме држава на која не сме и потребни, ни ние, па ни вие, да ми извиниш.
 
Сине на ВМРО, (така си барем потпишан)
Картава не можам да ја коментирам, изворов "Комисија за тајни гробници, 2010" уште помалку.
Меѓу патриотизам и национализам разликата е само еден жилет. Најдобар доказ за тоа се сите оние логори од 1991 до 1996 поради братоубиствените војни, верувам дека и ти си ги видел оние слики и видеа на логораши ама буквално логораши како од Аушвиц. До ден денешен уште откопуваат масовни гробници во потрага по исчезнати. Се смета дека околу 130.000-140.000 луѓе загинале а 4.000.000 биле раселени во тие војни. Вредеше ли?
Историски гледано договарање за да се заврши војна секогаш завршува со контраефект и лошо за страната што преговарала за својот дом.
Наспроти тоа, завршената војна — иако е брутална, носи дефинитивен крај. Таа носи резолуција, ги менува политичките реалности и го расчистува патот за долгорочна геополитичка рамнотежа, наместо да ги остави нациите заробени во исцрпувачка неизвесност од неизбежен иден конфликт.
Се надевам ти го одговорив прашањето.
Ние во историјата и 44та и 2001 сме спречени да бидеме слободни, и сметам дека на крајот ќе ја платиме најскапата цена што ниту една војна неможе да го направи, духовно, културно, национално самоуништување.
 
Back
На врв Bottom