Тоа за девсот би имало логика ако никне од нигде на 20+ години. Во пракса и он трошел доста ресурси од државата, дали за образование, дали здраство или бил било каква инфраструктура - некој плаќал за тоа. Вакви аргументи има до недоглед. Со оглед на тоа во каков меур живеат луѓето во ИТ и слични струки, не ме чуди што и веруваат дека израснале во меур.
Главна причина е секогаш од себични причини, односно финансиска. Некој ќе признае, некој ќе си бара начин за да си ја оправда постапката, како што си ја оправдуваат и многу други во државата.
Види, ако сакаш да гледаш низ призмата на: "Данокот треба да се плаќа, исто е за сите, ако не сакаш тогаш си себичен" тогаш да, во право си. Објаснија другиве дечки, да не се повторуваме. Ако сакаш да правиме математика колку државата потрошила за рандом дев и колку тој вратил назад во однос на рандом административец, ќе направиме.
Ако одиме во таа насока, државата треба да ги скине едно 60% од институциите и образовните установи (факултети) затоа што голем дел од тие луѓе се во длабок минус ако ги споредиш со професија која повеќе допринесува.
Ама еве размисли, какво е чувството да живееш во Гостивар (актуелна ситуација), да плаќаш данок за 5 луѓе таму и на крај да те трујат со ебаната вода.
Ако ова не ти предизвикува револт, покрај се друго што пишаа дечките погоре, стварно не знам како да ти ја доловам ситуацијата.
Еве јас пишав пред некоја страна дека 10% стварно не е многу да се плаќа, ама кога ги согледуваш сите други работи, и за нив ти станува криво.
И тоа што никој не го спомнува е менталниот данок што го плаќаат луѓето во ИТ светот со големи плати. With big power comes big responsibility. Не за џабе еден куп луѓе од ИТ се влечат по психиолози, имаат burnout, работат по 60+ саати неделно итн, итн...
За тоа дека ќе избркаш 90 посто од администрација и нема да се осети, како и тоа дека ќе умреш ако немаш приватно здравство е типичен ИТ муабет и искрено не ми се тера натака.
Сакаш да кажеш дека шансите да умреш не ти се повеќекратно зголемени ако се потпираш само на државното здравство? Немој така брат, ако земам сеа да набројувам од што умираат луѓе на ебаната клиника во Скопје (да не збориме ич за другите градови), ќе ми треба 1 година да се оправам.
Проблемот е и за тие пари што ги плаќаш еве да речеме во администрација не добиваш квалитетна услуга(ако воопшто ја добиваш) туку само нервози и потрешени денови од одмор за завршиш нешто. И проблемот е што не им се прави контрола на сите овие што избегнуваат да плаќаат данок и придонеси. Во ова спадаат и овие фрилансери што терат пајонир шемата или некоја друга. Инаку да, трагикомедија е да некој бара да не плаќа данок воопшто на 3к+ примања и притоа да се жали дека ништо не фукнционира.
Не верувам дека некој бара целосно да биде ослободен од данок затоа што зема 3к+ примања. Она што би можела државата да го направи е некое олеснување за луѓето кои и носат несразмерно повеќе пари од просечните граѓани директно од странство. Значи тоа се пари што се вбризгуваат директно во нашата економија. Не е само тие 10% што ќе се платат, туку и тие 18% што ќе се платат на сите услуги и ресурси што ќе ги купат во државава.
Ако државата можеше да дава даночни олеснувања за странските компании што отвараа фабрики тука, зошто да не може да даде олеснувања и за своите граѓани? На тој начин ќе ги натераш овие висококвалификувани луѓе да останат во државава а дури може и да добиеш повратници.