Во друг клуб, т.е. во екипа која игра подруг систем на дефанзива, Араухо би бил карпа стопер.
Додуша има и брзина и техника, што само по себе треба да го прави идеален за овој систем на Флик, ама мислам дека кај него проблемот е повеќе психички, после 2та црвени картони (ПСЖ и Челзи) не е истиот играч, игра со грч некако. Немилосрден е денешниот свет, ако ти се нафрлат ботови од Индија на твитер и ако се замараш со тоа, ќе те изеде жив психата.
Некој погоре има пишано ако си отиде Феран, а Алварез се појасно е дека нема да дојде (нема да го пушти Атлетико во Барселона за помалку од 500м), дека ќе мора Гордон да игра 9ка.
Ако си оди Феран, под итно мора да искешираат за класа шпиц, ако не постои таков, нека го измислат. И пред да излезат муабетите за заминување на Феран, приоритет за новата сезона беше напаѓач (Гордон не е тоа), некој убиец што ќе гарантира 25+ голови во сезона. Мислам дека конечно се вратија на 1:1 правилото, така да очекувам некоја јака операција од Деко и Лапорта.