По мене, ова повеќе го прават ради себе, него за да ни наштетат нас (пошто истава политика ја водат и преку амбасади надвор од Македонија). Имаат
голема демографска криза, а да се разбере во какви проблеми се, имаат
затворено околу 700 училишта само во една година пошто немаат деца. Имаат доста стари луѓе (поради долг животен век) а малце деца се раѓаат, додека доста млади фамилии се селат низ ЕУ. На долги стази ова е неиздржливо (и од аспект на економија и од аспект на државни расходи како пензии). Поради ова бараат начин да го надокнадат тоа што го губат.
Истава политика ја пробуваат и во Австралија, САД, Канада (каде што ЕУ пасош би бил привлечен). Пробуваат и со визи за дигитални номади, пробуваат на разно разни начини да привлечат луѓе да живеат во Грција, али проблемот е што економски не се во завидна позиција, океј се за туризам али ако треба некој да живее таму (да брка кариера, бизнис, да се потпре на здравствен систем) далеку е од некое завидно ниво. Се предвидува дека во следниве 25 години
ќе изгубат 20% од сегашна популација и по мене, целава политика околу пасоши, дигитални номади, е поради ова.