Многу нормално дека баш синоќа ја сонував Калдрмо.
И тоа не само како песна туку сосе спотот, и тоа не само сосе спотот туку и јас во самиот спот, ама не како статист, туку како да не е спот ами реално случување. Можеби некој друг би доживеал благ шок, ама јас свикнав, па може дури и отрпнав на овие надреализми и неверојатни коинциденции, гличови во Матриксот и случајности како да се од Шоуто на Труман. А универзумот што ми ги сервира тие надреализми само сакаше да ме потсети на задачата што заборавив да ја завршам вчера. Додуша не заборавив скроз, ми текна сабајлето, ама се зафатив со работи и заборавив попладнето.
На свадбата прописно се отчукав за прописно и да ја испратам. Многу нормално со некој кој има потполно исто име како моето. Како да не се навикне човек после. Повеќе се чудев што нема воедно и исто презиме отколку што ќе се чудев ако стварно имаше. Кога истиот тој универзум сака да те ебе не му е доволно да ти го зачука до крај туку сака и одозгора на тоа да ти закачи и сифилис. И цело време и таму и на патот за накај дома, во себе, (затоа што немав ниту храброст ниту подлост да ја нарачам во живо како Балашевиќ што ја нарачал Јесен Стиже Дуњо Моја), си ја пеев Чисто Да Знаш. Да погинем без метка, и без капи зноја.
Многу нормално не беше пишана иако помислив дека е. Кога ги откуцав деветте дирки, останаа само бројките без име. Не се доволни ни зачукувањето, ни сифилисот. Универзумот сака и ништо да не заборавиш од сето тоа. Да памтиш вечно. Учтиво се заблагодари. И фали клабингот. Kога ептен ретко иде на електроники и текнува на мене. Исто и дека Гус Гус се во септември и треба да идеме.
Под Исаро прв пат после двоцифрен број години отидов пред месец дена за Д Фест. Го фанав патот за Ново Село, оној новиот. Грофо не постои, Скверо не постои, Џет не постои, Скрим не постои. Ама сепак добро беше. Како што, тестаментарно, беше рекол Синан Сакиќ, Живот Да Стане Не Сме.