Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Да, да како да не :D

Проблем е што не се борат и однапред се откажуваат, плус лоша селекција на играчи плус не можеме да играме без Американец...
 
Каква црна селекција. Ги имаме само Димитријевиќ и Јакимовски, се останато е боранија од домашната лига, која благодарејќи на ограничениот број на странци игра. Да може да има 5-6 странци во тим, ке влегуваат по 10-15 минути.
 
Да, да како да не :D

Проблем е што не се борат и однапред се откажуваат, плус лоша селекција на играчи плус не можеме да играме без Американец...
Па не играа комплетни и плус доста измени правел селекторот. Со главната постава не би изгубила Македонија.
 
Да, да како да не :D

Проблем е што не се борат и однапред се откажуваат, плус лоша селекција на играчи плус не можеме да играме без Американец...
OK Marcello…
 
Јас не сум Марсело, јас сум Груевски премиерот.
Автоматски споено мислење:

Па не играа комплетни и плус доста измени правел селекторот. Со главната постава не би изгубила Македонија.
Не можеме така да гледаме.

Не може и не смее нашата игра да зависи исклучиво од 3-4 играчи.

20 години је можеме да составиме една јака петорка.

На 7-8 години излегува добар играч, што е катастрофа и срам за сите кои се вклучени во македонската кошарка!!!
 
Последно уредено:
Траги-комедија, од една просечна селекција како што е Бугарија, да бидеш демолиран со 29 поени разлика!!!

Прегледај го приврзокот 480512

Бугарија не е просечна ами сериозно потпросечна, не се имааат пласирано на големо такмичење 454 години а кошарката таму има семи-про статус а некои екипи се целосни аматери играат само од ентузијазам.
 
Бугарија не е просечна ами сериозно потпросечна, не се имааат пласирано на големо такмичење 454 години а кошарката таму има семи-про статус а некои екипи се целосни аматери играат само од ентузијазам.
Играа на ЕП 2022-ра и беа многу блиску до пласман во Топ-16, а моментален МВП и години наназад најдобар играч во Евролига е Сашо Везенков, така да не се и до толку утепани. Играа и на првенства кога ние бевме најјаки, 2011-та таму негде мислам.
За резултатов, и ние и они сме играле без најдобрите играчи, работата е што ние без нашите најдобри играчи (значи да земеме оние кои би биле втора петорка во нормални услови, па надоле) сме можеби навистина најслабата репрезентација во Европа или бар во тој ранг со најслабите, не е само муабет абе би испаднале од Ирска и Азербејџан, него стварно е така. Еве ова е реален приказ на колку е подобра втората петорка на Бугарија во однос на нас. Само Ефремовски и Ташковски, кои гледам дека вчера биле најпрецизни би можеле веројатно малку да придонесат во нормални услови за прв тим. Инаку, ако новиот странец навистина е Рајт од Жалгирис, ако Шошкиќ кој имаше подобра сезона во НЦАА од било која сезона на Јакимовски таму ги прикаже истите игри и во репрезентација, заедно со Нено, Јакимовски и Војдан кој иако има 39 години сепак сеуште е МВП во првенство и мора да биде повикуван во репрезентација имаме и те како право да се надеваме на пласман на ЕП.
Настрана овој муабет, какви само дибидуси земаа Американците во НЦАА по солидните игри на Јакимовски и Шошкиќ таму, мајко мила :icon_mrgr:.

Славчо Чаче Легенда :D
 
На Ефремовски да му се забрани да шутира за три поени, кога и онака е далеко под просек за три.

Вчера шутираше за 3 поени 1/8!
 
Нашите дечки со победа го отворија првенството на Б дивизија, за играчи до 20 години, во Братислава, Словачка.

Издвојувавме победа, во поголем дел од мечот имавме голема предност, која во еден момент изнесуваше и 23 поени разлика.

1000015069.jpg

Ама онда 5 минути без кош и доста грешки од наша страна, за на крај Словаците да стигнат на само -5.

1000015068.png

Онда Велев направи тајм-аут и се консолидиравме некако.

Коста Ќириловски беше вистински лидер на теренот, одлично пробиваше, забиваше и шутираше за 3 поени.

Секоја чест и за останатите момчиња.


Денеска играме против Ирска, од 13:30ч.

Кој сака, може да го испрати во живо натпреварот на следниот линк: https://www.youtube.com/live/H9agTlZZoRo?si=KTEqo6YtZinB2xz1
 
Последно уредено:
Еден од најталентираните играчи на просторот на екс-ју Александар Зунзуровски е дел од кадетската селекција на Македонија!!!

:oeoeoe: :aplauz:
Screenshot_20260718_091835_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpgScreenshot_20260718_091820_com_android_chrome_ChromeTabbedActivity.jpg

 
Back
На врв Bottom