- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.207
- Поени од реакции
- 6.736
- Возраст
- 47
Откако Каин го уби Авел, не од некоја посебна причина или опасност, туку напросто од завист, родот човечки се наоѓа во непрекинато војување.
Причините за тие војни, како и за геноцидните дејанија како врв на човековата злоба, барај ги не „таму и некаде„, туку во самата отпадната човекова природа.
Под „отпаднатост„ се подразбира начин на човековото битисување во кое (битисување) Бог Е целосно исклучен, па човекот (како род) се води во својот живот според сите „начела„ на својата отпадната природа, наследена од Адама и Ева.
Еве ги наследните болести кои се причина за војните, вклучително и за геноцидот:
- суетност,
- гордост,
- похотност,
- острастеност,
- желба за знаење,
-желба за поседување.
Сите наведени, ставени „на купче„ се некоја од причините за состојбите од човештвото низ неговата историја.
И секако, најголемиот проблем е, природно, човековата сива маса, која е најподложна на манипулации. Оттаму ситуациите каде привидно мирни и цивилизирани народи, преку ноќ стануваат зли и немилосрдни.
Од шесте причини кои си ги навел, за пет се сложувам, но желбата за знаење како тригер за најголеми злочини? Како тоа, откаде такво нешто? Ако Хомо Сапиенсот не беше љубопитен сеуште ќе живеевме во глинени куќарки со сламен кров и ќе се собиравме околу огништето да го слушаме стариот мудрец кој имал 37 години...
Јас сум скоро па зависник од знаење, малтене секој ден откривам по нешто кое не сум знаел, ете и од твојот пост научив за перцепцијата на православната црква околу злото. Затоа е форум како платформа супериорен на социјални мрежи, особено дистописки како Твитер каде си ограничен на едноставни реченици и кратки фрази. Малку оф топик но не можам да ја сфатам популарноста на Твитер.

