Часовници

Од најлон, нато-мато ремчињата ти искача алергија?
ММЕ. Пробај метални ремчиња... Со задршка дека квалитетните ќе чинат неколку пати повеќе од часовникот. :)

Не ги отпишувај ни гумените/силиконските, јес да ваков класичен часовник не би требало да иде со такви ама ќе се изненадиш како некогаш и такви комбинации може да бидат интересни. И крајно, има и кожни ремчиња, превртена кожа на пример - и некои пошироки величини, стеснети само кај часовникот, помашки да изгледа.
 
Не ти треба многу од алат. Плус може да купиш „свежа“ батерија, гарант ти увалуваат бајати.

Некст левел е кога ќе земеш аутоматик, и ќе баталиш батерии (иако јас повремено ги менувам и на часовниците кои не ги ни носам, онака). :)
Аутоматици мора да се сервисираат и калибрираат на 5 години и тоа знае да кошта во МК (во странство многу повеќе) колку 10-20 батерии во зависност од цената на часовникот. Батериите се единствениот трошок кај кварцните часовници и тие дури и да се менуваат на 2-3 години се многу поефтини, попрактични (не мораш цело време да ги носиш) и екстремно прецизни.

Јас имам касио кварцен кој 20 години го носам без никаков сервис и единствен трошок е менување на батерија секои две години. Во меѓувреме научив и сам да ја менувам (пошто ми увалуваа "бајати" батерии), така да излегува џабе :pos:
 
Ако се водиме чисто според практичност, некои ќе кажат дека рачен часовник и не е потребен пошто сите имаат часовник на телефоните. :)

Инаку изборот не е бинарен, не е дека мора или кварцен или автоматик механички часовник. Јас на пример ги користам и двата вида, Casio секојдневно и посебно за работа, Восток аутоматикот во посебни прилики но и во релативно секојдневни прилики кога не работам ништо, а кога работам груби и прљави работи (имам секакви хобија) тогаш обично на рака имам еден од двата SKMEI часовници (зачудувачки точни и ОК, со оглед на фактот дека коштаа колку сендвич, или два).

И да, самосталното менување на батерии е обавезно... Со тоа што сега кога би ги бирал сите (кварцни) часовници кои ги имам, би се обидел да ги одберам според ист тип на батерија. Тоа би било навистина добро. :)
Некои од кварцните часовници кои ги имам, со години не сум ги ставил на рака само затоа што ме мрзи да нарачувам батерии за нив.
 
Од најлон, нато-мато ремчињата ти искача алергија?
ММЕ. Пробај метални ремчиња... Со задршка дека квалитетните ќе чинат неколку пати повеќе од часовникот. :)

Не ги отпишувај ни гумените/силиконските, јес да ваков класичен часовник не би требало да иде со такви ама ќе се изненадиш како некогаш и такви комбинации може да бидат интересни. И крајно, има и кожни ремчиња, превртена кожа на пример - и некои пошироки величини, стеснети само кај часовникот, помашки да изгледа.
Чекам да најдам црна или кожа боја со моја големина, ќе потрае. Не иде метално или силикон на ова.
Имам и Восток од тоа годиште, не го носам баш заради ремчето, кратко е.
 
Чекам да најдам црна или кожа боја со моја големина, ќе потрае. Не иде метално или силикон на ова.
Имам и Восток од тоа годиште, не го носам баш заради ремчето, кратко е.
И јас имам Восток од дедо ми.. и тоа некоја верзија за полски пазар, Wostok пишува на него.
Без ремче, така ми стои повеќе како успомен.

Инаку само епл вач носам кога спортувам, и тоа исклучиво го користам како фитнес тракер. Не поднесувам накит/часовници на мене инаку.. јбг
 
Јас само часовници сакам, уште од клинец.
Инаку злато и слично јок. Ни венчален прстен не носам :)
 
Attachments

  • wostok.jpg
    wostok.jpg
    84,4 KB · Прегледи: 13
Ако се водиме чисто според практичност, некои ќе кажат дека рачен часовник и не е потребен пошто сите имаат часовник на телефоните. :)
Па и не баш практично да го вадиш на секое телефонот од џебот само за да видиш колку е часот.

Рачниот часовни дава чувство за време и е само еден поглед доволен да се ориентираш, додека вадењето на телефонот е веќе "цела процедура".

Тоа што има луѓе кои наседнуваат на швајцарските басни за статус, стил демек, "екслузивитет" е сосема друг муабет :icon_mrgr:

Додека има овци, секогаш ќе има овчари.
Автоматски споено мислење:

И да, самосталното менување на батерии е обавезно...
Купив една varta батерија пред 3 години со рок на траење до 2025 година. И така стоеше со години што решив да пробам до каде ќе оди така што сам си ја "увалив" на теорија "бајатата батерија" и еве веќе 9 месеца работи и сеуште работи часовникот без проблем.

Којзнае какви кинески батерии шиткаат купени рефус на кило.
 
Последно уредено:
Тоа што има луѓе кои наседнуваат на швајцарските басни за статус, стил демек, "екслузивитет" е сосема друг муабет :icon_mrgr:

Додека има овци, секогаш ќе има овчари.
[
Да си жив и здрав за ова..!

Само не знам што е полошо...
-Ролекс штанцан у фабрика на кило, пардон на тони (у миљони парчиња), и што реално 1000$ саат го продаваат за 10-15000$, и лажен екслузивитет!?
-или Гучи-Гучи, Долче и Габанаааа сладак живот ми ја слаба страаанаа.. модни брендови што само името го лепат на 5$ Али Експрес саати, па ги продаваат за 100-200$!

У секој случај, овци се потребни ;)

@Vanlok и не, швајцарската индустрија за саати не пропаѓа ради војната у Украина и руските санкции/ресурси/ватевер!
Пропаѓа ради Епл и компанија, и ради новиве генерации на кои више саат не им треба за времето да го видат ;)
Наравно, оФци ќе има секогаш, ама за погорниве се помалку и помалку..
 
Златото е скапо оти било ретко и добило статус, не оти неговата употребна вредност е така висока. Така и некои таканаречени ретки работи саати, брилијанти, брендови, ти реков ми рече. Дека шФицарската индустрија пропаѓа, не сум чул. Работата е во тоа што таа држи место кое со ништо не го заслужила, па ако и падне приходот или некој некого купи не е крај на светот.
 
истите фабрики во кина што праат Пагани Дизајн и Сан Мартин праат делови и за западниве марки. Земеш кинески сааат омаж е скоро идентичен како оригиналите визуелно, само го нема нивното лого. Тој ексклузивитет да плаќаш илјадници за некој предмет мислам дека не вреди.
 
Златото е скапо оти било ретко и добило статус, не оти неговата употребна вредност е така висока. Така и некои таканаречени ретки работи саати, брилијанти, брендови, ти реков ми рече. Дека шФицарската индустрија пропаѓа, не сум чул. Работата е во тоа што таа држи место кое со ништо не го заслужила, па ако и падне приходот или некој некого купи не е крај на светот.
Златото е навистина ретко... Ролексот не е!
Вештачки создаден и глумен дефицит, во кој мораш да закажеш во салон, па да те примат и да ти глумат лудило.. па да чекаш 6 месеци за саат унапред платен..
А они уствари клинчара! 10 милиони саати штанцаат годишно!
Балон е работата... кога тогаш ќе пукне, посебно што 90% бумери им е целната група.. како умираат, така ибеј ќе се полни со безвредни саати "ценети" илјадници долари :rolleyes:
Автоматски споено мислење:

бтв, не знам дали знаеш.. на времето во Студената Војна, они стварно од тендери и порачки од војската на НАТО живееле, исто како Восток и Златоуст во СССР.
Нуркачи, диверзанти, специјалци... на тони порачувале, а и сам знаеш дека војската не штеди пари!
Така и првата "кварцна криза" ја преживеале против јапонците...

Е денес го нема тоа... само фејк приказни, и Холивуд да ги јача (исто како со Харли Дејвидсон приказната)
Има dive computers, што ти кажуваат и длабина и ориентација, и мешавива, и време на декомпресија, и правец и се!
Им се изгуби поентата целосно!
 
Последно уредено:
Да си жив и здрав за ова..!

Само не знам што е полошо...
-Ролекс штанцан у фабрика на кило, пардон на тони (у миљони парчиња), и што реално 1000$ саат го продаваат за 10-15000$, и лажен екслузивитет!?
-или Гучи-Гучи, Долче и Габанаааа сладак живот ми ја слаба страаанаа.. модни брендови што само името го лепат на 5$ Али Експрес саати, па ги продаваат за 100-200$!

У секој случај, овци се потребни ;)

@Vanlok и не, швајцарската индустрија за саати не пропаѓа ради војната у Украина и руските санкции/ресурси/ватевер!
Пропаѓа ради Епл и компанија, и ради новиве генерации на кои више саат не им треба за времето да го видат ;)
Наравно, оФци ќе има секогаш, ама за погорниве се помалку и помалку..
Швајцарците пропаѓаат заради ненормалните кинески копии на швајцарски часовници кои дури и професионалните часовничари не можат да ги препознаат. Кинеските копии дури и на квалитет ги "шијат" оригиналните швајцарци.

Тука е болката швицарска, епл генерации и епл како фирма нема никаков удел во оваа бранша пошро се работи за два сосема различни производи со различен таргет на клиенти.
 
Back
На врв Bottom