Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга, се чувствувам осамено, ми фали другарче да му напишам два три реда, да си ги кажеме маките, иако повремено зашто немам време, но сепак значи, инаку периодов беше напорен, ама полека се растеретувам.
 
Драга,

Недела ми е најгрд ден во седмицата. И во школо дури бев го нејќев ко ден, зашто тогаш настануваше цела гунгула дома, правосмукалката бучеше, машината за перење тропаше, миксерот брчеше, тогаш требаше домашно да се пишува и да се учи за понеделник и домашните стануваа понервозни од обично зашто требаше да се заврши 301 работа за следната седмица. Нешто ко неделите во “Големи и мали” серијата.

И денес не го сакам денот недела. Обично во недела ме удира некој reality check, ме гуши самотијата, тешко ми паѓа што сум сам дур другарите и познаниците се излезени со девојките и жените во ресторан, парк или на некоја прошетка во друг град. Тешко ми паѓа кога ќе се деси нешто убаво, а нема со која да го споделам тоа или ко ќе се деси нешто лошо, да побарам мир и спокој и совет од неа. Блажени се оние што имаат со кој да делат и радост и тага зашто самоќа је од болести тежа.
 
Не знам што се дешава со големината на облеката во продавниците во последно време. Дали јас некако магично се истенчив преку ноќ, или М величината станала новата ХХЛ величина? Не сакаме сите да носиме 24/7 oversized. Сфаќам тренд, сфаќам естетика, ама едно е да сакаш да облечеш нешто полежерно и лабаво, а друго е 16 броја поголемо да ти е истото и да изгледаш ко да си го украл од плакарот на некој џин. Како тргнале моделите, ќе треба во детскиот оддел да се облекуваме за да си најдеме нормален крој. :unsure:
 
Сака да каже „Ослабнав, сега сум јака пичка“. Сомови, навалете у пп!

Инаку најреален тип ми е Локван. Еден од малкуте нонфејк јузери на Кајгана преку чиј мислења можеш длабоко да навлезеш во психата и размислувањето на средовечен човек.

Кој не го читал нека му посвети внимание.
 
london-dusk-panorama-stockcake.jpg

Кајг,
ја гледам панорамата на вечерниот Лондон што ја дават измеѓу кратките паузи на тенискиов Вимблдон натпревар, го гледам тркалото покрај Темза, маму му еб.. нашиве талибанци не го довршија панорамското тркалото покрај Вардар, зашто беше од Грујо, а не дека Скопје ќе беше како други метрополи со атракција на панорамско тркало, шо серт народ бевме, бреее!

panoramskoTrkalo.jpg
 
Многу е добро во државата,ептен екстра живееме,мислам дека сме со Европа тука негде со платите.
Ti,ki izzivaš?
 
Последно уредено:
Среќен небесен роденден, мамо. ️

Секој твој роденден ме потсетува колку ми недостигаш. Не ми недостига само твојата прегратка, туку и чувството дека некаде навистина припаѓам.

Откако си замина, животот ме научи на многу тешки лекции. Најболно од сè е кога ќе почувствуваш дека си оттурнат од оние што мислеше дека ќе ти бидат најблиски. Боли кога сфаќаш дека ни истата крв не е секогаш доволна некој да те прифати како свој.

Знам дека ако беше тука, никогаш немаше да дозволиш да се чувствувам сама и заборавена. Ќе ме прегрнеше и ќе ми кажеше дека вредам, без разлика на сè.

Ми недостигаш секој ден, мамо. Те сакам бескрајно и ќе продолжам да живеам со надеж дека од небото ме чуваш и ми даваш сила да издржам сè што животот носи.

Среќен небесен роденден. Засекогаш ќе бидеш во моето срце. :(
 
Драга,

Веќе недела дена велосипедот ми е кај мајсторот, чекам да ми го поправи. Не фаќа депресија и едвај чекам да ми се јави да го земам и да тренирам. Друга работа вчера ми се поквари тастатурата на лап топот, мада рака на срце скоро 14 години го користам речиси секој ден. Следниот лап топ што ке го купам нека ми ја мисли, можеби заедно ке отидеме во пензија :icon_lol:
 
Драга, ај да напишам два три реда, животот не е лесен, никогаш не бил, дали по дождот ќе огрее сонце? Не знам. Како даде Бог? Верник сум,имам икони дома, се молам, ја знам Оче наш и Мајко дева Марије, но некогаш се прашувам она древно прашање, зошто тој драги Бог гледа како страдаат деца и не им ги олеснува страданијата, ај да речеш секој возрасен има гревови, оправдување има се наоѓа, за казната Божја во случаите доколку страдаат возрасни луѓе,....но деца? Не знам. Не сакам да сум богохулка, сакам да верувам и верувам дека за секое страдање има возвишено божествена причина.
 
Драга К. Со жените ми оди лошо, со девојки, уште полошо.

За да втерам чудовиште од 5цм, треба 5 дена да изигравам кловн, да пеам како павароти, да рецитирам како меша селимович и да ја насмевнувам.
И таман кога ќе дојде тој чин, изгледа срамежлив е. Кај мал, па и мек како душа.
А не се трпи више со рака. Ми се избриша днк од десната шака.

Е мој животе, канче еурокрем полно со свинска маст.
 
Кајг,

само што и’ го видов „перфомансот“ на ова чупале моментално ми ја разубави ноќта иако се разврна!

:brlav:
 
Кога тргнав на одмор врнеше. Се задеси и онаа антолошкана поплава.
На море пукна сонце, еден ден не видов облаци тмурни. Малце ветер, таласи и мирис на медитеран.
Се враќам у посраново место дома, ко да сум го оставил како што заминав. Сиво, влажно, ко некој мрсулав полжав.
 
Back
На врв Bottom