Роберто Мартинез е крив не затоа што е фудбалски слаб, туку затоа што нема доволно авторитет за да го остави Кристијано на клупа (и да го пушта во игра зависно од резултатот). Веројатно затоа и беше поставен за селектор, за да игра по 90 минути Роналдо, дури и по цена да не победат бидејќи играат со играч помалку.
Респект за тоа што го има направено до сега за Португалија, бројките говорат за делата, ама факт е дека он беше главниот проблем за лошиот резултат (не само на ова првенство, додуша).
Иронично, она за што беше обвинуван Меси од фановите на Кристијано, дека е над репрезентацијата и дека менуваат селектори по негов терк, на крај испадна дека е точно за Роналдо.
Со една разлика, Меси и донесе светско на Аргентина, а Кристијано пред една недела го постигна првиот гол во нокаут фаза на светско првенство во кариерата, од пенал.
Се извинувам ако на некој му звучам како еден непопуларен на кајгана спортски новинар, меѓутоа реалноста е таа.
мхм, и како го декларираш Роналдо ко главна причина а притоа најаката средина у свет во моментов не е способна да креира шанси за гол? Роналдо ли е крив што 95% оф пасовите на Витиња се накај одбрана?
Форсирањето на Роналдо по секоја цена е проблем, ама минорен во споредба со фактот што играчи кои имаа 200 асистенции сезонава, еден сруши рекорд во најдобрата лига у светот, на светсково не беа способни шанса да креираат.
Ти смеј се колку сакаш на таа констатација, ама еве пробај тука просветли не и објасни ни како тоа Роналдо е крив што овие тројца не се во можност да креираат шанса за гол? И што тука е поголем проблем, Роналдо, или тоа што најдобрите средњаци у светов у моментов според формата од минатата сезона, се тотално безидејни во репката. И да го тргнеш еве Роналдо, и? Што со тоа, овие ќе процветаат ли? Ќе добијат наеднаш идеја што да прават? Угушени беа и од триото у средина од Хрватска, составено од Сучич, Модрич и Ковачич, утепани беа тука.
Витиња и Невеш во страшна форма сезонава у системот на Енрике, клучни играчи, тука а добијат топка враќаат назад, цело време, немаат идеја што да прават у системов, Мартинез немаше поим како да го користи нивното фудбалско знаење и начин на игра, и нив и Бруно. 2 години овие освојуваат ЛШ глатко бек ту бек, доаѓаат на светсково и делуваат како аматери. Статистички ваљда беа меѓу најслабите играчи од среден ред од сите земји што се пласираа во нокаут фазата, ама ете Роналдо нека е оквалификуван ко главна причина за нивниот колапс а не тренер кој ништо низ кариерата значително не направил.
Па истиот тренд од Белгија тука го пренесе Мартинез, и таму усра со најаката нивна генерација во историјата, истиот патерн, истата анемичност во ситуација кога таму го имаше Дебрујне кој тој период беше меѓу најаките играчи на планетата под водство на Пеп Гвардиола.
Роналдо е најлесна мета и најлесно е да се каже дека е главен виновник, ако си фудбалски нуб и спортов уште го нарекуваш сокер, во конкрентиов случај, не е, дел од проблемот е ама ништо во споредба со тоа каков проблем за нив претставуваше незнаењето на Мартинез ко тренер. Па играч без една нога да имаа во нападот, добар тренер ќе знаеше како да ја искористи нивната средина па и него да му овозможат да влага во шанси за гол, сите тројца у прајм форма моментално, сите завршија сезона со стил ама откако го облекоа дресот на репрезентацијата заборавија како се игра спортов.
И Роналдо воопшто не го сакам, никад не сум го сакал, не сум од оние што би го бранеле по секоја цена, нит па го бранам тука, можеше и да не дојде на светсково, Португалија пак ќе го имаше истиот проблем, Мартинез, и неговата тотална безидејност и незнаење да го искористи максималниот потенцијал на играчкиот кадар.