Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Точно, но барем Португалецот си ја има заработено платата, за разлика од трампавиот дибек.

Мислата ми беше за во контекст за репрезентацијата на Португалија на моменталноти СП во фудбал каде Роналдо не е продуктивен на теренот ама поради самоволие мора да биде стартер во прв тим и уште да игра цел натпревар без да има продуктивност на теренот, а реално е за да биде на клупата за резерви.
 
Не пратам ниту ф од фудбал, но претпоставувам дека Портуалецот барем не заспива на клупата, за разлика од трампавиот дибек.

Што значи дека сепак Португалецот барем си ја има колку-толку заработено платата, за разлика од трампавиот дибек.
 
1782291514168.png

Американскиот Сенат ги ограничи опциите на претседателот во Иран, а Трамп е бесен.

▪️Тој го прогласи Иран за „ослабен и спремен да прифати речиси секакви услови“, нарекувајќи го гласањето ненавремено и „помагање на непријателот“.

➖„Американскиот Сенат избира да одржи бесмислено и бесмислено гласање за Законот за воени овластувања во исклучително несреќно време, кажувајќи му на светскиот спонзор број 1 на тероризмот дека САД не го одобруваат она што им го правам и дека морам да престанам.
Со тоа, тие го помогнаа и го поттикнаа непријателот.
Овие сенатори само ми ја отежнаа работата, но ќе ја завршам, на еден или друг начин, бидејќи секогаш ги завршувам работите!“, напиша Трамп.
 
Прегледај го приврзокот 480739

Море Иран е мачкина кашлица за него во споредба со вистинските проблеми со кои се соочува по дома.

Па типот си има маки со вандали, не е ова заебанција.

https://off.net.mk/video/zabava/tra...retsedatel-pobeden-od-ednokletochen-organizam

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

24 јуни 2026 - 13:16

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Последно уредено:
Е па слободоборци не се исто што и правдоборци, бидејќи нели нема правда = има мир.

https://off.net.mk/vesti/svet/tramp...aat-vistinata-za-ubistvoto-za-decata-od-minab

Трамп и Хегсет сакаат да ја закопаат вистината за убиството за децата од Минаб

25 јуни 2026 - 08:08

Од сите ужаси што ги предизвикал Трамп, веројатно најужасниот е нападот на училиштето во Минаб, во кој беа убиени 175 луѓе, претежно деца од основно училиште. Фактите се неоспорни - основното училиште било директно погодено од проектили какви што имаат само САД. Но, Трамп и Хегсет сега отворено предупредуваат: „Вистината можеби никогаш нема да се дознае“.

476012-tramp-i-hegset-sakaat-da-ja-zakopaat-vistinata-za-ubistvoto-za-decata-od-minab.jpg

Додека се фалат со прецизноста и убиственоста на американското оружје, Трамп и неговиот министер за одбрана Пит Хегсет четири месеци отфрлаат одговорност за ракетниот напад врз училиштето во Минаб, уште на првиот ден од војната против Иран.

По огромниот притисок од јавноста, Пентагон отвори внатрешна истрага. Неофицијално истрагата завршила, но Трамп и Хегсет немаат намера да ги откријат деталите.

„ Не знам дали некогаш ќе го решат тој проблем, за тоа чија беше вината “, изјави Трамп.

Тој го оцени нападот како „ужасен“, но уште од март негира дека американските сили ги испукале ракетите што го погодија училиштето. Прво тврдеше дека ја испукале Иранците. Откако на снимки се покажа дека врз училиштето удира американски проектил „томахавк“, а потоа уште еден, за да го потврди уништувањето на целта, Трамп изјави дека „такви ракети имаат и други земји“. Ниту една друга земја на која САД им продале такви ракети не беше вклучена во војната во Иран.

Потоа тој изјавуваше дека не знае доволно за нападот, дека истрагата е во тек, дека ќе ги прифати резултатите од истрагата и дека никој „намерно“ не го нападнал училиштето.

„ Имаше ракети што летаа насекаде. Некој рече дека тоа беше наша ракета, можеби не беше наша ракета, но не видов ништо што би ме навело да верувам дека беше... Не мислам дека бевме ние “, изјави денеска Трамп.

Неофицијални извори запознаени со истрагата на Пентагон во март изјавија за Ројтерс дека првично била потврдена одговорноста за нападот. Командата наводно користела стари податоци, од времето кога целта во Минаб била воен капацитет на Иранската револуционерна гарда. САД не ги ажурирале податоците дека комплексот подоцна бил пренаменет во училиште.

„ Многу е ретко при воена операција да нема инциденти каде што имало погрешна цел и да биле повредени или убиени цивили. Во такви случаи постои систем за истрага, проценка на одговорноста и преземање одговорност. Се сомневам дека Пенгатон со Хегсет ќе го спроведе овој процес “, изјави за Гардијан поранешен висок функционер од Министерството за одбрана.

Хегсет веќе затвори или го намали персоналот во одделенијата за преглед на воени инциденти во кои имало цивилни жртви. Министерот отворено најави дека нема да има строг надзор на инцидентите од борбени дејства.

476014-tramp-i-hegset-sakaat-da-ja-zakopaat-vistinata-za-ubistvoto-za-decata-od-minab.jpg

Ако се потврди одговорноста на САД за нападот, Трамп и Хегсет ќе треба да одговараат за воени злосторства. Но, досега никој не одговарал за најкрвавите инциденти со цивилни жртви од минатите војни во САД – бомбардирањето на Мосул во 2017 година, во кое загинаа најмалку 105 цивили, воздушниот напад врз болницата во Кундуз во 2015 година, во кој загинаа 42 лица и бомбардирањето на засолништето во Амирија за време на операцијата Пустинска бура во 1991 година, во кое загинаа повеќе од 400 ирачки цивили.

„ Верувам дека Хегсет и Трамп ќе сторат сè што можат за да ја потиснат оваа истрага. Дури и ако навистина постои, истрагата нема да излезе на виделина, освен ако не се појави храбар информатор “, изјави Вес Брајант, поранешен началник на одделението за проценки на цивилни штети во Пентагон.

******

Види и: Штета што не веруваме во пеколот

Истрага ја потврдува одговорноста на САД за нападот врз училиштето во Иран
 
Од сите ужаси што ги предизвикал Трамп, веројатно најужасниот е нападот на училиштето во Минаб, во кој беа убиени 175 луѓе, претежно деца од основно училиште. Фактите се неоспорни - основното училиште било директно погодено од проектили какви што имаат само САД. Но, Трамп и Хегсет сега отворено предупредуваат: „Вистината можеби никогаш нема да се дознае“.

476012-tramp-i-hegset-sakaat-da-ja-zakopaat-vistinata-za-ubistvoto-za-decata-od-minab.jpg

Додека се фалат со прецизноста и убиственоста на американското оружје, Трамп и неговиот министер за одбрана Пит Хегсет четири месеци отфрлаат одговорност за ракетниот напад врз училиштето во Минаб, уште на првиот ден од војната против Иран.

По огромниот притисок од јавноста, Пентагон отвори внатрешна истрага. Неофицијално истрагата завршила, но Трамп и Хегсет немаат намера да ги откријат деталите.

„ Не знам дали некогаш ќе го решат тој проблем, за тоа чија беше вината “, изјави Трамп.

Тој го оцени нападот како „ужасен“, но уште од март негира дека американските сили ги испукале ракетите што го погодија училиштето. Прво тврдеше дека ја испукале Иранците. Откако на снимки се покажа дека врз училиштето удира американски проектил „томахавк“, а потоа уште еден, за да го потврди уништувањето на целта, Трамп изјави дека „такви ракети имаат и други земји“. Ниту една друга земја на која САД им продале такви ракети не беше вклучена во војната во Иран.
Израел доста долго време ги бараше проектилите

Како може да знаеме дека RTX не продал проектили зад затворени врати, пример на Израел?
 
САД почнаа да користат нови Ф35 без радар :pos:

Причина?
Нема галиум од Кина. :D

Има и втора причина-немаат расипани руски „веш-машини„ за вадење чипо‘и...
 
Нобеловецот станал МАГА :pos:
Кој ебиветер е овај човече не ми се верува.

Нобеловецот станал МАГА :pos:
Кој ебиветер е овај човече не ми се верува.

Нема шанси Кругман да е МАГА.
не знам што овде му се припишува, калеми или вади од контекст, од принцип на отварам твитер и јутјуб, но кој сака поблиску да се запознае со неговот размислување може овде https://paulkrugman.substack.com/
Кругман е еден од ретките кои признаваат кога ќе погрешат и ќе се извинат
А сите грешат, зарем не?
 
Не коштаат сите грешки исто. Дали ако хитлер ќе се извинел, океј ќе беше?
 
Не коштаат сите грешки исто. Дали ако хитлер ќе се извинел, океј ќе беше?
Што сакаш да кажеш? Колку милиони се мртви затоа што Кругман нешто погрешно предвидел?

Ватабоутизам од највисок ред
 
Back
На врв Bottom