Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Многу нереална и неправна одлука, преку мој термин односно преку матичниот да се изјаснувале граѓаните за дарување органи по смртта. Не сериозен пристап освен ако не се работи за статистички пресметки. Какви се манипулации се можни и какви се не правни спорови може да отвори оваа генијална идеја, не се свесни.
 
Многу нереална и неправна одлука, преку мој термин односно преку матичниот да се изјаснувале граѓаните за дарување органи по смртта. Не сериозен пристап освен ако не се работи за статистички пресметки. Какви се манипулации се можни и какви се не правни спорови може да отвори оваа генијална идеја, не се свесни.
...без лично пополнување формулари како тестамент и нотарски потпис, све друго може да се промени и манипулира со желбата на пациентот!
 
Не е тоа муабетот за дијагноза за Владо, туку ми се превртуваат цревата кога читам дека умираат луѓе кои имаат животен век бар 20+ години, но ете нашето здравство кое треба да им пружи заштита баш во годините кога почнува да им треба, е практично отсутно. Уште повеќе иритира нормализацијата на таа појава.
Прости ми Кадаиф, мислев на соема друго. Знам дека си у струка па тоа и повеќе ме збуни. Го преместив ово дел заради почит кон мојот сочаирчанец.
Одамна пишував за ова, 2010-2012, па ќе те замарам малце со кратка историја.
Брат ми беше болен почетно од напреден стадиум колоректал канцер, па чудо операции (им предглагаше да хирурзите да му вградат патент на стомакот, стално да не мора да го сечат. И при тие состојби и болки знаеше да се шегува), 8 години издржа и наводно, прво со операции па со лекови од странство, се излечи, со сите можни видови снимања и маркери беше "чист". Затоа реков, а ти знаеш од занаетот, дека е ова подмолна болест. Од колоректален карцином па хепато и некој холан.. (не се сеќавам назив, на жолчни канали), состојбите му беа реков со сите тогаш достапни снимања (почетен КТ и МР) испитувања и маркери, ок. Дури и Берово, Кичевско шетавме низ природа.
За жал тоа биле базични снимања, не постоеше тогаш Пет скен кај нас иако тој снима само активност, а не и клетки во мирување. За наеднаш после некоја година (вообичаено за оваа болест) се јави уште поагресивно со обилно да крвари од градниот кош и напад на белите дробови. Откако се јави на бели дробови веќе за помалку од месец си отиде. Нормален, повисок и покрупен од мене снажен човек. Сабота беше (нормално човек се сеќава на злокобни моменти) секој ден одев да го видам и помогнам ако им треба нешто па и тогаш. Буквално (бевме со татко ми и снаата) ни почина на раце.
Од оваа дистанца, за вас посебно, не ви се од значај ситници околу ова ниту би замарал превише, али да доловам состојба од близок со секојдневен контакт. Чисто сакам да ти доловам дека (иако во струка, сепак во пракса знае и поинаку да биде) и може и за кратко време, а да не покажува знаци, зависно од типот на белодробниот канцер, да заврши така. Читавме за клинички испитувања со вбризгување мраз, со директно или со вбризгување ц витамини, се што беше достапно како clinical trial, но тое не беше 100% докажливо и не беше во масовна употреба. Дури и пет скенот кој тогаш беше врвна технологија (а кај нас го немаше па баравме странство, малку неуспешно), не ги откривал ретките т.н. заспани туморски клетки, ради нивна неактивност.
По неколку години од неговото заминување прочитав за некој најнов метод течна биопсија со која и тие заспани клетки се откриваат. Ама доцна. Иако и со нашиот покен кум (абдоменален хирург со голем % успешност) не успеавме, веќе беше доцен стадиум.
Ова ти го објаснувам, да не се вреѓаш, како на лаик (и моето ниво како на уште полаик) пошто зборевме за Владо и неговиот брз пад по ремисијата.
Сега, тоа дали е претпоставка за белодробен или не, не знам. Веројатно Ацесо е позапозната, но не е битно. Човек и од срцев и од мозочен може да отиде.
А зошто луѓето умираат ко муви од оваа и кардио болести, не знам.
За жал, даваат трилиони за војни и оружје, а за ова чудовиште, со исклучоци, сеуште нема излез.
Автоматски споено мислење:

А за она колоноскопија, подобро угандиец да најдев неголи тоа :)
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
не се сите информатички писмени
Друже, беден ти е наративот за тие "провинцијалци", но што да правиш кога ти не си виновен што тие ете дошле од "провинција" со буквално ништо и работејќи напорно те престигнале и имаат многу повеќе постигнато во животот.

Гледајќи ги нив се потсетуваш колку си ти назад во животот, спиејќи во твојата зона на комфорт во налик на "кутија за чевли" од 55 квадрати, наследена од твоите родители. БСекој не може да гази по лешеви

... ова како за инат што лично ми пречат вакви дешаванки во болнички простории,

Прегледај го приврзокот 468898

колку забелешки да се има на неправилности на инфективна клиника како оддел каде треба да биде пример за стерилност и да нема влез излез на туѓа храна и пијалоци, поради природата на самиот оддел и пациенти,

Прегледај го приврзокот 468897

еве, не поминале ниту два дена од претходниот пост на собирање во просториите на инфективна во екот на грип со препораки за негрупирање, носење заштитна маска, заштитни ракавици било што ќе покаже дека знаат што е стрилност, не бееее ова не важи за нашето здравство.

Прегледај го приврзокот 468896

.... не разбирам зошто не се организираат дома, ресторан, кафана, кафич, слаткарница, чајџилница, било кој објект каде може да се јаде и пие и да се честита било што на вработените, зошто мора токму во просториите на инфективна, а пред врата на инфективна клиника сигурно информација ,,забранета посета“ за роднините на пациентите, ама слободен влез за кетеринг доставувачи сигурно има?

Прегледај го приврзокот 468899

... не знам од каде тој нагон за пофалба на социјални мрежи и ФБ без никаква заштита дека ете некој ќе ги види и ќе реагира, како тоа пациент додека чека терапија, овие се журкаат, важно лево храна и пијалок, а десно чинии со торта над лабораториски садови, се пишува за инфективна со инфективни болести зараза од бактерии и вируси :facepalm: а на службениот компјутер во лабораторија на инфективна наместо да биде програмата за работа има рандом лик од ју тјуб сигурно пропратено со музика, тоа ли е државна утринска работа, а надвор пациенти чекаат да им се земе крв за анализа мислејќи дека медицинскиот персонал имаат утрински стручен состанок и консултации за тековниот ден! :shok2:

... така не се води здравствена институција, посебно ако е Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби како врвна медицинска установа која обезбедува високо стручна и квалитетна здравствена заштита и третман на пациенти според воспоставени стандарди и доктринарни ставови“???

... стандарди со прослави и собирање на медицински персонал на едно место со внес на храна и пијалоци од надвор мешано со лабораториски садови пред компјутер?
... дајте бе луѓе правите ги прославите и честитки соодветно на објекти наменети за тоа, ова е болница има болни пациенти, сезонски грип, се умира!
Па не е само таму
Нема да се прави клинички таму...Овие не се способни да го отворат одделот за радиотерапија на онколошки болни пациенти, акцелераторот мувла фати, па ке граделе нешто ново.
имаат подобра дисциплина од клинички
Автоматски споено мислење:

Ми се допаѓаат предлозите, што и да имплементира од ова, би застанал 100% зад истото, колку и да не можам да го смислам како лик. Дури и размислував, можам да имам матичен, пример, во Охрид и таму да одам на некоја привремена адреса. Уредно ќе ја пријавам во фирма (па и во МВР) и ќе си седам покрај езеро. Проблем со грбот, пливање. Плус ќе одам на контрола, таму ми е матичниот. :toe:

Дојдов само да прочитам некое мислење, ме интересираа примери од пракса, сепак вие ова го работите секојдневно. Фала. :)
Не дај господ да да дојдеш до ФЗО. Дриблаат до бесконечност
Веќе се казнуваат но проблемот со тоа е што невозможно е ФЗО да ги проверува сите боледувања и тешко е да се казнат барем оние кои се внимателни и ги запазуваат критериумите а и не издаваат 10 боледувања едно по друго.

Затоа полесно е да се следи пациентот и да се "фати" ако за време на боледување е во Лептокарија или па работи приватно некаде.
Некои 15 години се на боледување и работаат во проватни фирми
Автоматски споено мислење:

Шуќур некој ме разбра како оди работата и тоа сосем легално. Егзактли
Веќе помислив дека не живеам у Македонија.
Ја спиев Руфиксол
Автоматски споено мислење:

... а капки за очи, само тобрамицин како антибиотик, на повторена инфекција мора пак кај офталмолог?:(
... статини само кај интернист, како да липидниот статус со една доза ќе се среди!:(
Докторите се на ранг мна бофгови. Допцнат на мој терним, третко кој нго почитува редот. Чекаат луѓе по амбулантите. Тие што се со најголем рејтимнг одлетале со умот. Мислат дека без нив не се може
 
Последно уредено:
Од вчера, лекот пантопразол (нолпаза, зипантола, аципан) ќе биде достапен на рецепт на товар на фондот исклучиво за пациенти кај кои индикацијата е дијагноза потврдена со гастроскопија.
Досега оваа генерика беше една од трите најчесто препишувани лекови, иако е факт дека досегашната медицинска пракса страдаше од отсуство на сериозна контрола што резултираше со прекумерна и често нерационална употреба на овој лек, но сега се отиде во спротивна крајност, кога оправданоста за препишување е максимално рестриктивна без преседан во Европските држави.

Мое мислење е дека оваа одлука отвора оправдани сомнежи за заштита на специфични бизнис интереси, поконкретно на домашниот фармацевтски гигант Алкaлoид.
Алкaлoид како компанија нема свој лек пантопразол и нивната опција како што е Фамосан, далеку послаб лек, беше помалку препорачуван. Со оваа измена, си осигуруваат дека отсега дифолт лек кој ќе се препорачува ќе биде фамосанот. Поголем профит за алкалоид, помала ефикасност за народот.

Почитувани пациенти,
Ве известуваме дека, согласно новите измени на Листата на лекови на товар на ФЗО, кои важат од 01.07.2026 година, лекот пантопразол (Нолпаза, Зипантола) повеќе нема да може да се препишува на рецепт за најчестите индикации за кои до сега се препишуваше:
1f539.png
хроничен гастритис;
1f539.png
превентивно за заштита на желудникот при земање на други лекови (најчесто ревматолошка терапија, како и кортикостероиди).
Доколку сакате да продолжите со терапијата, лекот ќе треба да го купувате со приватен рецепт, односно како комерцијален лек.
✅
На товар на ФЗО пантопразол ќе може да се препишува само за одредени индикации, како што се:
• гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
• улкус (чир) на желудник;
• улкус на дуоденум;
• третман на инфекција со Helicobacter pylori, со напомена дека за ГЕРБ, улкус на желудник и улкус на дуоденум потребна е дијагноза потврдена со гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
Тоа што ќе донесете извештај од специјалист или субспецијалист со препорака да се користи Пантопразол дури и да има ставено соодветна дијагноза, доколку истата не е потврдена со гастроскопија, е ирелевантно и лекот ќе биде препишан на приватен рецепт.
‼️
Ве молиме да не ѕвоните и доаѓате во ординација и да барате промена на дијагнозата за да може лекот да биде препишан на рецепт. Тоа не е дозволено и ординацијата не може да го направи
‼️

Доколку не сакате да го купувате пантопразолот приватно, можеме да ви препишеме лек од друга група кој е на товар на ФЗО. Сепак, треба да знаете дека тие лекови не обезбедуваат ист ефект и заштита на желудникот како пантопразолот, особено кај пациенти кои редовно земаат Декортин, нестероидни антиинфламаторни лекови, антиагрегантна, антикоагулантна терапија или други лекови што го зголемуваат ризикот од оштетување на желудникот.
Ние како матични лекари, лековите на товар на фонд ги препишуваме според критериумите од фондот кои сме обврзани да ги почитуваме.
Ви благодариме за разбирањето.


 
Од вчера, лекот пантопразол (нолпаза, зипантола, аципан) ќе биде достапен на рецепт на товар на фондот исклучиво за пациенти кај кои индикацијата е дијагноза потврдена со гастроскопија.
Досега оваа генерика беше една од трите најчесто препишувани лекови, иако е факт дека досегашната медицинска пракса страдаше од отсуство на сериозна контрола што резултираше со прекумерна и често нерационална употреба на овој лек, но сега се отиде во спротивна крајност, кога оправданоста за препишување е максимално рестриктивна без преседан во Европските држави.

Мое мислење е дека оваа одлука отвора оправдани сомнежи за заштита на специфични бизнис интереси, поконкретно на домашниот фармацевтски гигант Алкaлoид.
Алкaлoид како компанија нема свој лек пантопразол и нивната опција како што е Фамосан, далеку послаб лек, беше помалку препорачуван. Со оваа измена, си осигуруваат дека отсега дифолт лек кој ќе се препорачува ќе биде фамосанот. Поголем профит за алкалоид, помала ефикасност за народот.
...е да де, сигурно, од толку лекови дошло на Алкалоид за ,,фамотидинот" зорт, тој не мора ни да пласира на домашниот пазар, па пак ќе опстане,

...проблемот е од друга природа, се препорачуваше и препишуваше наголемо за сите пациенти и било која возраст со било какви гастроинтенстинални проблеми, па макар и некоја банална моментална мака од хиперацидитет од некој оброк, пола пациенти од мирно седење си добија дополнителна анемија поради нересорбција на Вит Б12 поради пречеста примена nа пантопразол, на времето при болнички услови се даваше под мониторинг, за да дојде денес време да се пијат како бомбони.

...лично мислам дека требаше ваква контрола, ама не на ваков начин со вакво објаснување, па и со потврда за гастроскопија, фондот ги собира парите од осигурениците и не може така да се изрази ,,ќе си го купите приватно" значи не се грижи за здравјето на пациентот за да биде под контрола, туку дава дојам дека е за парите, а тие се од осигурениците, а не од мајка им на ФОНДот кои работаат и носат такви правила, врз база на што?

...прво треба да го забранат маркетингот на лекот низ медиуми, не е тоа суплемент да го рекламират како таков на ТВ, а ваму бараш гастроскопија за да се земе на рецепт за пациент што плаќа за здравствено осигурување, не иде, мноооогу слаби советници и менаџери има во тој ФОНД за здравство.
 
Последно уредено:
Од вчера има промена, на фондот оди само ако дијагнозата е потврдена со гастроскопија, не како досега.
кај има тоа да се најде, таа одлука? Да прочитам какви услови, какви дијагнози и времтраење се за продолжување нолпаза.
 
кај има тоа да се најде, таа одлука? Да прочитам какви услови, какви дијагнози и времтраење се за продолжување нолпаза.
во службен весник, немам пристап
 
во службен весник, немам пристап
упс, го најдов. Стварно овие спзнати за пари. Секој преглед чини пари 150-250 денари по клиникиве.
ова е известување, не мора да пребаруваме https://www.instagram.com/p/DaSiTV_jFel/
Јас сепак ги имам во историја сите можни мислења, препораки за терапии и состојби (гастро, кардиологија) така што само ќе треба да ја потсетам матичната. Оти гастроскопијата е чистилиште меѓу пеколот и рајот. Колоноскопија е веќе пеколот :)
Автоматски споено мислење:

Сепак фала за информацијата, корисна е
 
Катастрофа е ако сега потешко се набавува нолпаза т.е неоплаза како ја нарекуваат некои.
Ма нека се трујат бе со тие апчиња, нека бидат лесно достапни како и досега.
 
Подобро антибиотиците да ги ограничеа. :D
 
Подобро антибиотиците да ги ограничеа. :D
Пак ќе ја спомнам Џерманија и школскиот. Во градот кај што живее, близу Франција, разменувавме покрај другото, искуства за (знаете како е :anco:високо интелектуални дебати на ниво на академици) за здравје како е што е. Патем @Kadaif е овде па може да потврди или негира. Антибиотици вели, многу тешко препишуваат и нема може ли докторе еден хиконсил. Воглавно, нашите мангуплаци (матичните или на наша молба), земи за секој случај, вели тоа не важи. Како и за диазепами и слични лекови, За вториве ни под разно освен гранични случаи ваљда. Исто да се надоврзам, за стентирање (без акутен инфаркт додуше) ме зачуди, докторот после 1 месец не му ограничил исхрана па ни мрсничко.
Ваљда се понапред од нас, следат светски текови или не знам, можеби оти малце ни е хаос со чекалните и специјалистите или политиката на фондот е таква.
Ама за напредни генерации лекови или три во едно (како што @Kadaif ме советуваше за Pylera), немаме шанси со нив.
Додека татко ми работеше, последната деценија работеше за Крка. Ги организираа и субвенционираа работилници, работни состаноци, конференции и слично за докторите. Не само маркетинг него и едукација на докторската фела за нови испитувања и примена.

Пак се заборајв од филозофии, ќе си ја запеам Инсомнија :)
 
Back
На врв Bottom