... ова како за инат што лично ми пречат вакви дешаванки во болнички простории,
Прегледај го приврзокот 468898
колку забелешки да се има на неправилности на инфективна клиника како оддел каде треба да биде пример за стерилност и да нема влез излез на туѓа храна и пијалоци, поради природата на самиот оддел и пациенти,
Прегледај го приврзокот 468897
еве, не поминале ниту два дена од претходниот пост на собирање во просториите на инфективна во екот на грип со препораки за негрупирање, носење заштитна маска, заштитни ракавици било што ќе покаже дека знаат што е стрилност, не бееее ова не важи за нашето здравство.
Прегледај го приврзокот 468896
.... не разбирам зошто не се организираат дома, ресторан, кафана, кафич, слаткарница, чајџилница, било кој објект каде може да се јаде и пие и да се честита било што на вработените, зошто мора токму во просториите на инфективна, а пред врата на инфективна клиника сигурно информација ,,забранета посета“ за роднините на пациентите, ама слободен влез за кетеринг доставувачи сигурно има?
Прегледај го приврзокот 468899
... не знам од каде тој нагон за пофалба на социјални мрежи и ФБ без никаква заштита дека ете некој ќе ги види и ќе реагира, како тоа пациент додека чека терапија, овие се журкаат, важно лево храна и пијалок, а десно чинии со торта над лабораториски садови, се пишува за инфективна со инфективни болести зараза од бактерии и вируси

а на службениот компјутер во лабораторија на инфективна наместо да биде програмата за работа има рандом лик од ју тјуб сигурно пропратено со музика, тоа ли е државна утринска работа, а надвор пациенти чекаат да им се земе крв за анализа мислејќи дека медицинскиот персонал имаат утрински стручен состанок и консултации за тековниот ден!
... така не се води здравствена институција, посебно ако е Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби како врвна медицинска установа која обезбедува високо стручна и квалитетна здравствена заштита и третман на пациенти според воспоставени стандарди и доктринарни ставови“???
... стандарди со прослави и собирање на медицински персонал на едно место со внес на храна и пијалоци од надвор мешано со лабораториски садови пред компјутер?
... дајте бе луѓе правите ги прославите и честитки соодветно на објекти наменети за тоа, ова е болница има болни пациенти, сезонски грип, се умира!