Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу рано почнаа “германциве” да доаѓаат летово. Синоќа на партизанска двајца донери со Дуисбург таблици рокаа Kool Savas и Eko Fresh, уште VIVA лого фалеше за комплетен throwback. Али песната ја немав слушнато од факултетски денови, тешуќур/данкешн.
 
Дк,
Или сме ептен сиромашен народ, или ептен алчен или ептен идиотски народ.

Се молат бе по фб групи фискални да им прателе да дополнеле Мој ДДВ.

Би рекол повеќе е комбинација од второто и третото зашто сиромашен човек има достоинство и не се моли Трајко Петко Станко да му прати фискална во Инбокс.
 
Јуни, традиционално ги пратиме локациите на Меџик и Џордан со нивните јахти низ Грција, Италија, Франција, Хрватска.
 
Сакам да се откажам од државата Македонија и македонскиот пасош (немам бугарски пасош), каде да се обратам?
 
Драга моментално во Европска земја сум, во која сметам дека има почовечки однос и стандарди кон домашните животни за разлика од пример Македонија или Русија. Ма јок бе. И тука има тешки ѓубриња.

Денеска рекорд беше срушен на температура на воздухот. Сабота е па повеќето кој на езеро,река или впарк дека земјата е слабо со климтазација не само на приватен план туку и во јавни установи.

И некој чобан од соседствово. Го има затворено кученцето веројатно според лаењево во станов. Лае веќе 3 часа. Да ви ебам матер кој и да си. Жена, маж, трансоформер или незнам што. Како бе вака бе семката да ви ебам 2 сатот е веќе. Ај ние што од топлото секако нема да спиеме, ама кучево на мака си е. Па барем дај го во соседство или најми си бејбиситер да ви ебам ропаците. Грамада пара се зема тука барем за ова не се штедат. Али неее пак некој мајасљ има. 5-6 згради сме со заеднички двор. Неможам да видам кој е, жими све би му отишол до на врата. А и колку се некогаш игнорантни западниве народи. Никој во зградава не реагира. Мислев дека кон луѓе се вака често да не си го пикаат носот ама гледам и сега никој нема. Па барем сврти му на телефон прашај што е работава. Да не грешам душа денеска имаше над 30 случаи што најдоа дома на кои им се слошило. И имаше 2 смртни случаи не знам точно веројатно од топлотниов бран. Во тој случај само би рекол оправдано. Или ептен некоја животна фрка па да го оставиш кучево вака во бедотија.

Читав дека дури на кардиолошкиве оделенија немале климатизирани соби. И тоа државава е во топ 10 развиени. Универзитетскава клиника се смета во топ 5 во Европа. Како бе вака еј. Инаку не прекина денеска од свирење брзава помош. Дури и во парков кај што бевме вртеа да не му се слоши некому. До толку жешко. За јавниов собраќај и да не зборам. Ниту клима ниту бутур. Да не критикуваме само во Скопје било крш или незнам во некоја друга земја. И тука на тешка грамада пари немаат климатизирани трамваи. Откажаа неколку линиии цел ден денеска. Најсмешно ми е што им се смеевме на Италјанците и Шпанците кои нели имаат паузи поради жештините кои ги имаат. Периодов осетија и Ариевците и Скандинавците што ти значи горештина. Не пауза. Овие ке се испоболат вака ако тера. Згора па на тоа научени отвори прозорот ќе излади :pos:
Оооо токмак зградава неможе да се излади, плочкиве жежат ги осечам бос додека ги газам.



Аааа еееј колку ме накурчија со кученцево. Ај што е капак уште едно сега почна да лае во придружба.
Еј улава работа. Чоек да затвориш на оваа температура ќе цркне.
Спиење во 6 секако. 28 степени е моментално. Лудница.
 
Со текот на времето станав душо-читач(да не ме разберете погрешно многу поразлично е од душе-брижник),доволен ми е еден поглед во очи со било која особа за да разберам накаде тера возот.
Ја цитирам баба ми RIP:
"Изгорѐ ли се од млекото и на матенѝцата ќе дуваш"
 
Кеј, сакам да влезам кај тебе на форум, пишувам ‘кај’ и брзо кликам на првата опција. Обично пребарувачот те избацува прва, али овојпат не беше тоа случај.

Нејќам да навлегувам во причини зошто ми излезе мене баш тоа, ниту сум ја пребарувал госпоѓата, можда е случајност али сепак вреди да се спомне.

Дали има нешто? :cautious:

IMG_2862.png
 
Добро што уште е полуживо и мрда малце разменувањето сликички и собирање албуми за луѓево да ги покажат своите бизнис стратегии со продавање на 5 сликички за 500 денари зошто биле од тие што ретко паѓале и плус гратис џокер со нив давале. И албум и сликички подарувам, ми се згади, ми се повраќа, зошто младите дремеле на тик ток и гледале како прави селфи некој 3см пред возот во движење. Е зошто немаат 500 денари да платат за 5 сликички за да собираат албуми. Може и пари за закуп им бараат за улицата ако сакаат игри да играат надвор, ретардитани луѓе.
 
Драга,

Наречи ме старомоден, глуп, затуцан, али страшен turn-off ми е пирс на нос кај женско. Ме потсеќа на телот што го ставаат кај свињите за да не копаат со рилките.
И претерување со тетоважи исто. Никогаш не сум бил за тетоважи, не гледам поента во шарање на телото, а особено не на убаво женско тело. Можам да препознаам и да ми се допадне тетоважа направена со вкус, али повеќето луѓе што ги познавам или гледам по улица немаат вкус.
 
Wow некој влегол во 2026. Срејчна нова. Сега ќе добиеш понуда што не се одбива.
 
Разбирам сиромаштија, борба за корка, желба за повеќе. Ама како родител, како може да си ок ќеркати да ја дадеш на матуф 40 години постар? Како татко, толку ли не си се наметнал ко father figure да и укажеш кој пример на маж треба да
го бара? Толку ли е сеедно само пари да има?

Толку ли сте у кал заглаени да мора да голтате кнедли кога ја давате ќерката на некое старо доодено дртало што сега прво ќе и натепа дете на кое нема да му ја дочека матурата. Кога ќе ја затрудни ќе ја утепа од варање со други курави пошто стариот има кеш плаќа, впрочем така и ја нашол можда твојата ќерка. Па таа после пораѓај ако се окембеси и не успее да ја врати ставата ќе падне у депресија а овој уште толку ќе продужи.

Ќе ти дојде на врата после години со внучето избркани ко партали пошто едноставно она била само разонода со рок на траење.
 
Back
На врв Bottom