Гледам има некое движење за спортската сала до Хилтон, на 200-300 метри од Јане. Кој не е информиран, оваа сала, со наводен капацитет од 3,000, почна да се гради во 2009, ама нешто одма заглави, па во 2015-16, почнаа нешто појако, и во 2018та прекинаа, зошто фирмата која ја градеше отиде во стејач. Од надвор е завршена салата, а внатре не е уредена, ама тоа брзо може да се среди. 3 пати била на аукција, ама никој не ја купил зошто 8.7 мил евра е цената, и државата не може да му ја земе на инвеститорот зошто општина Аеродром му дала продолжување за градење, иако еве, одиме накај 17 години како трае проектот. Па сега, зошто не може да се продадат, ќе се вршела распределба меѓу најголемите должници на тие Манд што ја градеа.
Порано имаше рендери на build.mk како треба да изгледа салата. Трибините внатре, како бетонски сакали се готови, сум бил да ги гледам во 2018, пред да и стават прозори, не ми делуваше дека ќе има 3,000, ама може. Еве слика од салата кој не ја видел, иако фактичката состојба е понапред од ова, сите прозори се ставени и памтам во 2018 плочки лепаа нешто внатре. За жал нема други слики.
Добро би било, ако оваа сала добие сопственик, или општината успеа да ја земе и доврши, нема многу работа, тука да се пресели Вардар во иднина. Не е драстична промена, 200-300 метри од Јани, има голем паркинг пред салава, тука блиску застануваа 23ка и 3ка мислам поминува, и накај 3,000 капацитет е сосема доволен за потребите на РК.