„Татко ми е гинеколог, па морам и јас“ – Крај за специјализациите креирани по желба на директорите! ❌
www.facebook.com
...ехе хее, колку министри истото го кажале, па и не одговарале што излажале, доволно е да се иде на терен да се побие тоа што го кажува, јавно едно се кажува, на терен друго!
Follow TV21 on...• Web: https://tv21.mk & https://tv21.tv• FB: https://smarturl.it/TV21Fb• IG: https://smarturl.it/TV21IG• Tw: https://smarturl.it/tv21Tw• Те...
youtu.be
...пример за слабо менаџирање во здравството на Министер кој не е негов домен ниту проблематика зошто нема никаква допирна точка со медицината:
...отварање на операциони сали со специфика на операциона интервенција, а немање стручен кадар за истите е само дополнителен хаос да специјалисти торакалци од скопски клиники патуваат во гостиварска болница да оперираат да не чекале ред таму, а неговото отсуство во матичната болница која е клиника на повисоко ниво, може да чека ред, што со средствата потребни за тие операции што мора гостиварска болница да обезбеди од кој буџет, одземајќи од другите оддели и услуги кои се на ниво на општа болница, да дава терцијална услуга, а не е ни клиничка болница, ниту клиника, туку обична општа болница, прашање дали имаат анестезиолог воопшто или доаѓа цела екипа од скипската торакална клиника, тоа се вика закрпи, залепи!
друг пример :
ЈЗУ општа болница Охрид дава услуги од секундарно ниво на здравствена заштита,
- Специјалистичко консултативна дејност
- Дневна болница
- Болничко лекување
гравитира и население од околните општини: Струга, Ресен и Кичево во Центарот за дијабет, отсек за метално здравје, аудиолошкиот кабинет, инфективното одделение, неуропсихијатриско и геријатриското одделение, Центарот за наркозависници кои ги нема во горенаведените општини.
Вкупниот број на вработени е 475 од кои:
335 здравствени работници :
доктори спец 66, доктори на специјализација 28, доктор на медицина 4, дипломирани фармацевти 5, здравствени соработници 11, дипломирани медидицински сестри 41, дипломирана акушерка 8, дипломирни физиотерапевти 10, дипломиран лаборант 7, дипломиран РТГ 6, виш здравствен работник 3, медицински сестри 121, акушерки 12, медицински лаборанти 11 , фармацевтски техничар 2.
104 Помошно технички лица 36Административни службеници
Обем на услуги за 2022 година вкупен број на пациенти кои биле болнички лекувани 5975 пациенти, реализирани хируршки захвати 1139, интервенции- 3189
амбулантски прегледи 135 385.
...должина на болнички престој 7 денови, искористеност на болнички кревети 71% со вкупен број на болнички кревети -163, составена од 17 оддели или одделенија?(не е исто).
Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Оддел за општа хирургија Оддел за оперативен блок, Оддел за интерна медицина со пнеумофтизиологија, Оддел за гинекологија и акушерство со постнатално згрижување, Оддел за детски болести, Оддел за урологија, Оддел за оториноларингологија, Оддел за невропсихијатрија, Оддел за инфектологија, Оддел за геријатрија, Оддел за биохемиско-лабораториска медицина и патолошка анатомија, Одделение за радиодијагностика, Одделение за офталмологија, Одделение за физикална медицина и рехабилитација, Одделение за дерматовенерологија.
...конкретно не е наведено какви специјалисти се тие 66 набројани ниту на каква специјализација се тие 28, а тоа значи несоодветен медицински кадар според условите и потребите на охридската болница, инаку ќе беа точно назначени, а не вака општо ,,специјалисти и специјализанти"!
...се додека не го средат примарното здравство - матични лекари да даваат здравствена услуга со терапија, амбулантските и дневните болници се чиста загуба на болниците кои даваат секундарна здравствена услуга, видите ја само бројката од
135 385 амбулантски прегледи кои се пропратени со терапија која треба да ја дадат матичните, а не болниците.
...така да џабе вергла и овој Министер Азир Алиу, додека не се расчисти со улогата на матичните лекари не само да препишуваат рецепти и упати туку и да дадат терапија, а не болниците во абулантски услови и дневна болница да ја вршат таа услуга, џабе специјализации, џабе ќе прашува директори кои се партиски поставени и не ги знаат овие работи, ниту пак ги интересира, доволно е да се види соодносот на вработени во техничка служба 104 и соработници немедицински административни вработени 36, вкупно 140 за 163 кревети и 17 оддели, што е болницата хотел ли, администрација општинска ли? толку набутани што прават секој работен ден во болница?