Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
... ние имавме силно образование во континуитет од екс Ју, па до некоја година, а истото образование ни го сјеба токму тие држави за кои сите со воодушевување зборуваат, сите постари кадри во секоја сфера во ЕУ и кај нас се последни мохиканци со знаење и тие го влечат здравство и таму и ваму, па ако додадам вакуум времето од 4 години за време на пандемија и онлај учење посебно анатомија, доаѓаме до ова дереџе што е денес.

... ако штипските доктори се медицински неписмени што остана за Медицинските науки од тетовскиот универзитет, нив никој не ги спомнува!

...за време на пандемија се покажа ,,знаењето" и на докторите од ЕУ, како последица на (не)давање на здравствените услуги или погрешен пристап затоа што некој така наредил!

...ЕУ не сака паметни луѓе кои не ќе можат да ги контролираат и да бидат само гласачко тело таа како ќе рече, сите измени во образованието како куп дисперзирани факултети, факултет за медицински сестри и асистент доцент со средно образование и други нелогички терминологии, разни медицински курсеви, вонредно учење на среден медицински кадар, токму ЕУ ни го донесе и ни го постави како облигационо вметнување во нашето образование, не го измисливме ние, не го измисли ниедна наша Влада, а да не ги спомнам основците со родител 1 и родител 2 во своите први буквари и можност на машките деца да се облечат со фустани ако мислат дека треба да бидат така облечени!

Еу неправилно и без знаење ги лечела луѓето, старите кадри го влечеле здравството во Еу, ние сме најпаметни и сезнајни..

Како од иста мајка да сте родени.
Зошто ваков мајндсет?
Ова како предмет да го имате на сите медицински факултети низ балканот.Искомплексирани до бескрај!
Со вакво мислење никогаш и никаде нема да стекнеш никаков личен напредок нити прогрес, затоа што си ригидна и нефлексибилна и одбиваш да прифатиш дека нечив пат/знаење и светоглед е подобар од твојот. Толку си ригидна и тврдоглава што и во пропаст би однела нешто/некого , само да е на твоето.
Спушти се на земја, не гравитира светов околу Македонија.
 
...среќа што заврна колку толку се олади малку, па змиите се вратиле назад во своите гнезда, инаку со топлото и суво време како што луѓето шетаат ќе имаше случаеви на каснување, а серум против змијскиот отров никаде го нема - во ниедна болница, (инфективна) затоа што МАЛМЕД веќе месец дена не давал серија за да може да се дистрибуира, серум има, а недостапен за пациентите, зашто?

...колку вработени има во таа институција која е задолжена за увоз и регистрирање на лековите, кој е директор одговорен за ситуацијата?

...еден за сите, сите за никаде, па после циркус со пациентите како што беше пред година случајот со туристот во Охрид што го каснал змија, па наместо со Брза помош да го донесат серумот од дебарската болница, тие на 40 степени пациентот го носеле во Дебар, за ,,подобра циркулација и ширење на отровот" па уште фалење по социјални мрежи, дека завршиле работа! :facepalm:

...памет не им доаѓа, здравствена институција не се дава на партија да води со свои членови посебно кога се од албанскиот етникум!

...чувајте се и од кучиња скитници да не каснат и антирабиес вакцина и серум исто нема, ова вака информативно во овој период законски задолжително секоја здравствена институција треба да располага со серум и вакцина што ги спомнав!
Зошто ваков мајндсет?
...пример, анестезиолози, хирурзи ги има куп низ здраствените институции, па дури и супспецијалисти хирурзи, првите им е страв да даваат анестезија на покомплицирани случаеви , а вторите немаат ниедна сериозна потешка операција, а веќе 5, 6 години работаат, ќе викнат тајно постар кадар да оперира за дополнителна финасиска доплата, а тие младите кадри само ќе асистираат и потоа ширење муабет дека тие оперирале, криејќи го главниот оператор!
 
Последно уредено:

А што кога тие постари доктори што оперирале ке одат во пензија?
 
Еу неправилно и без знаење ги лечела луѓето, старите кадри го влечеле здравството во Еу, ние сме најпаметни и сезнајни..

Како од иста мајка да сте родени.
Зошто ваков мајндсет?
Ова како предмет да го имате на сите медицински факултети низ балканот.Искомплексирани до бескрај!
Кога се има во предвид дека во ЕУ се работи задолжително по препораки на најновите упатства за дијагностика и терапија од соддветното европско здружение на дадената специјалност, а за жал многумина од нив не ни знаат што е тоа.

Тоа е одбрамбен механизам и муабет тип "кисело е грозјето" за да се скрие сопствената нестручност и некомпетентност.

Едит: сега видов дека следниот пост на биџонс го потврдува тоа.
 
А што кога тие постари доктори што оперирале ке одат во пензија?

sudene-struga-1.png

...се сеќаваш на родилката Јилдз Веапоска која сеуште лута низ судските ходници барајќи ја правдата за нестручноста на гинекологот, ама прашање кој гинеколог (таткото гинеколог или синот специјализант гинеколог)?

... да оди жена да се породи со царски рез, а да се извадат органите како лев бубрег, јајник...матка итн, гинеколог (Мухамед Асани) и неговиот син кој асистирал (специјализант гинеколог Блертон Асани) да не била ситуацијата ова само препоставка:

- „Ајде синко пробај ти со царски рез“, па овој Цапппп, исекол некој главен крвен сад да го покрие синот гинеколог да ги острани сите органи кој овој кој знае што пресекол од крвните садови, пациентката ќе починела од крварење ако не ќе биле остранети тие три органи каде овој можеби ги закачил, ама јавно друга приказна се кажува, таткото секогаш ќе го одбрани своето чедо и ќе се жртвува за грешката, ама чија грешка?

... а Лекарската комора по потреба заспана и инертна, гледала да се стишат работите, кажи една нивна иницијатива против несовесно работење на нивни член, немало и нема да има посебно со партиски поставен претседател (сеуште е претседател поставената лично од ЗЗ од СДСМ, без општо гласање за избор, спие ВМРО, оставајќи го сеуште сдсмовската преседателка на Лекарска комора проф. д-р Калина Гривчева-Старделова).

... истата таа претседателка тогаш во 2021 година, демек Лекарската комора спровела стручен надзор, а нивните официјални ставови и изјави биле:

- „Нема лекарски пропуст“

Лекарската комора излегла со стручен наод во кој се заклучи дека д-р Мухамед Асани и неговиот тим не направиле никаква лекарска грешка, во извештајот се тврдело дека од моментот на прием до исписот, пациентката Јилдз Веапоска била третирана согласно сите постоечки медицински норми и стандарди, а првиоит човек на Лекарска комора (по потреба во овој случај падната од Марс) не знаела за извештајот (тоа го изјавила на прес конференција) таа лично немала увид и не ги читала документите од извештајот, бидејќи не била дел од петчлената комисија која го вршела надзорот!

(Човек да се прекрсти каква прес изјава од претседател на Лекарска комора),
таа изјавила дека лекарската Комората не била институција која пресудува дали има кривична одговорност, со што Институтот за судска медицина целосно го поби овој извештај на Лекарската комора, докажувајќи во судска постапка дека пропусти во лекувањето сепак имало, што на крајот резултираше со затворска казна за главниот гинеколог и што со тоа?

... истава претседателка сеуште ја менаџира Лекарската комора, која за секој случај не се запознати, не се одговорни, тие се само во длабок партиски сон, целта за нивно постоење не ја извршуваат и ниеден член на Лекарска комора не покренува било што, штама!

... вештачењето потврдило дека органите немале патолошки промени или претходно заболување тие биле целосно функционални пред операцијата, по извршениот царски рез, кај родилката настанала постоперативна компликација (внатрешно крварење), која довела до хеморагичен шок, медицинскиот тим на чело со главниот хирург не извршил навремена и соодветна дијагностика за да го открие и запре крварењето во рана фаза, наместо прецизно да се лоцира оштетениот крвен сад и да се санира самото крварење, лекарот во паника и под притисок на критичната состојба донел одлука радикално да ги отстрани сите три органи за да го запре обилното крварење и да го спаси животот на пациентката.

...самиот извештај од Судска медицина заклучува дека влошувањето на состојбата на Јилдз Веапоска е директна последица на делувањето и пропустите на здравствениот тим, а одговорноста паѓа врз главниот оператор, бидејќи специјализантот (синот) немал законско право самостојно да оперативно менаџира - де факто, а де јуре има ли сведоци дека било баш така??

... првообвинетиот Мухамед Асани како лекар-специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот Блертон Асани како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска како лекар-гинеколог акушер, се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, тие при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката од Дебар поради што таа остана без три органи и што понатака?

Д-р Асани е поранешен директор на болница во Струга бил разрешен токму поради овој случај, на првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажале дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.

... храбрата пациентка Јилдз Веапоска официјално го немала поднесено случајот пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, бидејќи за тоа сè уште не се исполнети законските услови, мора да биде исполнет клучниот услов: исцрпување на сите домашни правни процеси за добие правосилна и конечна завршница пред сите судски инстанции во Македонија (вклучувајќи го и Врховниот суд), а случајот се одложува ли се одложува рочиштата во македонскиот правосуден систем!

:oeoeoe:подршка за Јилдз, да ги изруши сите тие кулиси и препреки и да си ја добие својата правда во Стразбург, оти овде не ја бидува!

...сега тие појасно што понатаму кога постарите кои оперирале ќе отиднат во пензија, операцијата ќе биде руски рулет!
 
Последно уредено:
Оваа хајка за Асани е малку нејасна, сакаш да кажеш дека компликации никогаш ама никогаш по време на операција не се случуваат? Никаде во светот?
За осуда е ако настаната компликација не се третира, а не ако таа се случи. Овде пак потфрлува на велико судскиот систем.
Дали тоа според македонското право постојат Богови во здравството на кои никогаш не им се случува компликација?
... па нормално дека е ова е КОМПЛИКАЦИЈА, ама како последица на незнаење која сите скоро од петни жили се трудат да ја оправдат, кога веќе не можат да ја сокријат, така функционира и Лекарската комора, сите лекари светци никогаш не грешат, никогаш нема низ болниците лекарски грешки, само нормални оправдани компликации кои нормално се јавуваат во тек и после операција насекаде во светот!

...емпатија за ,,хајка на др Асани, а ваму пациентката осакатена доживотно, за неа немаш збор два?
 
И ти сереш на кајгана форум од незнаење па ете не те суди никого? Каква правда е ова?
 
И ти сереш на кајгана форум од незнаење па ете не те суди никого? Каква правда е ова?
... првата активност ја правам во тоалет, втората активност е мое пишување на Кајгана како форум за споделување различно мислење кое често не е исто со некои членови, но тоа не значи и незнаење, жалосно е да споредиш форумска активност со реалниот живот и вистинските човечки трагедии низ болничките институции, а најжалосно да нивото на пишување ти паѓа толку ниско што како медицинско лице не би требало, било да се наоѓаш на улица, било дома, било на форум, етиката и моралот на здравствен работник, посебно доктор според Кодексот на медицинската деонтологија, треба да се запази во секое време и било каде! :toe:
 
Кога се работи за кодекс, прочитај се какви глупости пишуваш
 
Да прашам некој постари, поискусни колеги кои се разбираат од бирократија. :D Поранешна лекарка која што работеше на Клиника, мислам дека беше и професор, панзионирана од државно, моментално работи во приватна институција како специјалист. Е сега око ми фати, печатот што го користи го нема оној број на факсимил од шест цифри што го добива секој лекар од Фондот. Прашав една колешка, вика не морало да има број на факсимил на печатот, но дотичната лекарка воопшто ја нема на листата на активни специјалисти на страната на фзом. :rolleyes: Каде може да се пријави ова?
 
... законот наложува секој доктор кој препишува рецепти и упати на товар на Фондот да поседува активен факсимил од 6 цифри кој е задолжителен и за сите специјалисти во мрежата на ФЗОМ, доколку дотичната докторка ја нема во официјалниот Шифрарник на лекари на ФЗОМ, тоа може да значи две работи:

... работи приватно без договор со Фондот во приватните клиники кои работат независно, докторите издаваат интерни извештаи и терапии кои пациентот ги плаќа од свој џеб (приватно), во овој случај, дотичната докторка може да користи обичен печат со нејзиниот број од Лекарска комора, наместо 6 цифрен факсимил од ФЗОМ.

... административно доцнење или некој пропуст што понекогаш при премин од државно во приватно здравство или поради пензионирање и продолжување на ангажманот, може да има временски вакуум додека докторката одново се евидентира во Системот (нејзиниот статус може да се провери и преку пребарувачот на активни тимови на порталот МојТермин).

... докторката не мора да се пријави во ФЗОМ доколку приватната болница каде што работи нема договор со Фондот и ги наплаќа услугите по приватни цени, затоа што пензионираните лекари можат легално да го продолжат својот работен ангажман во приватниот сектор согласно Законот за здравствена заштита, доколку таа дава исклучиво приватни услуги, нејзиниот статус на активен доктор во Лекарската комора е доволен за работа, па затоа и ја нема во шифрарникот на ФЗОМ.

... треба да се провери ако болницата има договор со ФЗОМ и дотичната докторка треба да издава рецепт или упат што го покрива државата, таа мора да има активен факсимил од 6 цифрии и тогаш треба да се пријави доколку го нема, исто мора да поседува валидна Лиценца за работа која лесно ќе ја провериш во Регистарот на издадени лиценци на Лекарската комора (оти ја знаеш со име и презиме) и пак ќе речам ако приватната институција е дел од националниот систем, дотичната докторка мора да биде евидентирана во Националниот систем МојТермин.

...инаку доколку сомнежите ти се оправдани можеш да пријавиш во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) или директно до Фондот за здравствено осигурување, но претходно провери го напишано!
 
...ехе хее, колку министри истото го кажале, па и не одговарале што излажале, доволно е да се иде на терен да се побие тоа што го кажува, јавно едно се кажува, на терен друго!

...пример за слабо менаџирање во здравството на Министер кој не е негов домен ниту проблематика зошто нема никаква допирна точка со медицината:

...отварање на операциони сали со специфика на операциона интервенција, а немање стручен кадар за истите е само дополнителен хаос да специјалисти торакалци од скопски клиники патуваат во гостиварска болница да оперираат да не чекале ред таму, а неговото отсуство во матичната болница која е клиника на повисоко ниво, може да чека ред, што со средствата потребни за тие операции што мора гостиварска болница да обезбеди од кој буџет, одземајќи од другите оддели и услуги кои се на ниво на општа болница, да дава терцијална услуга, а не е ни клиничка болница, ниту клиника, туку обична општа болница, прашање дали имаат анестезиолог воопшто или доаѓа цела екипа од скипската торакална клиника, тоа се вика закрпи, залепи!

друг пример :
ЈЗУ општа болница Охрид дава услуги од секундарно ниво на здравствена заштита,
  1. Специјалистичко консултативна дејност
  2. Дневна болница
  3. Болничко лекување
гравитира и население од околните општини: Струга, Ресен и Кичево во Центарот за дијабет, отсек за метално здравје, аудиолошкиот кабинет, инфективното одделение, неуропсихијатриско и геријатриското одделение, Центарот за наркозависници кои ги нема во горенаведените општини.

Вкупниот број на вработени е 475 од кои:
335 здравствени работници :
доктори спец 66, доктори на специјализација 28,
доктор на медицина 4, дипломирани фармацевти 5, здравствени соработници 11, дипломирани медидицински сестри 41, дипломирана акушерка 8, дипломирни физиотерапевти 10, дипломиран лаборант 7, дипломиран РТГ 6, виш здравствен работник 3, медицински сестри 121, акушерки 12, медицински лаборанти 11 , фармацевтски техничар 2.

104 Помошно технички лица 36Административни службеници

Обем на услуги за 2022 година вкупен број на пациенти кои биле болнички лекувани 5975 пациенти, реализирани хируршки захвати 1139, интервенции- 3189 амбулантски прегледи 135 385.

...должина на болнички престој 7 денови, искористеност на болнички кревети 71% со вкупен број на болнички кревети -163, составена од 17 оддели или одделенија?(не е исто).
Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Оддел за општа хирургија Оддел за оперативен блок, Оддел за интерна медицина со пнеумофтизиологија, Оддел за гинекологија и акушерство со постнатално згрижување, Оддел за детски болести, Оддел за урологија, Оддел за оториноларингологија, Оддел за невропсихијатрија, Оддел за инфектологија, Оддел за геријатрија, Оддел за биохемиско-лабораториска медицина и патолошка анатомија, Одделение за радиодијагностика, Одделение за офталмологија, Одделение за физикална медицина и рехабилитација, Одделение за дерматовенерологија.

...конкретно не е наведено какви специјалисти се тие 66 набројани ниту на каква специјализација се тие 28, а тоа значи несоодветен медицински кадар според условите и потребите на охридската болница, инаку ќе беа точно назначени, а не вака општо ,,специјалисти и специјализанти"!

...се додека не го средат примарното здравство - матични лекари да даваат здравствена услуга со терапија, амбулантските и дневните болници се чиста загуба на болниците кои даваат секундарна здравствена услуга, видите ја само бројката од 135 385 амбулантски прегледи кои се пропратени со терапија која треба да ја дадат матичните, а не болниците.

...така да џабе вергла и овој Министер Азир Алиу, додека не се расчисти со улогата на матичните лекари не само да препишуваат рецепти и упати туку и да дадат терапија, а не болниците во абулантски услови и дневна болница да ја вршат таа услуга, џабе специјализации, џабе ќе прашува директори кои се партиски поставени и не ги знаат овие работи, ниту пак ги интересира, доволно е да се види соодносот на вработени во техничка служба 104 и соработници немедицински административни вработени 36, вкупно 140 за 163 кревети и 17 оддели, што е болницата хотел ли, администрација општинска ли? толку набутани што прават секој работен ден во болница?
 
Последно уредено:

Во обид да се скрати времето на чекање и да се подобри реакцијата во итни случаи, Министерството за здравство предложи, а Владата го усвои предлогот за формирање самостоен Центар за итна медицинска помош во Скопје. Според најавите, досегашната служба ќе треба да се издвои од рамките на Здравствениот дом Скопје и ќе функционира како посебна здравствена установа со сопствена организација и управување.

Одлуката доаѓа во период кога граѓаните сѐ почесто реагираат на доцнење на екипите на терен, а во одредени случаи времето на чекање достигнува и 30 до 40 минути – време кое може да биде клучно за спас на човечки живот. Недостигот од медицински тимови, амбулантни возила и кадар, како и сообраќајниот метеж во главниот град, дополнително ја оптоваруваат работата на службите.
 
...ехе хее, колку министри истото го кажале, па и не одговарале што излажале, доволно е да се иде на терен да се побие тоа што го кажува, јавно едно се кажува, на терен друго!

...пример за слабо менаџирање во здравството на Министер кој не е негов домен ниту проблематика зошто нема никаква допирна точка со медицината:

...отварање на операциони сали со специфика на операциона интервенција, а немање стручен кадар за истите е само дополнителен хаос да специјалисти торакалци од скопски клиники патуваат во гостиварска болница да оперираат да не чекале ред таму, а неговото отсуство во матичната болница која е клиника на повисоко ниво, може да чека ред, што со средствата потребни за тие операции што мора гостиварска болница да обезбеди од кој буџет, одземајќи од другите оддели и услуги кои се на ниво на општа болница, да дава терцијална услуга, а не е ни клиничка болница, ниту клиника, туку обична општа болница, прашање дали имаат анестезиолог воопшто или доаѓа цела екипа од скипската торакална клиника, тоа се вика закрпи, залепи!

друг пример :
ЈЗУ општа болница Охрид дава услуги од секундарно ниво на здравствена заштита,
  1. Специјалистичко консултативна дејност
  2. Дневна болница
  3. Болничко лекување
гравитира и население од околните општини: Струга, Ресен и Кичево во Центарот за дијабет, отсек за метално здравје, аудиолошкиот кабинет, инфективното одделение, неуропсихијатриско и геријатриското одделение, Центарот за наркозависници кои ги нема во горенаведените општини.

Вкупниот број на вработени е 475 од кои:
335 здравствени работници :
доктори спец 66, доктори на специјализација 28,
доктор на медицина 4, дипломирани фармацевти 5, здравствени соработници 11, дипломирани медидицински сестри 41, дипломирана акушерка 8, дипломирни физиотерапевти 10, дипломиран лаборант 7, дипломиран РТГ 6, виш здравствен работник 3, медицински сестри 121, акушерки 12, медицински лаборанти 11 , фармацевтски техничар 2.

104 Помошно технички лица 36Административни службеници

Обем на услуги за 2022 година вкупен број на пациенти кои биле болнички лекувани 5975 пациенти, реализирани хируршки захвати 1139, интервенции- 3189 амбулантски прегледи 135 385.

...должина на болнички престој 7 денови, искористеност на болнички кревети 71% со вкупен број на болнички кревети -163, составена од 17 оддели или одделенија?(не е исто).
Оддел за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Оддел за општа хирургија Оддел за оперативен блок, Оддел за интерна медицина со пнеумофтизиологија, Оддел за гинекологија и акушерство со постнатално згрижување, Оддел за детски болести, Оддел за урологија, Оддел за оториноларингологија, Оддел за невропсихијатрија, Оддел за инфектологија, Оддел за геријатрија, Оддел за биохемиско-лабораториска медицина и патолошка анатомија, Одделение за радиодијагностика, Одделение за офталмологија, Одделение за физикална медицина и рехабилитација, Одделение за дерматовенерологија.

...конкретно не е наведено какви специјалисти се тие 66 набројани ниту на каква специјализација се тие 28, а тоа значи несоодветен медицински кадар според условите и потребите на охридската болница, инаку ќе беа точно назначени, а не вака општо ,,специјалисти и специјализанти"!

...се додека не го средат примарното здравство - матични лекари да даваат здравствена услуга со терапија, амбулантските и дневните болници се чиста загуба на болниците кои даваат секундарна здравствена услуга, видите ја само бројката од 135 385 амбулантски прегледи кои се пропратени со терапија која треба да ја дадат матичните, а не болниците.

...така да џабе вергла и овој Министер Азир Алиу, додека не се расчисти со улогата на матичните лекари не само да препишуваат рецепти и упати туку и да дадат терапија, а не болниците во абулантски услови и дневна болница да ја вршат таа услуга, џабе специјализации, џабе ќе прашува директори кои се партиски поставени и не ги знаат овие работи, ниту пак ги интересира, доволно е да се види соодносот на вработени во техничка служба 104 и соработници немедицински административни вработени 36, вкупно 140 за 163 кревети и 17 оддели, што е болницата хотел ли, администрација општинска ли? толку набутани што прават секој работен ден во болница?
Министеров, со сета должна почит дека е министер не знае што збори. Настрана муабетиве за специјализанти и специјализации, и како они требало да работат за 26.000 денари, нормално било тоа, дека сами си се нафатиле да идат на приватна специјализација, па не смееле да работат дополнително за да преживеат, ами и делот кај што мисли да воведува парамедици во брза помош. Како им е замислено ова? Ќе има факултет за парамедици или со курс како што некои што немаат никаква допирна точка со медицина станаа медицински сестри?

Па и делот кај што пациентите ќе можеле да скријат некои работи од матичниот лекар, и ќе можеле што сакаат да им кажуваат на лекарите специјалисти. Seriously? Ако пациентот имал алергиска реакција и ти го скрие тебе тоа пример, готово е и со пциентот и со твојата докторска кариера.

Лудило.
 
Во една продавница накај раскрсница зоил, небитно која, се случи позади мене двајца тројца и зад нив еден висок повозрасен човек, навидум физички во ред. Одеднаш почна мешаница, го гледам човекот патос доле.
Одма искочив да викнам брза помош (знам по мене како ми беше кога се влечкав буквално на колена од партизанска до воена болница (не затоа што не сакале да помогнат него немаше жива душа да помине) па бум унфарк (заа среќа веќе во болницата и за среќа спремен кадар), по мене и двајца од продавачите. Ми рекоа да чекам пошто сум пријавил случај. Чекав и пак се јавив ама ние доаѓаме од Аеродром, има гужви велат, брзаме. Точно, брзаат, но зошто не дојде од градска болница која беше на 500 метри од продавницата? Немаат служба? Ако немаат зошто? Кога дојдоа, извадија еде голем апарат, но беше веќе доцна. Гледам го покрија со чаршав.
Прашње е колку екипи имаат, колку и како опремени возила, какви се гужвите итн итн. Мене среќа ме возеше шоферот по тротоари за да стигне навреме. Сега, ден пред Нова година имав друг вид колапс (гастро, големо крварење), возилото беше секое камче да ти го извадат од бубрег и колку се сеќавам у таа состојба, као автобусот од Кој тоа таму пее филмот.
Ова во комбинација од тоа што мите родители и двајцата едно време работеа во Брза, значи дека не зборам напамет. Дури сега со татко ми кога збориме, попрво треба на Итна помош да им се пресметува бенефициран стаж отколку на некои служби кај полицајците. Стрес, мртви тела, полуживи кои те молат за уште малку живот барем, со големи и широки познавања од медицина, а реално белези во умот од случаите засекогаш.

Патем, во Варшава на погустите улици и во Будимпешта исто, гледав посебна десна лента токму за возила со налепница (такси, автобуси) и за Итна помош и полициска интервенција при сериони инциденти. Не сегде, али во тие градови имаше.
 
Back
На врв Bottom