А што кога тие постари доктори што оперирале ке одат во пензија?
...се сеќаваш на родилката Јилдз Веапоска која сеуште лута низ судските ходници барајќи ја правдата за нестручноста на гинекологот, ама прашање кој гинеколог (таткото гинеколог или синот специјализант гинеколог)?
... да оди жена да се породи со царски рез, а да се извадат органите како лев бубрег, јајник...матка итн, гинеколог (Мухамед Асани) и неговиот син кој асистирал (специјализант гинеколог Блертон Асани) да не била ситуацијата ова само препоставка:
- „Ајде синко пробај ти со царски рез“, па овој Цапппп, исекол некој главен крвен сад да го покрие синот гинеколог да ги острани сите органи кој овој кој знае што пресекол од крвните садови, пациентката ќе починела од крварење ако не ќе биле остранети тие три органи каде овој можеби ги закачил, ама јавно друга приказна се кажува, таткото секогаш ќе го одбрани своето чедо и ќе се жртвува за грешката, ама чија грешка?
... а Лекарската комора по потреба заспана и инертна, гледала да се стишат работите, кажи една нивна иницијатива против несовесно работење на нивни член, немало и нема да има посебно со партиски поставен претседател (сеуште е претседател поставената лично од ЗЗ од СДСМ, без општо гласање за избор, спие ВМРО, оставајќи го сеуште сдсмовската преседателка на Лекарска комора проф. д-р Калина Гривчева-Старделова).
... истата таа претседателка тогаш во 2021 година, демек Лекарската комора спровела стручен надзор, а нивните официјални ставови и изјави биле:
- „Нема лекарски пропуст“
Лекарската комора излегла со стручен наод во кој се заклучи дека д-р Мухамед Асани и неговиот тим
не направиле никаква лекарска грешка, во извештајот се тврдело дека од моментот на прием до исписот, пациентката Јилдз Веапоска била третирана согласно сите постоечки медицински норми и стандарди, а првиоит човек на Лекарска комора (по потреба во овој случај падната од Марс) не знаела за извештајот (тоа го изјавила на прес конференција) таа
лично немала увид и не ги читала документите од извештајот, бидејќи не била дел од петчлената комисија која го вршела надзорот!
(Човек да се прекрсти каква прес изјава од претседател на Лекарска комора),
таа изјавила дека лекарската
Комората не била институција која пресудува дали има кривична одговорност, со што Институтот за судска медицина целосно го поби овој извештај на Лекарската комора, докажувајќи во судска постапка
дека пропусти во лекувањето сепак имало, што на крајот резултираше со затворска казна за главниот гинеколог
и што со тоа?
... истава претседателка сеуште ја менаџира Лекарската комора, која за секој случај не се запознати, не се одговорни, тие се само во длабок партиски сон, целта за нивно постоење не ја извршуваат и ниеден член на Лекарска комора не покренува било што, штама!
Лекарска грешка утврдуваат судски вештаци, велат од Лекарската комора, откако родилката обвини дека и биле извадени матка, бубрег и јајник.
www.dw.com
... вештачењето потврдило дека
органите немале патолошки промени или претходно заболување тие биле целосно функционални пред операцијата, по извршениот царски рез, кај родилката настанала
постоперативна компликација (внатрешно крварење), која довела до
хеморагичен шок, медицинскиот тим на чело со главниот хирург не извршил навремена и соодветна дијагностика за да го открие и запре крварењето во рана фаза, наместо прецизно да се лоцира оштетениот крвен сад и да се санира самото крварење, лекарот во паника и под притисок на критичната состојба донел одлука радикално да ги отстрани сите три органи за да го запре обилното крварење и да го спаси животот на пациентката.
...самиот извештај од Судска медицина заклучува дека влошувањето на состојбата на Јилдз Веапоска е директна последица на
делувањето и пропустите на здравствениот тим, а одговорноста паѓа врз главниот оператор, бидејќи специјализантот (синот) немал законско право самостојно да оперативно менаџира - де факто, а де јуре има ли сведоци дека било баш така??
Судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породување во 2020 остана без бубрег, матка и јајник, денеска […]
sdk.mk
... првообвинетиот Мухамед Асани како лекар-специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот Блертон Асани како лекар-специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска како лекар-гинеколог акушер, се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, тие при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката од Дебар поради што таа остана без три органи и што понатака?
Д-р Асани е поранешен директор на болница во Струга бил разрешен токму поради овој случај,
на првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажале дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.
... храбрата пациентка Јилдз Веапоска официјално го немала поднесено случајот пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, бидејќи за тоа сè уште не се исполнети законските услови, мора да биде исполнет клучниот услов:
исцрпување на сите домашни правни процеси за добие правосилна и конечна завршница пред сите судски инстанции во Македонија (вклучувајќи го и Врховниот суд), а случајот се одложува ли се одложува рочиштата во македонскиот правосуден систем!

подршка за Јилдз, да ги изруши сите тие кулиси и препреки и да си ја добие својата правда во Стразбург, оти овде не ја бидува!
...сега тие појасно што понатаму кога постарите кои оперирале ќе отиднат во пензија, операцијата ќе биде руски рулет!