Вчера денот лудило. Сабајле рано ме разбуди Рамза од Сарај чии први два повика ги игнорирав и кренав на третиот. Требаше да ми донесе со камион кубик песок, и ми вика абе што не креваш, јас веќе го растоварив песокот од камионот, и јас се израдував и викам епа добро во понеделник ќе го донесеш, вика ај ќе го товарам пак ќе го донесам, ми праи финти пазарски. Нејќев да го донесе, зашто бев преморен и требаше вечерта да праиме мекици. Ок го донесе, го истури пред двор, му платив си отиде. Се јави жена ми со нарачки што да и однесам на ГАК, купив однесов си дојдов дома. Отидов до Дајмонд да си купам некоја поло маичка, завршив во Ист Гејт ипак си купив кошула за вечерта. Убиен веќе по топлото, доаѓам дома 1 ипол и викам ќе јадам и ќе легнам два саата да соберам сила за вечер. Во истиот момент ми звони жена ми, вика што праиш, викам ќе јадам и ќе си легнам, вика нема да легнеш и си помислив оу шит пак треба да носам нешто на ГАК, викам зошто, вика треба да не земеш за два саата. Светот ми се преврте двапати, викам како да ве земам нели понеделник, вика така кажаа. Гз преку глава, ништо ни спремно ни пеглано ни алишта ни постелнина, ај средив све ми помогнаа, дури успеав до Цветен Пазар да одам и купив букет розеви ружи. Чекав саат време на клиника, веќе 6 дојде, а од 8 мекиците. Ми се јавува кумот, му кажувам ситуација, вика па кој ќе биде со неа, викам ако треба јас ќе пречекам гости и ќе си одам дома. Почна нешто да го поти на што би личело тоа и му спуштив телефон, прв пат во живот. Ги земавме бебињата, ги видов пола саат и отидов на мекици, со неа остана мајка и. Инаку имам анксиозност од многу луѓе, не знаев како ќе истерам, сепак супер си беше. Дојдов дома и спиев на земја. Сабајле станав, ги подржав малку во раце, и дојде мајсторот. Кубик песок му префрлав од на 20 метра, ми идеше да се убијам жими се. Отидов цигари да си купам, сокови кисели води, и гази и алкохол. Не можам да стојам, само што се залегнав во фотелја.
На поголемото курот му е Рокот Сифреди жими се.