Интересното е што Илиа направи буквално се исто како и на претходните мечеви..исто како со Волк , во втора рунда дури ги поврза истите комбинации, во тело па после горе, со таа разлика што против Волк не доби повратно во таа размена , а Џастин се бранеше и одма коа беше гадно одеше напред со удари. Не знам како ама некако успеа да го избегне црното сценарио. Мене разочарувањето од Илиа ми беше во продолжение. Непрепознатлив, пасивен во движење, одбрана нула. Јес да беше збумбарен и тоа му влијаеше секако , ама сепак..Разликата на пример во борбата против Макс беше таа дека имаше повеќе слобода Илиа , бидејќи на тој меч воопшто не добиваше толку удари од Макс и затоа беше и поодморен и успеа во четвртта рунда да го нокаутира. Јебига , што вика
@_BerzerkeR_ некој борец не ти одговара и тоа е тоа. Поентата е дека (по мое мислење ) доста други борци не би ги преживеале оние комбинации и ударци од Илиа во втора рунда.. па мислам дека дискутабилно би било и за Ислам. Мислам дека и Ислам како Переира нема јака брада, и доколку некој прв го закачи саглам може да го јаде. Со таа разлика што Ислам одма ти се фрла во нозе и те руши , и они со екипата на тој начин се вадат од гомната. Спремни се да префрлат доле и да земат здив после евентуален примен удар , што многу значи.
Па не баш сѐ, стандард ударите фалеа и веројатно тоа ќе сменеше многу
Пред да го нокаутира Оливера види колку подвижен беше и запази ги ударите, ќе ти стане јасно
Нокаутот му беше поважен од победа, на хајлајтс се приметува дека не затвара простор како во претходните
Првично, Гејчи со такви удари го дофати кај окото и од тука отиде во друг правец.
Убаво си кажа, пристапот му беше како со Волк, затоа и изгуби
Илија го победи Емет на еден начин, Волк на друг, Макс на трет, Оливера на четврт, затоа цел мма свет се чудеше на епилогот и ова е веројатно најголемото изненадување во лесна категорија
Стрикланд имаше поголеми шанси против Чимаев во споредба со Гејчи против Илко
Мое мислење е дека згреши што толку претпазливо влезе од почеток, требаше одма агресивно да го нападне и да го растрча повеќе
Друга забелешка, килажата; станал доста понеподвижен, 3-4 кила до 5 штрчеа
Веројатно е потежок од тоа што треба да биде
Се гоат ваквите кепеци што се талентирани и мислат дека со поголема килажа поголема сила ќе имаат.
Се кладам дека движи со 80-85 кила кога не е на тренинг камп а он треба да движи со 73-77 кила максимум
Да го ослабеш телото 15 кила за 2 месеци не е мала работа.
Изгледа предвреме се спремал за Ислам и скапо ја плати цената
Едно е за 2 месеци 4 до 7 кила да ослабеш, друго е 12-15
Бог знае што памет имаат тие кои се одговорни за телото и за исхраната
Џабе сѐ вежбите за мозокот кога не се слуша телото што бара.
Илија е пак боље фајтер од камионџијата