Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Цел живот работи, заработувај, трпи стресови и нервози... Се со една мисла: нешто да постигнеш, да ги изнесеш децата на прав пат, да им оставиш нешто посветло и полесно во животот. И на крајот, зошто?

Или ќе дочекаш сопственото дете да те изневери и да не го цени целиот тој твој труд и жртва, или ќе те снајде некоја елементарна непогода па сè ќе пропадне за една минута, или некој туѓинец од страна ќе ти сруши сè што си градел со децении.

Гледаш, се бориш, крвариш... и сфаќаш колку сè е минливо и нестабилно. Ех, што ти е животот... Голема лекција, ама премногу скапа.
 
Не озбилно, што е со имињава на децава денес? На плажа у моментов се Иан, Зои и Нео. Чекаме уште Морфеус да се искења у пелени дека имал 4 дена запек од цреши и Потидеа да ни се види ко Зајон.
 
Иронијата е уствари дека земаш одмор за да одмориш, да се изрелаксираш, да си го пуштиш мозокот на пасење, ама сфаќаш дека тоа на работа ти било одмор и дека си бил многу поодморен, поизрелаксиран, поокеј.

Има нешто многу убаво во тоа да се внесеш во обврски и да си ги минуваш деновите во работа, работа и само работа.
 
По кондурите на босо, над-зглоб тесна фармерка, брендирана мајца, брендирана кожна педеруша и сликите од италија и франција ќе те познаам дека се бавиш со граџевина.

Ја незнам, дали одма после издавање на првата дозвола за градење те зима некоја тетка за раче и те носи во Fashion&Friends па во Солун да те опреми и на крај како шлаг, Кајен или Q8-ца. Ко програмерите што купија Kia Sportage на кредит од Халк, така и овие со нивните обележја.

Теретана задолжително иако до вчера си бил дивоградба. И ако си преамбициозен и ти се ебе многу, два-три платени ПР текстови во некои шунд портали да ти го оценат стајлингот на успешен бизнисмен.
 
Oи,

На фејсбук задњи неколку дена ми излага ликов

1781689512650.png

И у групен чат другари 3-4 видеа ми шернаа од него, и ок на почеток делуваше смешно, не дека ми беше искрено смешно ама ај, трагично беше тоа што го гледав, тотално недобро за слушање и гледање, ама денес ми пратија видео како вози и пак ги збори истите глупости, а позади имаше мало дете, што би рекол Бранко Илиевски од телма на времето кога коментираше фудбал, веќе ѓаволот ја однесе шегата.

Во кратки црти, мисли дека го следат, дека преку сателити и 5г антени му го уништуваат здравјето, му го контролираат умот, дека имал срцев удар пред некој ден поради ова, мислам, разгледајте му ги видеата ќе сфатите за каква недоброст станува збор, не верувам дека трола, иако добро би било тоа да е случаj.

Него шо ми е поентата и зашто зборам за ова, дај бе некој нека го прибере, нека го провери, дали институции, фамилија, сеедно, дефинитивно треба да се лекува, тоа е едно, второ, овој е темпирана бомба, и ако ескалира не верувам дека тоа ќе биде добро за тие околу него а и за него самиот, дали има шизофренија, за што и самиот говори во видеата, или нешто друго, поим немам, а не е ни битно, друг тоа треба да го установи, ако веќе не е и установено.

Гајле ми е и ако некое правило на форумов поебувам со шернатиот скрин, и баталете смеење и пукање сеир ко тие што му праат на видеава, за човеков треба да се реагира док не биде касно.
 
Пред три месеци барав добра работа аплицирав само во реномирани фирми со информации од внатре за услови/плата и слично, и никој не се јавуваше цел месец.

Таман влегов на предобра позиција конечно, денес ми се јавуваат две други фирми уште подобри од моменталната. Значи неможе бато да ѕвониш 3 месеци после апликацијата све ви ебам, особено па не на мене шо менувам работа како чорапи.

И кој кур сеа?
 
Плажа денес брука втор дел. Шурава се запраи нешто муабет со румунот до него, двајцата знаат англиски колку две забавачиња растени без јутјуб. Нашиов заебан му вика, флај бајт, иц гона реин, румунов склопи фаца како да ја дознал суштината на животот. Еве ме мене од срам кај пловките више два саата чекам ајкула да дојде да ми скрати маките.
 
Кајг,
ај додека раздигам околу ќе ја слушам Цеца и нејзините две гостинки во ,,Цеца шоу" , трите испеа по една песна мислиш само Цеца пее ист глас, иста боја иста рефренска енергија, ги погледнав да видам кои се, а тоа усните исти надуени и потечени, демек секси напрчени само за лапање, а тоа ружни и тужни како да јаделе мед во пчеларник,

...добро бе зошто така се огрдувате, па уште тешки пари за тоа се дава, мене не ми е јасно како тоа се гледаат на огледало немаат критериум за лична природна убавина?

_uploads_thumbs_resize_800x420_667311.jpg

и ова е секси и привлечно? :facepalm:
 
Драга,
Целосно се согласувам со членот погоре коментарот за вештачки усни, одвратни и одбивни се жените кои прават така со усните.

Е со вакви вештачки усни и плус ботокс на лицето ги има мајка и две ќерки каурки, сите три прават вештачки усни и ботокси редовно такви третмани прават, плус уште имаат и другарка во нивно друштво а таа пак дури и ставила вештачки силикони во Белград за 3. 000 евра.
И овие четирите се растураат од пердашење со рамковните.
Читав и жените кои во Дубаи и слични места се занимавале со ,, најстариот занает" со забава за богатите шеици, ставале вештачки усни и силикони бидејќи клиентите Арапи тоа им го барале.
И овие за да задоволат клиентела од рамковните и тие прават вештачки усни. Одвратно за глетка.
 
Back
На врв Bottom