Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Ние сакаме полуфинале да играме, а по можност на пат до полуфинале да играме со Кина, Свазиленд, Перу и Вануату.
Ниту ни е место во топ 8, ниту имаме квалитет за нешто такво. Со еден асален бек кој е во втор/трет ешалон бекови за ЛШ, еден надежен бек кој две години е повреден и без ниту еден десен бек, не сме ни за топ 16, а не да правиме муабет за ОИ.
Нека дадат се' од себе и нека гледаат да фатиме погорна половина за да имаме полесни противници во иднина, се' друго е премија.
 
Само нека останат Симба и Митев здрави, да ја вратат формата од пред 2 години. Серафим дали и уопште ќе биде викнат, пак ќе крпат со вечниот талент Велковски. На лево крило сме баајги хендикепирани, кај сите репрезентации тоа им е една од посилните алки, само кај нас обратно. Со Манасков а и со Тале да покрие на 3ка и 4ка у одбрана реално можеме да и парираме на Словенија во следна фаза, Исланд и Данска се научна фантастика за нас. Само што ова ќе биде пак Алкалоид репрезентација и ќе изјавува квази селекторот дека пласман во следна фаза и победа над Ангола/Сад било голем успех за нас
 
Епа ништо, септември ќе дојди чаробњак из Оза, и магично ќе направи еден екстра левак клон на Гидсел во Тиквеш, среден копија на Балич во Бутел, голман од типот на Волф во Охрид и нема да сме Алкалоид репрезентација.
 
Само нека останат Симба и Митев здрави, да ја вратат формата од пред 2 години. Серафим дали и уопште ќе биде викнат, пак ќе крпат со вечниот талент Велковски. На лево крило сме баајги хендикепирани, кај сите репрезентации тоа им е една од посилните алки, само кај нас обратно. Со Манасков а и со Тале да покрие на 3ка и 4ка у одбрана реално можеме да и парираме на Словенија во следна фаза, Исланд и Данска се научна фантастика за нас. Само што ова ќе биде пак Алкалоид репрезентација и ќе изјавува квази селекторот дека пласман во следна фаза и победа над Ангола/Сад било голем успех за нас
Ајдеее тргнаа муабетите алкалоид репрезентација.

Постои нешто што се вика тимска хемија. Ене ти ги Реал Мадрид у фудбал, на хартија треба да истресат било кого во ЛШ. На крај ништо не земаа баш поради таа тимска хемија. Тале демек е Благотиншек или Самба, носи по 3ца на себе у одбрана па сега он кутриот ќе превагне. Си ја запечати он иднината во репрезентацијата со катастрофата против Фарски во гости, и после односот дома.

Манасков имаше подадена рака, одби. На раце да ги земеме ако не?

Еднаш изигравме напредна фаза, бевме блиску до игра за медал, и сега врз основ на нешто што било пред 15, со зборови: ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ, ние имаме исти очекувања. Нит ракометот во Европа е тој од пред 15 години, нити ние како репрезентација сме со ист квалитет. Тогаш имавме најдобар десен бек у свет, 2-3 на надворешна линија кои беа високо рангирани у втор ешалон у Европа со солидни крила и два солидни голмани.

Сега убаво пиша некој погоре, имаме лидер бек кој е 2 ешалон. Другите исто пратат чекор подоле. Или у ФИФА (играта) термин сега сме на некои 3 ѕвезди рејтинг, ако пред 15 години сме биле на 4/4.5

Можеме да играме со овие, верувам у Кирца дека ќе ги спреми цврсто, од тука натаму ќе видиме што и како.

Исланд се екипа што знаат да имаат огромни турбуленции. Они ќе изиграат едно до две добри првенства и после знаат да потонат без врска. Затоа лично им се радувам што се паднаа. Јапонија, ни ставија страв у коски, ама мислам дека на голема сцена кога ќе се излезе ќе можеме да ги решиме. Од другата група да не се потцени Ангола, зашто веќе ќе сме уморни малце. Идеално би било да играме со Данска пред Словенија со цел одмарање на играчи.
 
Реалниот квалитет ни е тој, да поминеме глупа и ако успееме да изнандеме некоја европска селекција би било одлично.
За 1/4 финале треба ептен да ни се погодат коцките.
Од прв шешир со Германија во Германија и со Дансака губиме 10/10. Со другите (освен Аргентина) губиме 9/10, па така би имале некоја мала шанса.
Идејнално за нас ќе беше Аргентина и Шведска од прв, Италија од втор. Домаќин Минхен :)
Во ваква комбинација ќе имавме надеж. Али јбг.
За јануари само да се надавема сите да бидат во форма.
 
Секогаш кога доаѓа некое ново првенство се палиме кои мајмуни а не гледаме реално ситуацијата. Реалноста е дека немаме капацитет да издржиме силно темпо како што бара вакви турнирско натпреварување. И да изненадиме некоја репка како што знаевме на последниве натпреварување , и да извадиме некое реми или победа, тоа ќе биде едно и после ќе изгубиме од некој пацер кој сме го имале веќе прешкртано на списокот. Искрено многу наведуваат дека на бек сме слаби , што би се согласил, само Кузмановски е тој 2 ешалон бек , останатите се просек и испод просек. Знам ќе скокнат многу за Митев ама факт е дека падна детето не е ни бледа сенка на тоа што беше и прашање е дали воопшто ќе се врати со оглед на повредите. Брат му и уште помлад тргна по ист пат со повредите, некако немаат среќа на тоа поле. Мене покрај се тоа ме загрижува и голманската позиција. Никој не го спомнува тоа , ама мислам дека и Митревски и Томовски не се тоа што ни треба на гол. Далеку се од оној калибар на голмани што ти треба да се бориш и да ги победиш најдобрите. Јас лично немам никакви големи очекувања, едноставно нека одат и нека ѓинат за дресот и тоа е доволно. Ако успеат да изненадат секоја чест, ама да се прават нереални прогнози и очекувања као увек кај нас, тоа не е во ред.
 
Последно уредено:

Имам надеж во Галевски, ама мислам дека треба да фати штрафта малце да поработи со многу добри тренери за голмани.
 
Имам надеж во Галевски, ама мислам дека треба да фати штрафта малце да поработи со многу добри тренери за голмани.
Нормално , ако работи со прави тренери во иднина може и ќе дојде до таков левел. Моментално е многу далеку од тоа.
 
Back
На врв Bottom