Само нека останат Симба и Митев здрави, да ја вратат формата од пред 2 години. Серафим дали и уопште ќе биде викнат, пак ќе крпат со вечниот талент Велковски. На лево крило сме баајги хендикепирани, кај сите репрезентации тоа им е една од посилните алки, само кај нас обратно. Со Манасков а и со Тале да покрие на 3ка и 4ка у одбрана реално можеме да и парираме на Словенија во следна фаза, Исланд и Данска се научна фантастика за нас. Само што ова ќе биде пак Алкалоид репрезентација и ќе изјавува квази селекторот дека пласман во следна фаза и победа над Ангола/Сад било голем успех за нас
Ајдеее тргнаа муабетите алкалоид репрезентација.
Постои нешто што се вика тимска хемија. Ене ти ги Реал Мадрид у фудбал, на хартија треба да истресат било кого во ЛШ. На крај ништо не земаа баш поради таа тимска хемија. Тале демек е Благотиншек или Самба, носи по 3ца на себе у одбрана па сега он кутриот ќе превагне. Си ја запечати он иднината во репрезентацијата со катастрофата против Фарски во гости, и после односот дома.
Манасков имаше подадена рака, одби. На раце да ги земеме ако не?
Еднаш изигравме напредна фаза, бевме блиску до игра за медал, и сега врз основ на нешто што било пред 15, со зборови: ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ, ние имаме исти очекувања. Нит ракометот во Европа е тој од пред 15 години, нити ние како репрезентација сме со ист квалитет. Тогаш имавме најдобар десен бек у свет, 2-3 на надворешна линија кои беа високо рангирани у втор ешалон у Европа со солидни крила и два солидни голмани.
Сега убаво пиша некој погоре, имаме лидер бек кој е 2 ешалон. Другите исто пратат чекор подоле. Или у ФИФА (играта) термин сега сме на некои 3 ѕвезди рејтинг, ако пред 15 години сме биле на 4/4.5
Можеме да играме со овие, верувам у Кирца дека ќе ги спреми цврсто, од тука натаму ќе видиме што и како.
Исланд се екипа што знаат да имаат огромни турбуленции. Они ќе изиграат едно до две добри првенства и после знаат да потонат без врска. Затоа лично им се радувам што се паднаа. Јапонија, ни ставија страв у коски, ама мислам дека на голема сцена кога ќе се излезе ќе можеме да ги решиме. Од другата група да не се потцени Ангола, зашто веќе ќе сме уморни малце. Идеално би било да играме со Данска пред Словенија со цел одмарање на играчи.